Jас сум прилично нова али почнав се почесто да чачкам по форумов и се согласувам со мисленјето на lolyta777 ... Вие сте THE BEST поззздравв
Значи, знам дека се повеќе од 10, ама што да се прави. искрено да ви кажам не би можела да издвојам волку ограничен и мал број, бидејќи некои ми се слични или пак се разликуваа само во некоја нијанса. Јас ќе се обидам да ги групирам во неколку групи, п апосакајте ми среќа Ла Чика, Роси и Сефора- нив би ги ставила во редот на најостри и најобјективни модни критичари. Сеси, Лилит, Ашлинг- ми се допаѓа искрениот и директен пристап на овие девојки. Сесилија е така специфична- како пустинска роза, Лилит има познавања од многу области, а Ашлинг ми е лик кој оди сам против сите. Останете такви! Боа, Мис и Офи- ми се допаѓаат поради реалните и несубјективни мислења во темата политика. Ми се допаѓа тоа што овие девојки имаат изградено цврст став и не можеш лесно да ги разубедиш. Анет- би ја издвоила како единка, поради несебичното делење совети и споделување на знаења во темата за здравствени проблеми. Поздрав мама Анет Пирамида, Георгина- мислењата на овие девојки никогаш не ме оставаат рамнодушна. така сликовито доловени, така убаво слеани- да ти е мерак да ги читаш. Кога треба со лошо- со лошо, кога треба добро- со добро. Ливинг, Гоу, Марама- ги ставам во една категорија поради нивната добродушност. Сите три се прекрасни и однадвор и одвнатре. Вистински ангели, кои не провоцираат и не манипулираат. Теодора, Жабче, Саја и Мерлин- прекрасно освежување на форумот. Секоја од нив со силна индивидуа и специфичен начин на изразување. Радо ве читам девојки! Дафни заслужува посебен третман девојкава. Навистина е посебна- во секој поглед. Се’ си мислам дека заборавив некој.....ама ќе бидам искрена со вас. Очите ми паѓаат и едвај го докуцувам мислењево, а сакав да пишам уште едно...................
Сум пишувала и порано, скоро тие се форумџики но со некои измени, мала е бројката 10 па затоа нема да нумерирам. Лилит, Трендафилка, Офи, Сеси, Џорџина, Џули, Старфиш, Марама, Бројче, Боа, Шилеа, МисНезависна, Ариел, Мимс, Пирамид, Саја, Дафни, Ливинг, Спаркс, Дузи, Бич`д, Мерлин, Геа. А каков впечаток сте ми оставиле? - Уникатни, свои, интелигентни, луди и триста епитети можам да наредам, важно немам одминато ваше мислење. Ако сум заборавила некоја, секако ќе допишам.
топ тен според мене: 1.Лилит 2.Хипица 3.Рејнбоу 4.Вајлд.Чајлд 5.Ариел 6.Офспринг 7.Ангелче 9.викче 10.Пирамида
Сосема се сложувам со aneeyy, само за бројкиве не би ги подредувала, на сите прво место, сметам дека секоја се има исткнато сосема доволно во различни теми и зависи за која тема го заслужува првото место. Сите се супер. Позз
Лилит, Хипица, Саја, Офспринг, Вајлд, Мис Индипендент, Трендафилка, Карак...Да не зборувам за сите поделено, ќе кажам за сите одеднаш, и сите сте ми под еднакво Ми се допаѓаат некои ваши мислења, уникатни сте, свои! Секогаш подготвени за делење совети
жапче- реална,сталожена,кога дискутира секогаш со докази поткрепува,хумористична. лове23- една многу мила личност која наскоро ќе си има бебенце. лов3 и гарпова во пакет зашто многу зрело размислуваат за нивни години,тука ја ставам и вајлд . монна-зашто имаме една љубов Е.И. кенди- немам образложение зошто ми е омилена,едноставно ми се допаѓаат нејзините мислења и + од ист град сме. ливинг,пирамида и фби-зашто имаат свој став и одлични мислења. + блонд и тедимече.
