Не не не. Лани летото, кога бевме во бугарија секоја втора топлес. И дечко ми ми вика (дека јас бела сиренце, тој природно темен тен), и ми вика абе соблечи се исунчај си се цел. А јас таква no no no no Нема теорија.
Оваа година одиме за Бугарија и дефинитивно за прв пат ке се сунчам топлес.Може да ми го расипе малку кеифот ако има многу Македонци на Сончев Брег,но имам поддршка од сопругот да си го соблечам горниот дел.
Лани на одмор бев скоро готова да се разголам, беше полупразна дива плажа со 2-3 девојки топлес, ама ко за беља се испонаредија куп рибаришта и се предомислив. Е оваа година го искусив и тоа Малку непријатно на почеток, со другарките си ги изнабуљавме првин малце сеир, па пешкир на глава и ајт на сончање. Беше скоро празна плажа, вон сезона и не поминуваа луѓе. Во друга ситуација мислам дека не би се осудила да се покажувам, али ако начекам пак ваква не пропуштам. И да се пофалам за 3 дена добив толку добра боја што друг пат ни 10 не ми биле доволни (ова не ради топлесот, туку чисто онака да си спомнам)
Ме мачи само како ќе ми реагира синчето кое има 7 години и се разбира ,ама се надевам кога ќе ја види околината каква е ќе му стане нормално.
Немам проблем и ништо против топлес. Се сончав во Бугарија, а и во Турција не се замарав нешто посебно, вел горен дел одврзан, па кога дуваше ветер тоа си леткаше, јбг , лето е Јас уште како мала ја гледав мајка ми како се сонча топлес и не ми беше ич чудно, затоа што и низ дома сум ја гледала гола. За машко дете незнам како би реагирало, но сметам дека ако дома не си се разголела пред него, од периодот кога разбира и сфаќа, тогаш кога ќе отидете на плажа прво дозволи му да разгледа, да види, да праша и да му биде објаснето дека е нормално, па потоа и мама да ја види.
Јас шетам пред него дома без горен дел например кога влагам или излагам од туширање или кога се пресоблакам но незнам таму како би реагирал. Сепак мислам дека ќе види 80% така шетаат и дека татко му не се буни и ќе му стане нормално.
И јас мислам дека нај нормално ќе прифати. Важно е родителите да не прават фама околу тоа, другото спонтано си доаѓа
Никако не би се соблекла топлес ,ни тука а богами ни во странство.Не дека имам комплекс за моето тело,едноставно не ми е пријатно.Не знам како некој може да се сунча топлес,па дури и пред синчето мало,некако ми е неприродно,како сега замисли да сум била ја мало дете и на одмор татко ми да се сетал гол како од мајка роден,некако не ми е на место,можда само ја така сум воспитана или се лажам? Во секој случај секој различно гледа на работите така и јас
Јас сум ЗА топлес. Сум се сончала и тука кај нас во Охрид, но на сред езеро на педалинка. Не би се сончала кај нас на плажа пошо ќе бидеш тема за муабет на секоја лежалка + тоа може за некој ден и на демотивација да се видиш
ти си во право мисл родители да се шетаат голи пред деца абе ај заостаната работа и после зошто детиштана ги гњават девојчињата на школо ете од кого учат
Неам ништо против, ама јас не би зошто не се свиѓам без поддршка Танга сум носела на плажа, гајле немам, и немам против топлес сончање, само јас не сакам да одам како распашана команда
Топлес би се сончала единствено ако сум на некоја плажа затуцана, од Господ заборавена, на сред езеро/море ако сум, или на пуст остров, и тоа комплетно сама! А вака, цела плажа да ме гледа ко од Марс падната (ова за Охрид зборам), и на демотивација да се најдам за некој ден, no way. И во странство да сум и сите да шетаат ко од мајка родени, и на нудистичка плажа каде баби и мајки со деца си ги тресат, нема шанси да се соблечам.
Немам гз да се соблечам топлес не знам зошто срамежлива сум јас едвај пред парнетрот сум гола не па пред цела плажа. Како и да е мене ми е да кажам дека менталитетот кај нас е сосема друг . Кај може некој да се соблече во Охрид топлес? Па ај остај што ќе ја гледаат сите и ќе ја оговарат па и ќе ја направат нешто што не треба такви сме на жал ние Македонците а додека пак во друга држава иди и да се соблечеш никој не те гледа голема работа си направила само факт е дека сме 100 години поназад од сите други држави сме и жалосно е што сме такви нација .