Топлото чоколадо е омилена топла напивка на многумина, и е идеално за студените денови што ни претстојат. Освен тоа што е убав начин да се поминат попладневните часови во добро друштво, неговата конзумација всушност е многу корисна. Чоколадото се смета одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува излачувањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Има природно смирувачко и антидепресивно влијание, а освен тоа - го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Колку често пиете топло чоколадо? Го приготвувате сами, се водите според некој рецепт? Имате ли некое место каде топлото чоколадо ви е посебно вкусно? Јас обожавам топло чоколадо и ми е омилена напивка во зима. Дома никогаш не сум го приготвувала, но најдов неколку рецепти кои делуваат мошне лесно за реализирање, а резултатот би требало да биде одличен. Еве неколку: 1. Топло чоколадо ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка шекер 200 милилитри млеко 4 лажици какао малку густин 100 милилитри вода ПОДГОТОВКА: Ставете го шеќерот, какаото и густинот во чинија, добро измешајте, па во тоа додадете ја водата и добро промешајте за да нема грутчиња. Ставете го млекото на рингла за да се згрее, па пред да зоврие додадете ја смесата со какао, добро промешајте и со постојано мешање варете до посакуваната густина. Оставете малку да се олади, па послужете. 2. Топло чоколадо со цимет ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 грама чоколадо малку цимет 100 милилитри млеко 1 лажица какао 100 грама блага павлака ПОДГОТОВКА: На млака температура загрејте го млекото, па полека додавајте ја павлаката, какаото и чоколадото. Непрекинато мешајте додека смесата не стане изедначена, а потоа варете уште 5 минути повремено мешајки. Тргнете го од оганот, па додадте лажичка цимет во секоја шоља. Ако не сакате цимет, можете да додадете ѓумбир. Додатно можете да украсите со шлаг и чоколадни трошки или какао. 3. Виенско топло чоколадо ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г чоколадо со 70% какао маса 500 мл минерална вода 50 г шеќер во прав 25 г какао За шлаг: 150 мл хопла (може и шлаг) ПОДГОТОВКА: Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сè. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот). Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши, а од горе ставете од шлагот. 4. Топло чоколадо со бисквити ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 грама чоколадо 100 милилитри млеко 2 лажици какао 100 грама блага павлака неколку бисквити цимет по желба ПОДГОТОВКА: На тивок оган загрејте го млекото и полека додавајте ја благата павлака, какаото и чоколадото што претходно сте го искршиле на коцки. Мешајте постојано сè додека смесата не се изедначи, а потоа гответе уште пет минути за да се згусне. Пред да го ставите топлото чоколадо во шолјата, ставете на дното малку мелени бисквити. Додадете цимет или ѓумбир по желба и дополнително декорирајте со шлаг, чоколадни трошки или лешници.
Леле како ме погоди со темата. Обожавам топло чоколадо и секое излегување во кафич особено во зима јас тоа нарачувам. Дури еден период од толку редовно конзумирање веќе преку глава ми дојде. Ме потсетува на убави моменти во животот. Дома не сум го подготвила до сега, ама мора да пробам и да го изненадам дечко ми ,зошто и тој обожава. БАш деновиве мислевме да одиме во кафичот каде го прават најубав и да си ја отвориме сезоната за топло чоколадо. Иако не ти требаше тема, баш сега ми се пријаде.
Најубавото нешто. Посебно во зима. Надвор снег до коленици, ладно ептен, влегуваш во кафиќ и си порачуваш топло чоколадо. Абе, нешто незаменливо. Горе шлагчето. Мх мх... Баш прашав во кафиќот и јас кај што одам најчесто, кога ќе донесат топло чоколадо. Па, не се може веќе... Ај, кај и да е ќе почне сезоната како само би те смачкала...
Каренина, на душа ќе ме носиш што отвараш вакви теми дур ми се плаче за благо. Зимно време најчесто ова го нарачувам каде и да одам, претежно преку ден, неретко и навечер кога не сум за винце. Ми се допаѓаа во Бариста, ама ко што гледам сега е затворено. Заблажува душа, топли грлце, и плус е романтично да се пие со саканиот. Не сакам да е премногу густо, а имам пиено и такви како пудинг. Идеално ми е да е малку погусто од какао, во комбинација со плазма кекс. Мххх...
Meне ми е редовно на менито Си го правам дома, со чоколадно какао, густин, млеко и шеќер. Она од пакетче што е секако не се згуснува па служи како какао, за поубав мирис и поблагичко А по кафичи, ретко каде го погаѓаат, па и не порачувам баш нешто Ама, знам дека она што е вриено на оган, дома, не може да се спореди со специјална машина, тоа ми е попенасто, помазно, без грутчиња
Уфф преубава тема ( да не речам вкусна ) Најубаво топло чоколадо прават во кафичот кај мене , можам 5 по ред и повеќе да ги испијам ако ми дадат . Сама дома сум пробувала да го правам и најчесто тоа од кесички .
