Вежби мајка, само вежби и ќе се корегира. Или ортопед нека ви покаже вежбички или нека ве пушти на физијатар. Уште се мали, не се зацврстени и може сѐ да се корегира полесно.
Малата моја имаше ваков проблем. Најпрвин вежбавме дома,одкако почна да ја врти убаво главата,и стоеше на страна. Ја носев на вежби и за 10 дена вежби се среди.
Моето синче така ја држеше главата повеќе на една страна,јас по слики приметив,го штракав цело време,и го однесов на лекар,и на ортопед,све беше во ред,ја движеше главата нормално,ми објаснија дека така му е удобно,еве порасна сега,скоро 4 год има и нема никаков проблем,веќе не ја држи главата така.можда така му е удобно на бебето штом и др потврдил не се грижи
Хабитуелно му е највероватно, ко што веќе ти кажаа, доколку стварно се работи за тортиколис (кој најчесто настанува поради траума при раѓање), шанса нема да не го препознале ортопедите зашто при ваков случај мускулот е скратен, затега и не можеш да го утнеш. Било кој доктор тоа ќе го примети, за ортопед не станува муабет. И моево имаше еден краток период кога ја држеше главата повеќе на една страна, тогаш вратчето уште не му беше стабилно, а главата огромна и му тежеше, па си фати позиција поише на десно да ја држи. Ама ваљда му се укочи и почнуваше да плаче ко ќе требаше да ја сврти на другата страна за да види нешто, при tummy time не го држеше вратот исправено туку на страна ја вртеше главата и сл. Тогаш сфатив дека имаме проблем и почнав да го форсирам да ја врти на спротивната страна (сам) преку редење во креветче обратно (има вртелешка со музички дел што свети на едната страна па се врти натаму да ја гледа), ко ќе го држевме гледавме на другата страна да е свртена главата, му редевме играчки, сам да го вежба вратчето едноставно. Плачеше секогаш, ама дете како дете ќе се залаже и малку по малку почна да го врти и за среќа се корегира така, во спротивно и ние ќе го носевме на ортопед за конкретни вежби.
Ќерка ми уште кога се роди преферираше дс гледа на лево и да спие на лево без разлика колку пати и да и ја вртев главата.. педијатар ортопед никој ништо не ми кажал иако напоменав дека ја преферира левата страна. Ја однесов на физијатар ми кажаа дека има тортиколис но е малку не е многу. Ни дадоа вежби за дома и повеќе на стомаче да е. Демек педијатар не можело да примети ако е малку само они физијатарот.. ќерка ми дури ја преферираше и левата рака сега по изедначено е и го врти главчето на десно амс сепак пак постои повеќе да ја сака левата страна
Од раѓање ја преферираше левата страна без разлика колку јас и да го свртувам на десно , на 6 месеци бевме и на физикална и правевме вежби не беше тортиколис но според докторот натаму сме терале ,повеќе беше работата да го стимулираме бебе за десната страна , бевме само 10 третмани и се прават вежби со истегнувања благи повеке на таа страна што е засегната , вртење на главче лево десно напред назад ,повеќе седење и оставање на меше, потоа дома си продолживме со стимурање со играчки оти онака не даваше и беше жив зор , на следната контрола веке не ни кажаа дека нема никаков проблем , исто ни зголемија и на д3 капки.
Благодарам, и јас и ги правам тие вежби. Капки давам вигантол па ќе видиме на контрола што ќе ни кажат.
Jas vo Skopje na privatno ja odnesov Fizio Aktiv se vikase mislam deka dzabe 1000 den mi zemaa samo vezbicki ni dadoa za doma i stimulirajte i ja desnata strana .. a dobro toa veke sama go znaev i vezbite na google i youtube gi ima
Да се поправам Баш денес го гледав цд од ехото кај ортопед. Не се работи за криво вратче,точниот термин го заборавив. Немаше ни скратен мускул ни истегнат. Омилена страна и била десната во матка и после раѓање,јас како ја вртев на лева таа пак се вртеше на десна. Само со неколку вежби дома почна да се врти на десно,ама ми стоеше на страна и сама побарав да ја носам на вежби. Фактички згрчено мускулче. @IRBBB Ја носев на државно во одделот за физикална терапија во Прилеп.
Дали се кма кај некој случено право да ја држи главата која претходно паѓала на десно па потоа пага на лево. Што се случув?