Имам еден рецепт од храна и вино, правена ми е и навистина беше превкусна. Јас обожавам многу благо, на повеќето им беше тешка за јадење дека е навистина чоколадна но, не и мене 500гр мелени бисквити 4кесички шлаг 200гр мелени ореви 200гр маргарин 4кесички пудинг од чоколадо 300мл газиран сок од портокал 80гр какао 1л млеко 200гр шеќер во прав 400мл млеко 50гр чоколадо за готвење 8лажици шеќер На оган се растопува маргаринот. Во посебен сад се ставаат мелените бисквити, мелените ореви, какао, газиран сок и шеќерот во прав. Се додава и маргаринот, се меша се со рака, а потоа на чинија се обликува тортата. Со 1л млеко го подготвуваме пудингот. Кога е готов пудингот во него го кршиме чоколадото и матиме се додека не се растопи. Од кога ке се излади пудингот го нанесуваме врз веќе формираната торта. На крај го подготвуваме шлагот ,го ставаме во готварски шприц и ја украсуваме тортата по желба.
Jас често пати ја правам оваа и супер ми е ја обожавам и не ми одзема многу време а и вкусна е .. летна торта 2 пакетчиња плазма 4 кисели павлаки 1 кг банани(може и киви) 2 лажички шеќер 2 слага пења се сецкаат бананите на парченца се додаваат павлаките и се промешува потоа се додава и 2 лажички шеќер.......плазмата еден ред се реди на плек се филува со смесава од павлаки потоа се повторува постапката и на крај слагот ..се остава во фрижидер да отстои неколку часа и потоа се сервира добар апетит тортата е многу фкусна .....
Торта од Бисквити 1 Пакетче бисквити 1 млеко 2 пудинга од чоколада 6 лажици шеќер Во тенџере го ставаме млекото и малку вадиме од него во подлабок сад, останатото млеко го ставаме на рингла да се вари. Во тањирот ги ставаме пудинзите и шест лажици шеќер убаво го раствараме да нема грутики. Кога ќе зоврие млекото се додава растворениот пудинг, убаво го мешаме се додека не се згусне. Кога е готов го вадиме од ринглата и го оставаме малку да се излади. Во друг тањир ставаме малку млеко. Потоа земаме голем тањир и земаме од бисквитите и една по една ги мацкаме во млекото и ги редиме во тањирот по желаба. Формираме коцка или правоаголник во големина како што сакаме. Потоа земаме со лажица од пудингот и ставаме врз бисквитите убаво порамнуваме и повторно земаме од бисквитите и ги мацкаме во млекото и ги редиме врз пудингот и кога сме ги наредиле повторно ставаме од пудингот. Така правиме се додека пудингот и бисквитите не се потрошат. Кога е готова тортата ја ставаме во фрижидер ( но не да смрзне туку нормална температура) и ја оставаме да стои еден ден. Одстојаната торта ја сечеме колку што е големината на бисквитата и ја ставаме во тањир. Ја служиме ладна. Многу едноставна но вкусна. Ровка Торта 1,5 литри млеко 5 пудинга од ванила 2 маргарина кристал 300 грама прав шеќер 2 пакетчиња ванили 300 грама плазма бисквити малку сок од портокал ( или лимон) 300 грама кокос 300 грама мелени ореви Начин на подготовка Во тенџере го ставаме млекото од млекото вадиме мала количина во друг подлабок сад за да може да ги раствориме пудинзите. Потоа го ставаме млекото на рингла и го вариме. Пудинзите убаво ги раствараме во млекото мешајки ги со лажица маталка. Кога млекото ке почне да врие ќе ги ставиме и пудинзите и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Кога е готов пудингот го тргаме на страна и го оставаме да се излади. Во друг подлабок сад ги матиме двата маргарина со 300 грама правшекер. Кога е пудингот изладен ги додаваме и изматените маргарини. убаво мешаме и ги додаваме двете ванили. Смесата ја делиме на 3 дела во првиот дел ставаме 300 грама плазма бисквити (мелени) и малку сок од портокал. Во вториот дел ставаме 300 грама кокос ( тоа ќе ни биде средниот дел). Во третиот дел ставаме 300 грама ореви ( мелени). Кога ни е се спремно ги мачкаме деловите ги редиме едно врз друго.Најодозгора ја мачкаме со шлаг. Готовата торта ја оставаме малку да одстои а потоа ја служиме.