1. Геа Има малку мислења но успеа да ми остави и тоа како силен впечаток . Многу интелегентна многу животно искуство како да има . Искрено и се воодушевувам . Сите постови како лекции да и се .Прекрасна си жено 2.Пирамидата Точно се зафативме малце ... Ама секогаш сум ја почитувала како посебен форумски лик . Не за џабе е една од најзначајните тука . Секој нејзин пост не е тресење зелени .Туку образложени ставови и издржани мислења. :up: 3. Лилитот.. Една од основачите на феноменот Фемина . Од одамна сум тука , уште од старт ми остави впечаток. Нејзиниот хумор е она што ми ја прави посебна . Кој не секој го разбира рака на срце 4.Офи Што е толку посветена на форумов . Може нема да погрешам ако кажам најактивна на форумов. Политиката и е слаба точка може да дискутира како да е аналитичар .Спрема годините има големи познавања од многу области . А искреноста е тоа што ми ја издвојува . 5.Росонерка Зошто ни го полни форумов со нови теми и не информира за модата . Ко дописник од Милано да ни е . Начитана е ... неспорно 6.Мимс 89 Секогаш е тука за совет , многу искрено суштество 7.Мерилин Монро Ја обожавам нејзината смисла за хумор ... И таа е и те како искрена без глумење и тресење колку да ја има 8.Жапче Е многу интересна девојка тоа се гледа ... Тешко е да се истакнеш помеѓу толку форумџивки а на нејзе тоа и успеа благодарејќи и на нејзината оргиналност . Забавна личност = интересни постови ! 9.Трендафилка Зошто ? Е зошто де ? да не почнам да објаснувам на долго и на широко . Девојката е ЕДИИНСТВЕНА многу памет на едно место . Секогаш размислува трезвено , рационално ... ЈАс барем не сум ја заприметила да пукне да влегува во конфликти . Сите нејзини постово носат порка . Како лекција да си прочитала . 10.Хипица И таа е тука од почеток од старата гарда . Се зачудив за годините е многу зрела ,коректна и секогаш спремна за помош . Морам да ги споменам и мачките членови кои искрено на почеток бев непријателски расположена кон нив ... Ама со тек на време бидов дека тоа се млади , искусни , иживеани , искулирани дечки кои се тука за да помогнат а не за ремет .... Поздрав до нив ,помеѓу поомилените ми се . Се забележува вашето присутство како и вашето одсутство ... Затоа повеќе да не дружите !
1.Трендафилка и Лилит - ги ставам на прво место затоа што се оргинални, ги ценам нивните мислења, и можам едноставно да им се 2.Оффспринг и Сесилија - мене некако тие две ми одат. Искрени во душа, и без влакна на јазикот. А Офи е најцврстата личност која ја имам запознаено. 3.Бројчето и Анннни - првите личности кои беа почесто активни, и кои најпрво ги забележав на форумов. 4.ЛивингГлам - немам зборови за неа. Се би било излишно. 5.Марама и Мисс - најзгодните девојки на форумов. 6.Спаркс - изгледа единствени сме што ја обожаваме Џорџи Спаркс 7.Душица - паметна девојка. Генерациски мислам дека иста година сме. 8.Жапче - по нова форумџика која ја сместувам исто како и во категоријата со Ливинг. 9.Пирамидата - која радо ја читам, и жена која си има изградено свој став. 10.Лолита, Блонд, Анат, Ариел, Геа - како би ги изоставила мамичките овде на форумов .
