1. Арахнофобија Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите. Јас и мојата фобија од пајаци
страв од темнината..значи од ништо не се плашам толку многу и преку се можам да поминам..ама од темнина..
јас имам 100% страв од темнина и од забар ( иако веќе го надминав тој страв) но од темница ау неможам се мислам нешо ќе ми излези!
Офидиофобија има многу страв од змии ми се има случено да ме напраднат и некако ми се Спојлер гнасни не знам како можат некои луѓе да чуваат питоми змии по дома и ти си седиш така на ком. и таа ти лаизи окулу нозе Клаустрофобија многу се нервирам кога не можам да мрднам макар и со прс некако се препотувам и ми лазат морници но не до толку за да не можам да се качам во лифт или да седам во затворена просторија
6. Страв од темнината Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто 7. Офидиофобија Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една. 8. Страв од забар Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка. 9. Кинофобија Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини. Од овие работи добивам напади на паника, неможам да се соземам се тресам. Не е некој страв онака, туку паника е, силен страв е, се тресам од сите овие работи
Фобија од висина и од летање. Мислам дека никогаш во живот нема да се одлучам да одлетам негде. Kога ќе помислам на тоа веднаш ми наидуваат мисли како .. Што ако авионот се урне?! .. И такви глупости. А сестрами има фобија од пајаци. По некогаш ме излудува со тоа. Доволно е само да види најситно, микроскопско пајаче и веднаш збеснува.
Клаустрофобија! Кога гледам филмови како некои се буткат во тесни места, во канали, цевки и уште што не се препотувам, а не знам што ќе биде ако јас сум на нивно место. Кога сум во лифт поднесувам, ајде една минута е тоа. А и не сум често во лифтови, само кога одам во здравниот дом. И тогаш сум тивка и мирна. Гледам си пред себе и чекам да застане лифто. Пред некој ден сонував како одам низ тесен тунел. Тоа е најголемиот кошмар за мене. Или пак да ме закопаат жива... ауууу . Или да бидам парализирана... (многу гледам филмови знам). Ама и вака јас не можам да поднесам да бидам ограничена со нешто и некој да ме гуше. Затоа сакам јас голем свет. Мислам дека ако останам цел живот на некое место, ограничена со луѓе и знаења, ќе се самоубиам.
Ах колку сакам да имам фобија од храна Но ,јас имам од заболекар и затоа чекаат многу запчиња на ред да бидат направени
Хемофобија Значи,кога ќе видам крв мислам дека цревата ми се преобраќаат и морам веднаш да легнам бидејќи ќе паднам..А недај боже кога дојде ред за вадење на крв На еден системацки,памтам во 7мо одд, од целата болница се собраа луѓе да видат што ми се случило,а јас сиротата прво пискав а после на земја,бам!
Клаустрофобична сум и тоа се гусам дури и кога седам некаде каде што не сум комотна или ако има многу ствари до мене и да не можам да се движам комотно, ми снемува воздух и ме фаќа паника. Исто имам многу голем страв од инсекти , бегам на километри кога ке здогледам нешто од родов нивни гаден .