Mњаааам мњааам! Мојот идеален зимски напиток. Нема што повеќе да се додаде, едноставно го обожавам. И да морам да напоменам дека се нервирам кога место порачаното топло чоколадо тие пудинг ќе ми донесат Не сваќам зошто толку густо го прават во одредени кафулиња, па и го пијам т.е. јадам со лажичка. Најмногу сакам од ванила, потоа лешник, мешано црно бело чоколадо, со бисквити сум пиела но густо е многу, секако и стандардно чоколадо е незаменливо. Со шлагче, со бисквитче и циметче мх мх. Ми се припи во моментов многу, многу, мнооооооогу.
Мммм обожавам топло чоколадо си го конзумирам по цела зима,ем топло ем благо и вкусно. Нај погодено ми е од автоматите ама и кога си го подготвам дома.Си купувам во прав и го приготвувам со млеко.
И јас сум голем љубител на топло чоколадо и во домашна атмосфера и по кафиЌи во зимски услови. Јас најмногу го сакам баш она асфалт густо, мислиш пудинг. Се сеќавам на времето пред доста години кога за првпат излезе одевме во едно кафуле каде имаше најголем избор на топли чоколада со голем избор вкусови, дури претерувавме секој ден тоа, па тоа. Меѓутоа, колку и да се убави тие комбинации, класичното топло чоколадо, како и се‘ останато класично е незаменливо и ниеден супситут не е доволно добар да го засени. Баш убаво Ана што имаш објавено доста начини на приготовка, долга зима, вреди да се испробаат сите .
Изгледа само јас не обожавам баш топло чоколадо. Можеби затоа што никаде не ми го имаат погодено, кога и да порачам, или горчи, или е преблаго, или е прегусто да не можеш да голтнеш, да мора со вода да го потераш. Имам и купувано да си правам дома, убаво ми е, ама пак - едвај ја пијам една чаша. И после пак ми се јавува желбата за благо. Топло чоколадо? Не фала, ќе си земам ладно Абе нема подобро од табла чоколадо Сепак не го имам исклучено од листата на пијалоци, ако некој од вас знае да го прави перфектно, ќе му дадам шанса
Аааа.. послатко нешто здравје, њам! Зимно време стандард. Немам осет за благо, некој ќе си умре за вода јас мака си немам. Порано кога излезе топлото чоколадо со другарка ми не научија што нарачуваме, немаше ни потреба да доаѓаат на маса, топло чоколадо се знае Сега ретко одам по кафичи па затоа дома си правам по свој мерак. Тие моменти си ги посветувам на себе, ќе го кркнам и нова сум.
лајк лајк лајк. обожавам топло чоколадо,било какво.И да,скоро секогаш тоа си порачувам ако седнеме некаде Сепак благо неможам да одбијам па и да сум најадена
ЈАс па не го сакам ама ич.А причината за тоа е што премногу ме потсеќа на пудинг,а јас пудинг не сакам.кога не би го правеле толку густо по кафичиве може и би го пиела,купувам некогаш дома и правам,ама најчесто пак не го пијам не знам зошто.Втора причина е секогаш оди во комбинација со шлаг(не дека мора,може и без тоа,ама ете така ми одат во комбинација),а јас шлаг не јадам и...сума сумарум не го сакам баш
Супер тема јас сакам топло чоколадо ама не пијам многу често не знам зошто најверојатно не знае секој да ми го погоди и убаво да ми го направи Инаку многу вкусна работа нема што хахаа
Кога доаѓа вакво временце веднаш се отвора сезоната на топло чоколадо,какао,чајче.... Тешко си го погодувам онака густо ама не ми смета и поретко да го пијам.Mи се допаѓа мирисот и вкусот Си имам две местенца низ град кај што ми го прават убаво топлото чоколадо па секогаш си порачувам. А и цената не ми е јасна, во кафич топло чоколадо е 100-120 ден Навистина е премногу.
Во животов немам пробано убаво топло чоколадо во кафич. Никаде не знаат да ми го погодат. Најчесто е како течен пудинг со грутчиња. Некаде не добивам ниту шлаг одзгора. А, цената е повисока. Која е фрката на течното чоколадо да изгледа како течен пудинг? А, мразам течен пудинг. Како да не си го погодил рецептот е. Најверојатно дека не знаат да го направат како треба.
Најубаво топло чоколадо ми е кога си го правам сама дома. По кафичи или е премногу густо или е премногу течно