Зимото скоро секој ден си пиев, многу ми беше убаво . Долго време не сум пиела ама би требало да се почастам некогаш со една чаша.
Ммм, ако доаѓа лето мене пак ми се пие топло чоколадо и на овие горештини. Еднаш имам пиено во Тренд, со малку шлагче одозгора и фино беше ама многу малку бе за тие пари. Друго имам пиено во Шевињон ама бре тоа не топло чоколадо, туку ко пудинг беше со лажичка да го јадеш! Па и горчлив вкус некој имаше, ич не ми се допадна. Пиев знам едно многу убаво топло чоколадо, баш ми беше погодено во еден кафич на плоштад блиску Тренд ама ич не ми текнува како се викаше леле. Инаку, имам правено еднаш топло чоколадо од оние на Еткер ама не ми се допадна, како пудинг испадна, многу густо и немаше некој убав вкус.
Сакам топло чоколадо и тоа ми е еден од омилените пијалоци на ладново време. Го пијам и кога сум излезена, а и дома понекогаш. Немам направено според некој посебен рецепт, најчесто купувам во кесичка, па го приготвувам според упатството. Некни пиев топло чоколадо од Doctors во еден кафич кај нас и луѓе, немам пиено нешто погадно. Многу беше одвратно. Горчеше и имаше грутки во него. Како да го стружеле од газерот на загорено тенџере. И не го испив, сркнав 2-3 пати и го оставив. Ништо чудно да ми стопија на брзина едно чоколадо за кување и да ми го дадоа да пијам и да мислам дека е топло чоколадо .