1. Арахнофобија Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите. 2. Акрофобија Акрофобијата претставува страв од височини. Овој страв е тесно поврзан и со други фобии, како стравот од паѓање. Повеќето луѓе со акрофобија постојано избегнуваат да одат на повисоки места, бидејќи таквите посети кај нив предизвикуваат непријатни психолошки и физиолошки симптоми. Акрофобијата е многу честа, и повеќето луѓе општо земено чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку. 3. Клаустрофобија Клаустрофобијата е страв од затворен простор; вообичаено кај луѓето се развива овој претеран страв како резултат на чувство на заробеност. Луѓето со ова нарушување, особено ако истото е поизразено, избегнуваат да одат во затворени простори како пештери, тунели, па дури и лифтови 4. Аерофобија Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции. 5. Некрофобија Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност. 6. Страв од темнината Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто 7. Офидиофобија Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една. 8. Страв од забар Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка. 9. Кинофобија Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини. 10. Хемофобија Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото. Од сите 10 највеќе имам страв од забар но исто така и од височина и затворен простор. Како може стравот да се надмине (ако воопшто може)
Имам акрофобија и аерофобија овие две логички заедно одат бидејќи кога имаш страв од висина нормално дека ќе имаш страв и од летање. Аерофобија-мислам дека можеш да собереш храброст да леташ со авион но сепак си нервозен цело време, ова го зборувам од лично искуство... Кога летав со авион ми се чинеше дека секој момент паѓам или секој момент може да се случи нешто лошо со авионот... Едноставно не можев да патовам спокојно. Истото ми се случува и кога некој близок лета со авион цело време ми е кај него умот. Најголема фобија имам од кучињата т.е. кинофобија едноставно не можам да поминам покрај нив цело време си мислам дека ќе скокне врз мене колку и да е мирно кучето.
Јас сум клаустрофобична уште од мала. Имам страв од инсекти,но не до таа мера за да имам фобија од нив и да не можам ниту да ги погледнам. Стравот од затворен простор ми создава многу мачнини,грди чувства,некогаш и солзи.Помнам уште кога бев помала тато многу ме задеваше,ме гушкаше и како да снемував воздух,плачев на цел глас дур да ме пушти.Не можам да поднесам да сум затворена и не можам да поднесам да не можам да мрднам макар да е со најмалото прсте од ногата. Го гледав трејлерот на жив закопан филмот и не можев да го догледам до крај,се прашувам како му било на тој што го снимал тоа,страшно.
Офидиофобија многу се плашам од змии. Два пати имам дојдено во близок контакт со змија како мала и сега ми се останати трауми. Во едниот наврат за малку и ќе седнев на неа. Цела среќа што братучетките ја забележаа на време. Едноставно ги мразам и многу ми е језиво кога ќе видам некоја. Еднаш се излажав да фатам питон во раце и да се сликам со него, после тоа два дена јадев со салфети на рацете
аууу филмо е језив јас успеав само првите 15 мин да го гледам и толку, мислев дека јас сум затворена рррр лошо чуство
Имам фобија од темнина. Уште од мала сум таква и тешко можам да заспијам во темна соба. Клаустрофобија-избегнувам гужви, тесни простории и скоро никогаш не се качувам во лифт.
6 од 10....арахнофобија, акрофобија, клаустрофобија, офидиофобија, страв од забар и хемофобија... Мислам дека е време да се обратам кај психијатар
Што сакате правете ми само во лифт не бутајте ме пак и да ми велите аха, се заглавивме во таква ситуација, прво срцево лупа триста на саат, прерипува по некој интервал, два-три, воздух ми однемува, почнувам да се гушам, зеници ко пуканчиња ќе ми испукаат, и почнува веќе панично дрдорење дека е готово, крај на светот, поредна 99499490966539459 апокалипса . Кога бев помала дури и кога ја соблекував блузата така се чувствував, доколку ми се заглавеше на главата, сеедно некој ми ставил ќеса врз мене да ме угуши. Тоа ќе да е, во минатиот живот така ме докрајчиле цццц
Јас имам страв од кучиња.Што е најинтересно не ми е отсекогаш тој страв,ми се има појавено пред некои можеби десетина години.И немам доживеано никаква непријатност ниту ме има каснато куче,и самата незнам како и зошто ми се појави овој страв така наеднаш.Можеби некогаш некое лаење од куче ме има исплашено,незнам,но знам дека кога бев мала,спокојно си минував покрај кученца,па дури и поголеми кучиња,што не е случај сега.Сега ми е страв и од мало кученце,страв ми е да поминам покрај нив.
Некрофобија имам и тоа преголема...Освен што се плашам дека ќе умрам(јас или моите блиски) се плашам од мртво тело...Не дај Боже да налетам на погребна поворка - нема да ме освестат од кома.. Имам и клаустрофобија - се сеќавам кога бев мала си играв со братучедите и некој од нив ме затвори во шифоњер полн со облека...Тој стрес ќе го паметам дури сум жива...
На мене ми е страв од : -ОГАН НАЈВИШЕ -губење на некој близок -вадење заби(не забар) -ретко кога ама можам многу да испаничам кога сум во близина на бубачки(обично сум многу смирена)
Офидиофобија навистина за мене е прав кошмар, пред некое време ќе умрев на лице место од толкавав страв, фала Богу живеам во место кј што потешко се наоѓаат такви ствари (змии) али е ужасно страшно....не можам веќе
Велкоме мене ме дрѓат на столчето за да не избегам оти имам си ги тие а помош мислам дека нема, цел живот си имам стра и никогаш мислам дека нема да го надминам Ај ке се надеваме можеби некој ден
1.Акрофобија - аууу страв од височини... овој страв незнам како би го надминала, кога гледам од тераса од малку повисоко надоле се тресам и мислам секој момент ќе се превртам ако не застанам едно метро поназад, а еднаш со цел памет за инает од стравот се качив на гондола да се возам, ако не умрев тогаш незнам кога, после од кога слегов едвај одев 15 мин неможев да се совземам 2. Клаустрофобија - посебно лифтови избегавам 3. Офидиофобија - страв од змии... дури и од црви ми е језиво, а ми било страв кога видов дека луѓе се сликаат со змија ако што се безбедни... мене нозете ми се пресекоја, и кога ќе видам на тв ауу страшно.. сега ми е иу што пишувам имам уште неколку фобии ама овие три ми се........