Најубаво топло чоколадо е со баграта на минус двесташеесе,од кафемат. Или во Триумф,партија билијард и топло чоколадо во атмосфера како дома.
Мх мх мх топло чоколатце... ја почнав вчера сезоната (доцнам малку, знам). Го сакам густо, блачко и во огрооооомна шолја.
ммм едно топло чоколадо како би ми дошло сега, или топло капучино со вкус на карамела, лешник или ванила ммм
Леле што му мислам Да имам сега едно до мене, мх мхмхм Сум пробала на многу места топло чоколадо и највеќе ми се свиѓа како го прават у Лептокарија. Не е ни како вода, не е ни многу тврдо, ептен е добро
Ох леле на диета сум а како ме настрвивте со овие слики Иначе го обожавааааааааааам,сеа ми иди да си се напијам една шоља па макар и да ја уништам диетава Ах ме ставивте во искушение Се зезам не си ја уништувам диетава -.-
Јас си купувам пакетче од по 20-30 ден . Потоа си земам чаша (како за кафе од оние) , ставам 3-4 лажички од правот внатре во пакетчето , топлам млекце во ѓезве и на плинско околу 7 мин . Потоа млекото го турам во чашата и walla , само не е како топло чоколадо како од оригиналните , само е во течна состојба како кафето и има вкус на чоколадо . Како за секојден нема многу трошок за ова .
Заедно со варено вино ми се неизбежен зимски фаворит. Го скам густо, многу густо и со прекрасен шлаг. Дефинитивно најпогодено ми е во Џовани и Шеќер. А за во домашна атмосфера има едно италијанско во Тинекс, La dolceza мислам се вика. Оргазам за 16 денари со различни вкусови по желба.
Обичното, класично црно топло чоколадо не ми се баш допаѓа, така да најмногу бело чоколадо или некое чоколадо со вкусови си порачувам кога одам во кафич.
Јас мојата верзија ја правам со чили пудра или цимет и сите се воодуевуваат кога ќе го пробаат. А вака го подготвувам: Во тенџерче топам 100 гр чоколада за готвење на тивко, со една шоља ладно млеко. Се додава чили пудрата или циметот. Не ги мешајте овие две, зошто се со интензивен вкус и мирис. Најдобро би било само едниот зачин да го додадете. Нека стане густо и одржувајте му ја температурата. Во друго тенџерче вриете вода за 4 шољи. Во секоја шоља додајте 4 лажичиња прашок за топла чоколада и сипајте по малку од врелата вода, за само да се згусне. Потоа, од растопената чоколада со зачин додавајте постепено со мешање. Пробајте, предобро е.
јас и не пијам толку топло чоколадо го заменувам со какао наместо со вода правено со млеко и испага како чоколадно млеко
Обожавам топло чоколадо. Кога не сум во можност да седнам некаде, да се напијам како човек, ќе си извадам од кафе- апарат, ќе си ставам колку сакам шекер, и ќе ми биде погодено. Го сакам чоколадото со шлаг, чоколада озозгора, мм. Ама има и кога ќе ми го направат како пудинг, па ќе ми дадат лажиче за да си се шлакам, ама и тоа ми е убаво.