Ме најдовте.... 1 фобија од бубачки 2 фобија од лифтови 3 фобија од некои работи кои што незнам како да ги објаснам 4 фобија од болести...................
Немам некоја фобија, но понекогаш се плашам кога гледам вода без крај (море океан), ама не до толку. И како што реков, тоа се случува ретко
Најмногу се пронајдов во: - акрофобија - страв од височина - кинофобија - страв од кучиња - страв од забар Сепак, сметам дека станува збор за надминлива работа која зависи од самата ситуација и услови. Но, сега за сега овие нешта скоро секогаш ми создавале непријатно чувство.
Еве уште некои доста екстремни фовии: ОПТОФОБИЈА - страв од отворање на очите Ако некогаш се доделуваат награди за најнезгодни фобии, тогаш победникот е оваа - страв од отворање очи. Отворањето на очите е нешто секојдневно и природно за сите, ама има луѓе кои сметаат дека ова е вистински кошмар. КОРОФОБИЈА - страв од танцување Ако ноќните клубови, венчавките и гледањето балет те вадат од памет, тогаш е можно да имаш корофобија или страв од танцување. Без оглед на тоа дали знаеш да танцуваш или не, или дали треба да се качиш на подиум, секој настан кој е поврзан со танцување што ти предизвикува страв е знак на корофобија. Еве, сега сигурно си мислиш, "Еј, па не ми било страв од венчавки, туку од фаќањето на оро!" ГЕЛИОФОБИЈА - страв од смеење Смеењето е многу важно за здравјето. Помага во контактот со другите, го подобрува менталното здравје и состојбата на срцето. Ама, за гелиофобите, смеењето или присуството во друштво на луѓе кои се смеат, може да предизвика огромен страв. ХЕЛИОФОБИЈА - страв од сонце Ова е многу ретка фобија, ама се шири многу, зашто кај с# поголем број луѓе се јавува страв од рак на кожата, кој го предизвикуваат сончевите зраци. Хелиофобите никогаш не излегуваат на сонце, а фобијата понекогаш е толку голема, што некои луѓе имаат страв и од вештачко светло. Нешто слично како вампирите. НЕОФОБИЈА - страв од нови работи Луѓето се плашат од промени, ама неофобите се плашат и од најмалите нови работи и искуства. Тие не можат да поднесат шопинг или добивање подароци. Тие не сакаат да пробаат ни нова храна, зашто ако вкусат нешто "непознато", може да доживеат огромен стрес. СИНГЕНЕСФОБИЈА - страв од роднини Добро, можеби баш и не ја сакаш тетка ти зашто постојано те бацува, ама постојат луѓе кои имаат вистинскипаничен страв од роднини. Сингенесфобијата е одличен изговор да не си дома кога некој трет братучед или вујната што баш и не ти е вујна, ќе ти се најави на гости. АБЛУТОФОБИЈА - страв од миење/капење Замисли дека си дел од луѓето кои се плашат да се капат, па бегаат од купатилото како вампир од лук... А сега замисли како им е на оние кои се секојдневно во близина на оние кои се плашат да се искапат. Екстра фобии: ФОБОФОБИЈА - страв од фобии АНТОФОБИЈА - страв од цвеќиња НЕПОФОБИЈА - страв од облаци КАКОФОБИЈА - страв од грдотија ВЕСТИФОБИЈА - страв од облека ХИПОПОТОМОНСТРОСЕСКВИПЕДАЛИОФОБИЈА - страв од долги зборови ЕПИСТЕМОФОБИЈА - страв од знаење
Најголем страв имам од разочарување и верба во луѓе. Потоа на второ место е фобијата од кучиња, на трето фобија од инсекти и некои други животинчиња (жаби, глувци, змии, гуштери..) и на крај фобија од длабочина, која се обидувам некако да ја искоренам со почесто пливање, ама не знам, страв ми е. Имам и поситни фобии ко страв од забар, од загуба и слично, ама преку нив можам полесно да преминам. Ама другово..
Истото. Не беше изрзен овој страв, ама последниве години многу ми е страв од некои кучиња да речеме не ми е, некои што се помали, ама од тие големите скитници Од некои ми е страв многу. На пример по улица да видам куче срцето ми застанува, ми е страв да поминам покрај нив. А, ми се нема никаква непријатна случка со куче. Инаку многу ги сакам кучињата, дури имам и в село едно. Со него некако не ми е страв, се опуштам, го шетам некогаш врзано, ама не е тоа тоа, едвај го галам, со страв. Мака ми е што ми е страв, ама тоа е тоа, инаку омилени животни ми се кучињата.
Страв од темнина.. порано можев и да го поминам стравот бидејќи си спиев со мачорот во тотална темнина, само светло од улицата идеше, но одкога ми умре, секогаш спијам со отворена врата и запалено светло
Имам 3-4 од овие ..висина затворен простор и крф кога ќе видам се онесвестувам Инаку разговарав со мојата професорка по психологија за како да ја изгубиш фобијата.. Ми рече може единствено ако некое време се консултираш со психијатар едноставно да се соочиш со стравот
Во помал дел кај мене се застапени арахнофобијата(ми се повраќа од пајаци),аерофобијата,стравот од темнина и хемофобијата,а повеќе,може да се каже и целосно кај мене се застапени офидофобијата и клаустрофобијата.
Спојлер 1. Арахнофобија 2. Некрофобија(понекогаш) 3. Страв од темнината 4. Офидиофобија 5. Страв од забар 6. Хемофобија(понекогаш)