10?! Како и да е, да почнам. Па дали ќе остане на 10, ќе видиме. 1. Пирамитка, Мерлин, Лилит, Жапче и Дузи - сите во комплет секогаш преку хумор ги пишуваат нивните проблеми, совети и мислења. 2. Вајлд, Лин, Мона и Лов - блиски сме со годините, и многу ми се допаѓа како ги решаваат проблемите и размислуваат. 3. Офи и Алиса - затоа што секогаш се директни, го кажуваат она што го мислат, неразмислувајќи два пати. 4. Лолита и Геа - затоа што се супер мамички и прекрасно се грижат и ги облекуваат нивните ќерки. 5. Кенди - затоа што пишува прекрасно 6. Реинбоу - затоа што секогаш наоѓа време да се грижи за сите теми. 7. Багуфче, Штрумфета и Старбакс - начинот на кој се изразуваат и на кој размислуваат 8. Росоњерка, МисНезависна и Марама - затоа што секогаш се грижат за нивниот изглед. 9. Хипица и Еленнаа- затоа што се секогаш уникатни, полни со идеји 10. Трендафилка - затоа што секогаш е тука да помогне. Испаднаа повеќе од 10 , ама неможев ниту една да исфрлам, а има и многу што не ги пишав.
1. Лилит е закон на форумов, најпоштено, страшна е девојкава, од нејзините постови може бааги многу да се научи и е една од првите кои ги заприметив кога се зачленив на почетокот. 2. Офспринг е една м'шка жена, како што би рекле нашите источни соседи, и' се восхитувам на силниот карактер. 3. Лолита - кој/а не би посакал/а ваква мама? 4. Хипица, чии постови (скоро) секогаш зрачат со мноогу позитивна енергија. 5. Трендафилка, бидејќи обожавам луѓе кои се способни преку пишаниот збор да ти го доловат моментот, да те натераат да се помачиш и да сфатиш што всушност сакала да каже преку напишаното. 6. Карак - ми делува мистериозно и скромно, ма прекрасна е. 7. ЛивингГлам, зарем мислевте дека ја заборавив !? Е, сте се излажале - за да не ја засакаш, да не ти биде мила, очигледно треба да ти фали нешто во црпката. Ме потсеќа(ше) на Н.Портман, додека го имаше аватарот со балерината. 8. Пирамида - затоа што е геометриско тело, а геометрија ми е омилен дел од математика! Шала на страна, паметна џенцка е нашава Пирамида, фала богу, мило ми е што не му парира на истоимениот парфјум. 9. Штрумфетка, затоа што е доказ, дека има и некои (доволно) зрели за своите години (од моите генерации). 10. Вајлд-Чајлд, не е нималку вајлд, ами воодушевува со своите размислувања за годинките кои си ги носи под рака.
Туууу од кога немам чкртнато на темава....а кејф ме фати да ви кажам право. Додуша моите омилени сите ги знаете ама имам да додадам нешто наравно... Трендафилка, Лилит, Сесилија, Офи, Мимс, Пирамид, Штрумфета, Лудото, Фби, на дада китката Вајлд, Дафни Ливинг...колку да не изумат дека ги обожавам, ме фасцинираат, ме смеат, ме тераат да ја доживеам нивната оригиналност. Додатокот е напливот од свежина на форумов кој мене ме воодушеви, кој ме натера да верувам дека има што да се прочита тука, што да се каже...некои од нив можеби се и малку од поодамна присутни ама поради моето отсуство ги немав најискрено забележано што секако е минус Саја, Љубам, Џокси, Јојоба, Геа, Лолита, Теодора, Жапче, Елементал...ас вас обичам многу и ви посакувам добродојде со погача и бомбоњера Мерлин Монро ја заборавив...непростливо!