најлесен вид на торта што не се пече Винчини пандишпан пудинг, шлаг пена , шлаг крема ,еурокрем или слично... јас правам со шлаг пена, многу банана и рибизли и испаѓа преубава торта за 10 мин работа
Банана торта Потребни состојки: 2 кг банани, 5 пакетчиња шлаг пена, 800 гр бисквити Бананите се лупат па се сецкаат кругови, потоа се гмечат па во таа смеса се додаваат 4 пакетлиња шлаг и сето тоа убаво се миксира, па откако ќе се измиксира се редат бисквити па фил па пак бисквити па фил се додека не се потроши смесата и на крај се украсува со останатото пакетче шлаг пена. Многу е лесна за јадење а и одзема малку време за приготвување. Јас некогаш си додавам и кокос во филот и вкусна е и со него...
Име : нема име тортава фил: 5 жолчки се матат со 5 лажици шеќер, потоа се додава 1/2 литро млеко ладно, и 5 лажици брашно, се меша убаво и се вари на пареа дур не се згусни, на страна се матат 250 гр. путер со 250 гр. шеќер во прав, и оваа смеса се додава во првата (Или обратно) откако убаво ќе се олади варениот фил, се заедно се меша и се додава рум или арома на рум во длабок сад се редат ред бисквити (потопени во млако млеко) ред фил, и така дур се потрошат 800 гр. бисквити одозгора се покрива со малце од филот и чоколаден прелив (какао, маргарин, 2,3, лажици млеко и шеќер) убаво се лади и после е екстра за јадење
ke moze recept za krem pita? Mislam deka ne se prece,samo se vari pudingot (nesto kako prethodnite postovi) [mod-kirilica:37d0aupk][/mod-kirilica:37d0aupk]
Песок торта потребни состојки- 4 кесички пудинг од ванила млеко Шеќер 1 маргарин-кристал 250г бисквити(мелени) 250г кокос 300г ореви(мелени) Пудинзите се приготвуваат на стандарден начин и се оставаат малку да се подоладат.Маргаринот убаво се мати со миксер се додека не добие бела боја и се додава во пудинзите.Смесата од пудинзи се разделува на три еднакви дела.Во првиот се додаваат мелените бисквити,во вториот кокосот и во третиот оревите и се редат филовите еден врз друг и тортата е готова Брзо, лесно, едноставно и вкусно.По желба може да се премачка со шлаг.
И мојата торта нема име потребно е : едно а може и пола пакетче гриз 500 мл млеко 7-8 лажици шеќер 2 ванили еднo пакетче ресани претходно подготвен пандишпан Се вари прво филот додека да згусне потоа кога ќе се олади се се кршат ресаните и пандишпанот се меша сето заедно и се формира тортата.Брзо лесно и многу е вкусно.
Мајка ми прави едни мн убави колачиња што не се печат. Се викаат Корпички. Се земаат сецкани лешници , ореви , еуро-крем , чоколада за кување , ( по потреба зависи во колкава количина сакате да правите) се тоа се меша во една смеса и се зема од тие хартиените корипички се полнат и се оставаат на ладно да се стегнат....прекрасни се
-Бисквити(било какви) -2 пудинга од ванила -2 пудинга од чоколада (а доколку сака те може и сите 4 да се од еден исти вкус ) -1 маргарин (од оние во коцките што се "кристал") -млеко Се приготвуваат 2-та пудинга од ванила заедно со млекото и се додава пола маргарин и сето тоа треба да се соедини,а во мегувреме се реди еден слој бисквити(кои претходно биле премачкани со млеко).Од како ке биде спремен пудингот се налева врз слојот со бисквитите,и веднаш над сето тоа се става вториот слој на премачкани бисквити со млеко.А во мегувреме се приготвувуваат другите 2 пудинзи од чоколадо заедно со другата половина од маргарионт и од кога ке се соединат се налева над слојот од бисквити и пак се покрива со друг слој од бисквити и така сето тоа се става да се олади во замрзнивач А по желба при приготвувањето над слоевите од бисквитите од како ке се стави слојот од пудингот да се наредат исецкани парчиња свежа банана или пак чоколадни бананки а мајка ми често знае да стави и исецкани ресани....Ја обожавам тортава ем е слатка ем за бргу бреме се прави а прсти да излижеш е
Прекрасна торта,ја направив денес и на сите им се допадна,додадов крем банани, и целата торта ја прелив со еуро крем растопен на пареа(добра идеја нели?)
