Ова е мојата фобија Кај мене е последица од непријатно искуство во трето одделение,кога бев нападната од куп кучишта,огромни Од тогаш и од мало куче бегам како попарена,срцето ми чука петсто на саат.Мислам дека од ништо не се плашам толку колку што се плашам од овие гнасни суштества,уплав имам
За жива среќа ја надрасанав оваа фобија, ама со многу упорност и психичко спремање. Како мала имав уплав од крв, ама толкав страв да припаѓав во несвест кога сестра ми ќе паднеше на колена и ќе ги раскрвареше. Значи се плашев кога друг ќе паднеше, а камо ли јас... Кога си ја дупнав главата ми беше едно од најтрауматичните искуства.
8. Страв од забар Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка. највише од забар,највише..од другиве не се плашам
9. Кинофобија Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини. 10. Хемофобија Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.
Jас дефинитивноо имам Офидиофобија мразам змии и се што е поврзано со ниф страв ми е да ги видам на тв недај боже да видам во живо би паднала во кома.... ццц
и јас исто само што ја имам поголем став од инсекти а во затворени и тесно простори ме фака паника и ја како тебе неможам да поднесам дури кога купувам патики гледам да можам да ги мрдам прстите
Имам ужасен страв од затворен простор,летање и заааабааар. А еве и други видови на фобии (сексуални): Медомалакуфобија – страв од губење или неможност да се постигне ерекција. Еуротофобија – страв од бакнување. Онеирогмофобија – страв од влажни сништа. Партенофобија – страв од девици и млади девојки. Гамофобија – страв од брак. Скоптофобија – страв од набљудување. Патофобија – страв од полови болести. Коитофобија – страв од сексуален однос. Гимнофобија – страв од голотија. Агарафобија – страв од допири. Дишабилиофобија – страв од соблекување пред други. Есодофобија – страв од губење на невиноста. Венустрафобија – страв од убави жени. Фалофобија – страв од машките гениталии посебно во ерекција. Сперматофобија – страв од семената течност.
Некрофобија. Ужасен страв од помисла на смрт на некој најблизок, некогаш и мојата смрт. Страшно. Се фаќам некогаш себеси како замислувам нечија смрт, па плачам после, не можам да се соземам. Тоа ми е најголемиот страв богами.
http://www.youtube.com/watch?v=j5-yKhDd64s Не се плашам од ништо... Ни од темнина,ни од крв,ни од пајаци,ни од змии,змиите баш ме интересираат,се воодушевувам на нивната кожа... Единтвено нешто од што се плашам се жаба и глушец
Кинофобија. Ме апна куче како мала.. аххх колку крв... вакцини... Трауми. а не ги мразам, само се плашам премногу, дури и од најмалото и најмилото..
Eј како не сум коментирала во темава бре Aј тоа за височина така -така,зависи на што стојам,од каде гледам итн,и страв ми е,ама и не толку Cтрав од темнинина не можам да се замислам да спијам без светло,порано мама кога ке ни речеше дека е време за спиење јас се криев под кебе се потев,плачев и не знам како заспивав,а сега со светло спијам ама пак под кебе се кријам,ми се чини ако нема светло,некој ке ми направи нешто,ке ме задави,ке легне на мене,ке ми го тргне кебето A за змиите несакам ни да помислам,како што седев сега веднаш се наешив и си кренав нозете на стол.а ако видам не дај боже ке се смрзнам и на лице место ке си умрам
4. Аерофобија Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции. 5. Некрофобија Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност. овие две и еден ужасен страв од игли од ништо друго не се плашам
Се плашам од :Летање,Затворен простор,Смрт, и Крв. Не се плашам а воедно и ги обожавам : Змиите ,Кучињата ,Забарот,Темнината,Височината.
1. Арахнофобија Сите симптоми ги имам, и неможам да ги поднесам ниту на Тв да ги гледам... Од гадење до грчеви у стомак, све поминува низ мене коа ке ги видам
Акрофобија Клаустрофобија Страв од темнина Е овие три смрт ми се! Инаку не е така од кога сум мала, мислам почеток на средно беше кога ми се јавија. Поточно акрофобијата тогаш. Имам страв од височина. Пример кога стојам на некоја висока тераса, колку и да и е цврста оградата, колку и да се држам, пак мислам дека ќе ми се заврти и ќе паднам, или дека гелендерите ќе паднат...И почнувам да се потам! Кога бев на Зебарњак се искачив најгоре, ок беше пошто имаше простор- широко, и не гледав надолу. Ама после едвај се симнав. Дечко ми цел час ме молеше Јас баш обратно. Како мала не се плашев, а како созревам тој така се јавува кај мене. Не знам зошто. Можеби ќе ви е смешно ама јас до пред некое време спиев со запалено светло! Па одкако ми пукна сијалицата и ме исплаши се пикнав кај мајка ми и сестра ми во соба и сега спиеме на лампа! Ете, страв ми е Е сега. Знае ли некој да ми каже дали ова моево спаѓа во клаустрофобија? -Значи во некој ептен тесен затворен простор не сум се нашла никогаш мислам. Освен во лифт, но сто години не сум се возела, си одам по скали. Меѓутоа еве кога сум во кафиќ, значи гужва и турканица мене многу ми пречи. Исто така кога одам во Скопје со такси не можам да седам во средина, мора да сум до вратата и по можност да е отворен прозорецот. Кога сум на гости, не можам да седам на столовите кои се по на средина, и тука мора да сум од крај. Во спротивно, се чувствувам како да сум затворена во некоја мала, ниска, тесна коцка и како да не можам да мрдам. Се гушам, се потам и ме фаќа нервоза. Станувам, бидејќи чувствувам дека не можам повеќе да издржам! М? Тоа ли е тоа, или за ова моево име некое друго име?