Богами, многу време помина откако ја направив мојата листа Ќе пробам сега една нова, редоследот нема врска зашто стварно неможам да издвојам која ми е нај. Трендафилка - Зашто ете така, многу се пронаоѓам во неа Лилит - Моето раме за плакање Сум ти рекла, ако имам женско дете по тебе ќе го крстам, мајке ми Теди мечето - Зашто е многу мила, и уште помила во живо. Лудото - Каде без неа, ве молам? Има ли некој што ќе те смее уште во утрински часови додека пиеш кафе? Уште поубава варијанта додека кафето го пиете заедно, неможе до збор да се дојде. Плус е Саут парк адиктед исто како мене. Дузи - Оти си е моме Велешанче и има невидена смисла за хумор, чест ми е што ја познавам. Лакримоса - Хел јеа! Посебна е, ама посебна е во секоја смисла на зборот. Дејзи и Вајлд ми се едно, многу ми се мили двете такви мали и интересни Боависта Зашто многу сакам да ја запознаам, верувам дека би имале неисцрпни теми на разговор Росонерка ми е океј девојка, сосема своја и ми е мило што не се труди да импресионира никој. Георгина - Зашто поседува ниво на сарказам во неограничени количини. Толку се, ваљда...
Темава ја отварам долго време за да напишам кои се моите топ 10. Често ја пишував листата доаѓајќи до бројот 7 и не можев да продолжам. СЕга не знам колку ќе излезат, но знам дека овие личности ама баш секогаш ги читам. Мимс89 -ми годат маубетите , дружењето и смеењето со неа Росоњерка -секогаш расположена за модни разговори Старфиш- креативна, мила, преубава Мерлинка- затоа што е откачена Мистериозна- има нешто во оваа девојка што ја прави посебна Жапче -со нетрпение чекам да дојдам до крајот на нејзните постови и секој збор го впивам како кафе Теодора- прекрасна девојка која ми е репер во многу области Ливинг- зошто зрачи со позитивна енергија Сеси- заради начинот на кој пишува Џули -прекрасна девојка, едноставна , никогаш не се наметнува,а остава посебен впечаток Саја- го обожавам нејзиниот сарказам Најтвокер- понекогаш слатко патетичен, понекогаш сурово искрен Штрумфета- не може да не ја забележи човек ЕлеМентал- многу чуден карактер
Уффф по ред неможам ама да ви кажам засега кои ми оставиле некое впечаточе- Tрендафилка-неможе да не се спомне,секој нејзин пост го читам од збор до збор,зошто знам дека е со цел а не само куцање на тастатура.Значи поетот стварно знае што да каже Блонд-Ми личи на храбра жена која знае како да се бори и цврсто на земја да стои.Секогаш тука за совет.Пример за сите. Лолита-Уште една приземјена личност,спремна за совет и критика секогаш,искрена Жапче-И нејзе секогаш ја читам,секогаш паметни и на место постови Елементал-Го приметив во СДК и оттогаш си го читам нонстоп.Паметен дечко Штрумфета-Незнам зошто,ми делува на мила личност иако не ја знам Дузи-Секогаш ме насмевнува со нејзините постови,колку само убаво осмислени и доловени на вистински начин.Позитивна,е тоа ми се допаѓа Љубам-Храбра и решителна девојка,браво Енца69-Многу се пронаоѓам во нејзините постови.Секогаш решително кажува се,искрена и не поднесува неправда.Мила девојка,баш би сакала да ја запознаам ФБИ-Иако не ја познавам ми личи на искрена и откачена девојка Потоа тука спаѓаат-Јојоба,Плавуша,ГоГирл,Хипика,Лепааа,Астерион,Славица999,Тедибеар,Гирл23...други не ми текнуваат А и некако ме нервира што ја направив оваа поделба,оти сите си ги сакам и читам дури и кога сум контрадикторна со нив
Љиљит, Трендафиљ,Офи, Теди мечто, Ливинг мајне топ 5 за сва времена зашто ми годи нивниот муабет, ама многу многу многу Цакам море цакам кога ги читам Невестата Џорџина исто така ја сакам многу, зашто е искрена, луда, незаборавна, и сака кучичи и мачичи тука ја ставам Енца.69. Мимс-89, Дузето-гузе,Марама,Најтери.Боа од мужите ќе го ставам само Џони Џонета, најмало и паметно момче Тие ми се за сада Едит- ЈОХУ ја те викам ЏОНИ, пази да не те завикам ДОРЧО лошо ќе биде
Си имам јас моја убер -хипер-супер листа ради која уште се тетеравам на форумов... - Лилипут шлилипут Изузетак со се ципелки! - Пирамидикус Пипинис. - морфолошка перфекција, изграден човек и аргументирани ставови. Ретко, богами ретко. - Георгина - ти мерачко и лезетско сеирмавачко прекрасно и позитивно женско примероче. ДОБРЕ НИ ДОЈДЕ ! Џорџка една. - ТрендафиЉ - цврсто стои на земја и секој збор и е одмерен. Знае што сака, знае зошто и знае кога го сака. После дв реченици ме убедува девојкава... Црвенкоосава! А и слушнав од блиска личност дека била сасвим автентикус и во природа.. Таа личност не е од форумов.. Сасвим случајно трендафиљ. По еден пост твој. Не се 10.. 4 се. Има и други кои сакам да ги читкам..Но вие прашавте за омилени. Со овие ликови би пиела пиво.. ЕНИТАЈМ.