бидејки сум во ПМС ми се јаде благо деновиве и вчера имав еден напада на благо а дома ни чоколадо ни ништо. И почнав да буричкам низ кукјната кога гледам Тирамису крем од Др Оеткер. И одма ми дојде идеа за торта !! Едно пакетче Тирамису крем од Др Оеткер Пола пакетче бисквити една чаша нес кафе инстант и какао Го направив прво кремот, само се додава 200 мл млеко. После поцнав, ред бисквити, па попрскувам со кафе, ред фил, ред бисквити па пак со кафе ги попрскувам, и на крај завршив со филот и го посипав цело со какао. Пола саат во фрижидер и после е нешто преубаво!!!! Лапни-голтни!!! Се надевам ќе ви се допадне и на вас
еве една непечена торта не знам како се вика ама ептен е лесна и брзо се прави потребно - 4 пудинзи од ванила -1 литар млеко -100g шекер во прав -250gмаргарин - 1kg банани - 4 пакетчиња ролат seven days - 1 пакетче шлаг првин се варат пудинзите па се остава да се оладат. во посебен сад се мати со миксер шеќерот во прав и маргаринот. Во истиод сад се додава оладениот пудинг и се меша. Ролатите се сечат на парчиња и се делат на полавина .Во плех се редат половина од исечените ролати во два реда, па се става од филот,се редат еден ред бананите исечкани на тркалца. над нив се ставаат остатокот од ролатите и пак фил. По желба над филот се става шлаг. се надевам дека ке ви се допадне
Мене за летно време ми специјалитет ми е следнава торта - 1 кг банани - 4 шлаг креми се матат заедно со миксер додека не се добие убав фил. -бисквити се потопуваат во млеко и се редат на послушавник (јас ги правам 5 хоризонтално, 6 вертикално) врз нив се мачка филот, потоа повторно ред бисквити, ред фил испаѓаат 3 реда, и одозгора се премачкува тортата со фил, се остава во фрижидер да се зацврсти малку Лесна и свежа тортичка, полесно здравје
1 кг хопла 1 кг бисквити 6 јајца 30 лажици шеќер Прво се матат белките со 20 лажици шеќер,а потоа жолтките со 10 лажици шеќер.И хоплата се мати посебно,за да на крај сите три крема се соеднинат.Бисквитите се раедт во 4 реда,а по желба може да се попрскаат со капучино растворено во млеко.
се редат бисквите, одозгора шлаг пена, ред компот од праски, пак бисквити, пак крем, ред од киви,вчера ја измислив тоа имав дома и одлична беше, одозгора и ставив и чоколаден прелив, сите среќни и задоволни ја снема за 15 мин.МОРА ДА СЕ ПРОБА!!
piramida od susam 3 jajca 300g sejker 120g cokolado za gotvejne 300 g meleni biskviti 150g pecen susam se matat jajcata so sejkerot i se varat na parea 7 ,8 minuti se dodava margarinot i cokoladata i koga seto toa ke se smesa se dodavat biskvitite meleni i susamot se stavata vo kalap i da se isladi vkusno i brzo [mod-kirilica:1oi8p3gz][/mod-kirilica:1oi8p3gz]
Еве и од мене еден рецепт за торта што не се пече Јупи фанта торта 300 грами плазма мелена 300 грами ореви мелени путер 250 грами 250 грами шеќер во прав или може мед 2 лажици ако немате 250 милилитри фанта 2 лажици какaо Ова се замесува и си правиш форма по твоја желба, како ролат например. Ќе ја оставиш малку да отстои во фрижидер и после ќе ја филуваш. За да прелиеш одозгора ти треба 2 шлаг пена изматени со една шоља млеко. Многу е вкусна, посебно за обожавателките на фанта. Пријатен апетит.