Татко ми со генијално прашање прееска,со фаца што не можам ни да ви ја опишам,Од кога какаото стана топло чоколадо?! Капитализам и помодарство! И мирно си седна на фотељата,си го стави цвикерите и си го натегна весникот! Ах ќе ме умре некој ден!
ММММ, го обожавам ! Најубаво ми е во Џовани во Лептокарија , па уште со шлаг.... . ..кај ја најдов темава лиги ми потекоа .
ММм го обожавам дома си варам во последно време место кафе, а додека сум на факултет на секоја пауза со другарка ми како претплатени сме на кафематот и само топло чоколадце пиеме.
Да кажам дека го обожавам ќе биде премалку... Во ова време од годината го пијам постојано, кога сум во кафич најчесто тоа си нарачувам. И најмногу го сакам густо.
Немам навика да порачувам топло чоколадо во кафич, освен ако ми се јаде благо во моментот Најубаво топло чоколадо имам пробано во T Club на улица Македонија
Обожавам топло чоколадо! Али сега веќе за жал и ретко каде знаат да го прават како што треба. Како пудинг да сум порачала. Некако не е тоа што беше. Како и се што опропастуваат, така и ова.
AAAAAA. Hot chocolate ! <3 Абе, топлото чоколадо е нешто најубаво во ладниве денови. Штета што скоро никој не знае правилно да го направи, ама затоа мама знае! дома може да се каже дека се бањам со топло чоколадо. (не во буквална смисла на зборот xD )
Обожавам топло чоколадо и ми е еден од омилените напитоци зимно време. Страшно се нервирам кога нема да ми го погодат и ми се има случено да ме послужат со млеко и какао (демек топло чоколадо) или па густо и толку горко небаре талог од турско кафе
Ммхммх! Нешто најубаво! Ко што сум љубител на благото, многу го сакам и топлото чоколадо. Порано многу пиев од кафемати, убаво ми беше ептен ама се презаситив а и не беше тоа вистинско топло чоколадо, туку беше како какао помешано со млеко. Имам пиено многу убаво топло чоколадо во Тренд на плоштад, за 90 денари една голема чаша и мислам дека беше скоро совршено ама ептен беше топло, ќе се изгорев. А за густината, не сакам да биде многу густо како пудинг, ама не ни ептен течно. Некоја златна средина. Исто имам пиено топло чоколадо во уште еден кафич на плоштад, ама не ми текнува како се викаше. Само знам дека беше послужено во многу мала шољичка со една мала лажичка шлагче одозгора, колку да се рече а прилично скапичко беше. Имам правено и сама од оние кесичките од доктор Оеткер ама ми испаѓа многу густо, скоро како пудинг а инаку вкусот не беше толку лош.
И мене ми е убаво, но штета што можам да кажам дека многу ретко имам пиено топло чоколадо. Барем онаму кај што имам пиено (т.е. јадено) го прават премногу густо како пудинг и не би можела да го наречам напиток кога треба да го јадам со лажица. Вкусно е да но јас не го сакам толку густо и затоа поретко си порачувам. Дома немам пробано да правам.
Сакам топло чоколадо во права смисла на зборот, а не како што го прават некаде: стај какао и млеко и измати. Најголем избор има во Бариста, а најомилено ми е Бамби - со шлаг и плус плазма кекс во чоколадото. Дома си го правам тоа на Whittard of Chelsea: Нема лето-зима, топлото чоколадо е добредојдено во секое годишно време!
Oбожавам топло чоколадо,посебно кога е ладно да те затопли,плус со комбинација од машамелоу Bо кафиките многу ме нервираше кога ни носеја топло чоколадо т.е пудинг Другарка ми убедена дека такво треба да биде чоколадото,пудинчасто и ден денес се пречкаме на оваа тема Инаку најдов интересно видео,за кога да си направите домашно топло чоколадо http://www.youtube.com/watch?v=S8hSAw_e0KU
Еве уште еден рецепт за домашно топло чоколадо: Потребни состојки: • 100 грама чоколадо • 100 милилитри млеко • 2 лажици какао • 100 грама блага павлака • неколку бисквити • цимет по желба Подготовка: На тивок оган загрејте го млекото и полека додавајте ја благата павлака, какаото и чоколадото што претходно сте го искршиле на коцки. Мешајте постојано сè додека смесата не се изедначи, а потоа гответе уште пет минути за да се згусне. Пред да го ставите топлото чоколадо во шолјата, ставете на дното малку мелени бисквити. Додадете цимет или ѓумбирпо желба и дополнително декорирајте со шлаг, чоколадни трошки или лешници.
Какво топло чоколадо, да ми се најде Нутела дома, има да ја нема за нецел ден Убаво ја видов темава, ќе си направам едно сега :geek:
Уф мојот најомилен топол пијалак. Ништо неможе да ти го разубави денот како шолја топло чоколадо. Па и уште ако е со шлаг и цимет. Мераци. Или пак со онакви Марчмелоус, или како и да се викаат. Секој ден да ми почнуваше со Hot Chocolate - секој ден ќе ми беше совршен.
Дечко ми сака но да не е густо..А од сите можни напивки САМО ТОПЛО ЧОКОЛАДО МРЗАМ ,И ТОА НАЈМНОГУУ.НЕСКУИК БИ МОЖЕЛА АМА ТОПЛО ЧОКОЛАДО УФ ОДВРАТНО МИ Е...