Здраво, почнав да размислувам за отварање на свој бизнис, торти од пелени што мислите? Колку сте запознаени со тоа? Ви благодарам Мојата торта од пелени.
Прво, самиот наслов малку е wtf во делот со торта Второ, мене некако тоа ми е бесмислено и неисплатливо трошење на памперс за декорација на настан што ќе трае еден саат. Јас би ти рекла, продолжи со правење декорации, но со употреба на други различни материјали и истите малку увежбај ги и мислам дека би билo океј
Па исплатливо е, бар според мене. Мене не ме бива поклон да спаковам, а не пак торти и триста чуда. Сите ствари што ги имав купено за повојница кај девојче ги однесов во една цвеќара во Битола, да ми ги спаковаат вака (кошницата јас си ја купив). Ова ме кошташе 400 денари за паковањето + 400 денари за кошницата.
Благодарам, нова сум во ова, се надевам и јас ќе успеам. Креативен подарок е според мене и се е корисно!
Порано многу ми беа симпатични и штосни овие торти , но некако скапички а што е што си однел пелени и тук таму по некоја играчка во зависност од тоа што содржи. Сеа некако немам ќејф на тие торти, претпочитам да купам нешто за бебето или за мајката и сама да си го искомбинирам поклонот па макар и во обична украсна ќеса бил ставен. Тортиве ми се повеќе 5 минутно задоволство и интересен украс додека не биде распакуван, отколку нешто wow за што би трошела непотребно пари.
Едно време ги имаше во Рамстор доле веќе готови во самара цвеќара одма кога ќе влезеш од главниот влез лево. Имаш и во Џамбо помеѓу спратовите кај ескалаторорите.
Најчесто во сите цвеќари ги прават. Само ќе си кажеш каков модел сакаш и ја прават. Е сега внатре можеш да вметнеш и некој дел од козметика, алишта ама тоа по желба. А и не се многу скапи, а сепак ќе биде искористено и интересно изгледа.
Зависи. Ти можеш да си купиш што сакаш да има внатре (пелени и плус уште нешто), отприлика околу 1000 ден се.