Јас станав зависна од топлово чокладо ама најискрено Неможам бре,одам во кафиќ на кафе,наместо кафе си порачувам топло чоколадо. Црното ми е повкусно од белото,белото ми е што знам. Црно си е црно Инаку за домашна подготовка ова е најдобро некаде околу 25 денари мислам е
Не знам како може да не ви излегува густо. Јас секогаш го корстам ова (читај: најефтиното) Спојлер и секогаш ми било густо ама питко(кога го правам со вода), а кога го правам со млеко како во кафичите (еве денес го пудингосав, се занесов малку, не го сакам баш така ама како што ме дрма ПМС повеќе од супер ми дојде.) Пазете на упатството, на ова пишува 4 полни лажички да ставиш. Јас ставам по 2.5-3 и секогаш го погодувам.
Па искрено и не пијам често.На излегување со другарките понекогаш во некој кафич пиеме топло чоколадо
Конечно си најдов некое што се згуснува како право топло чоколадо(а не како пудинг) и што воопшто се згуснува! Еве ова: (17 ден. мала кесичка - за една употреба) Ептен е вкусно!
Ова го користам, убаво е, вкусно и битно е таман за блажина. Му додавам после шлаг и цимет ... мх, мх
Обожавам, а многу ретко пијам дома. Какаото ми е полесно за спремање па секогаш за тоа се одлучувам. Во зима кога излегувам или пијам час, или какао. Нема друго. Најубаво ми беше во Локо, средношколско кафуле. Ни го правеа со мелена плазма. 10 пати се обидов дома да го направам такво, не ми успеа и не ми успеа значи.
Топло чоколадо секогаш ме потсетува на зима, и го обожавам.Пред 4 години го открив едно од најубавите топли чоколади во Бугарија,LaFesta и тогаш знам немаше во Македонија и многу си патев.Ама по 4 години ми се здосади и сум во дефицит од добро топло чоколадо.Имам пробано од она на Милка,Др. Откер..ама па некако не ми штимаат.Гледам ги имате предложено Chocolate нa Gellwe и Hot Chocolate, Dolcezza ама не можам да ги најдам И најубаво ми е со шлаг одозгора и малку чоколаден прелив, мх!
Не знам како ви го правеле , ама јас ти предлагам вака. На дното од шољата стави бисквити скршени на не многу ситно. Одозгора сипи го топлото чоколадо. Или сипи малку чоколадо, додај кршена плазма, па досипи го чоколадото. прекраснотии
Топло чоколадо е асоцијација за зима. Мислам дека само тогаш се пие. Најсмешно ми е кога ќе седнам на кафе нарачувам топло чоколадо од кокос тоа не е чоколадо, ама се разбираме некако
Обожавам топло чоколадо! Зимно време кога излегувам само тоа го пијам. Само во разни вкусови - ванила, лешник, карамела! Секакво само од чоколадо не, тоа не ми се допаѓа. Дома не сум пробала да направам, арно ме потсетивте