Па вака, не би можела да ве наредам со ред, незнам која попрво би ја наместила, сите сте супер. Вака, Љубам, посебно ми се допаѓаат нејзините професионални фотографии, веќе и имам кажано неколку пати. Потоа, Хипица. Вака виртуелно ми изгледа многу фино, добро девојче. Ми се свиѓаат нејзините постови. Потоа, Мимс. Убави размислувања. Мора да ја спомнам Ози, е неа многу ја почитувам. Супер девојка, секогаш тука за разговор. Мила многу. Лилит. Убави размислувања исто така. Ги имам следено и ФБИ, Дузи, Жапче, Мистериозна, Ливинг, Марама, Мис Независна (вчера ме насмеа со поздравот до неа) Џуси, абе срце е Супер дружење и разговори. Да ги пофалам и машките. Секоја чест
Веднаш да си кажам, свесен сум дека поради моето ограничено присуство во форумот, на 4-5 теми, најверојатно ќе скокнам по некој општо признат Топ член. Вака, само ќе си спомнам кој ми оставил посилен впечаток...Не е по редослед, тотално рандом набројување... Трендафилчето и Саја - се согласувам со се што ќе гукнат овие две, за мене а и за многу од вас, премили феминчиња. Задоволство е човек да ве чита. Пирамитка и Георгина - како да не пишуваат со зборови, туку со слики. Читаш и гледаш филм пред тебе . Живописноста на едната и сарказмот на другата...меѓу осталите особини... Дузи Сештождерчето, која со својот речник и постови ме пресмејува и ми остава впечаток на палавко, но многу зрело и приземјено девојче. Редовно те читам. Жапчестото...БРЕ! Оригинален речник и стил на изразување со кое фантастично ја доловува и сервира секоја своја мисла тука на форумот. Цура ипол, накај две . Комплетна си, комплетна... Сесилија the naughty one и Мистериозна, консалтинг колешката што ме излудува некогаш со барање прво дозвола пред да си праша за мислење , а знае дека кај мене секогаш и се отворени вратите. Премили девојчиња со интелигентна и оригинална мисла, си имаат свои ставови и ги бранат без разлика на се. То се цени! ТедиМеченце. Постои посебно место во пеколот за тие што ќе ја изостават неа од Топ 10 листа. Твојот речник, шарм, стил на пишување, емотивноста и енергијата позади се што ќе постираш ... this forum would be a lesser place without you. Феминки кои не можам подетално да ги опишам, но кои уште од првиот ден ми зрачат со некаква милина ми се Хипица, марамчето, Гоу и Мимс - осам девет.
Се менува листата, дебело се менувааа. Многумина од свежата крв, паметни работи кажуваат.... Еј да, во последно време си ја акцентирам Дузи, луда девојка.