1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. jmila

    jmila Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Торта за во микро :) ( вкусно како pop cake )

    4 лажици брашно
    2 лажици шеќер
    2 лажици какао
    3 лажици млеко
    3 лажици зејтин
    1 ванила
    1 јајце

    Се прави хомогена смеса од состојките, се исипува во една чаша за млеко.
    ( смесата прво е половина чаша, но потоа нараснува во микро )

    3 мин. на 1000W
     
    На soncenceto.matea и vickyy90 им се допаѓа ова.
  2. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Еве нешто и од мене,јас само ова знам да го правам :$



    РЕСАНА ТОРТА


    200 гр. млеко и 1 коцка маргарин треба да зовријат.

    Се додаваат 1 кг ресана искршени на 4 дела,200-250 гр сецкани ореви.Сето убаво се меша и се прави форма.Одозгора се става шлаг,може и чоколадо и чоколадни мрвици.


    БАНАНА ТОРТА

    3 банани
    300гр кршени бисквити
    250 гр шеќер
    3 пудинга од чоколадо
    1 л млеко

    Пудингот се вари во млекото и шеќерот. Бананите се сецкаат и се мешаат со искршените бисквити.Се чека малку да се олади пудингот и се заедно се меша.Се формира торта и се премачкува со хопла и рендано чоколадо.

    Пробајте,па кажете ми свое мислење :)
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Оваа торта ако не ја направите ќе се каете - БАНАНА ТОРТА СО БИСКВИТИ

    Се зема едно пакување бисквити Петит Бер на Краш и во длабок сад се кршат на мали парченца, се додава 100 гр сецкано желе, 200 гр мелени ореви и 100 гр мелена плазма Бамби.
    Со еден литар млеко и 4 ќесички пудинг од ванила се приготвува пудинг на стандарден начин.
    Во друг сад на страна се мати еден маргарин Кристал и 200 гр шеќер во прав, па смесата се додава во садот со бисквитите и се меша, а потоа и пудингот од ванила и повторно се меша убаво.
    Потоа во сад обложен со фолија се става пола од смесата, па врз неа се сецкаат 2 банани и одозгора останатиот дел од смесата и се препокрива со фолијата. Се остава околу 2 саати најмалку во фрижидер за да се стегне убаво и потоа се вади и се сече на парчиња.
    Ако оваа торта ја приготвувате за гости и сл. можете да ја декорирате со некоја глазура одозгора, пример со стопено чоколадо за готвење, шлаг и сл. (Декорацијата си е по желба)

    Добар апетит! :)
     
    На Acka22 и nenuska им се допаѓа ова.
  4. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Brzi recepti za torti

    Ве молам помогнете.... утре на училиште имаме час вештини на живеење и треба да правиме брза торта без печење..доколку знаете некој брз рецепт ве молам помогнете :P :inlove: :sweat: :lol:
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ќе ја прам лесна ефтина и брза е :)
     
  6. lady91

    lady91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Еве една од мене, повеќе е бајадера, но мн. е вкусна, доколку не е на соодветно место рецептов преместете го :D
    Сникерс бајадера

    1 маргарин
    500гр кикиритки(несолени, непечени )
    300 гр бисквити мелени
    2 јајца
    150 гр шеќер во прав
    1 ванила
    Маргаринот, шеќерот и ванилата се матат заедно се додават 2 јајца потоа бисквиттите и 300 гр кикири( мелени) одкако убаво ке се соеднинат се става во тава или во калап (по избор ) :)
    Глазура : 5 лајци шеќер, 3 л. какое, 1 и пол лајца маргарин, 2 мали филџани млеко и 3-4 реда коцка (цело ова на оган да се соеднини ) се става одозгора на бајадерата и се редат 200 гр кикиритки.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Може да е ролат или мора торта? Овој рецепт е за ролат со крем бананки брз и вкусен, а најбитното- лесен :)
    Потребни состојки:
    5-6 крем банани
    1 маргарин
    500гр бисквити
    3 јајца
    3 лажици какао
    7 лажици шеќер

    Маргаринот го оставаш да се растопи(на оган) и го додаваш шеќерот, какаото и мешаш. Откако ќе се олади, ќе ги додадеш јајцата, па бисквитите( измелени или кршени) сето ова се меша.
    На послужавник ставаш најлон фолија и пола од смесата(треба да има правоаголна форма) и врз смесата ги редиш крем бананите, после тоа ја додаваш уште половината од смесата и со помош на фолијата ќе го обликуваш ролатот.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Тортата ја видов на емисијата Храна и вино - се вика Чоколадна уживанција.
    Морам да напоменам дека е многу вкусна, се прави за некои 40 минути, но многу садови се валкаат :)

    Потребни состојки:
    500 гр бисквити (за обложување на садот)
    10 јајца
    100 гр шеќер во прав
    250 гр црна чоколада за готвење
    250 гр бела чоколада за готвење
    (јас ставив по 300гр и црна и бела чоколада, нели по 3 чоколада од секое)
    500 мл млеко
    1 маргарин
    500 гр мелени бисквити
    200 мл слатка павлака (за декорација - јас декорирав со шлаг, повкусно ми е така)
    50 мл вода и 100 гр шеќер - за шербет.

    Постапка:
    Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Во садот со жолчките се додава шеќерот во прав и се мати. Во тенџере на оган се става половина од млекото (250мл), се додаваат изматените жолчки и се меша со лажица - да се добие крем. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, се трга од оган. :!: Притоа, внимавајте да не го преварите!
    Кремот треба убаво да се излади, а потоа во него се додаваат мелените бисквити и се мати со миксер за смесата убаво да се соедини. (Јас додадов и една ќесичка ванилин шеќер)
    Во друг сад се мати маргаринот - убаво да се избие. Во маргаринот се додава кремот со бисквитите и повторно се мати со миксер.

    Во две тенџериња на оган се растопуваат чоколадите, посебно белата, посебно црната. Во трето тенџере се става водата и шеќерот за да се направи шербетот.
    Белките кои претходно ги одделивме, се матат и во многу тенок млаз, внимателно, се додава врелиот шербет и се мати. Во овој сад со белките и шербетот се додава смесата од садот со маргаринот, кремот и бисквитите. Се мати додека смесата не се соедини. Добиената смеса се дели на половина, во едната половина се става растопената бела чоколада, во другата, растопената црна чоколада и се мати.

    Калапот (може да биде во различна форма, во рецептот беше во форма на срце, но може да се направи во било која форма. Јас ја направив тортата во калап во форма на квадар) се обложува со најлонска фолија за да може без проблем да ја префрлите во сад за торта.
    Бисквитите се макаат во преостанатото млеко и се редат во калапот - и долниот дел од калапот и по страните. Во калапот се става прво темната смеса (препорачливо е неколку минути да постои во фрижидер за да се стегни), а потоа и белата смеса. Откако ќе ги ставите смесите, и горниот дел го редите со бисквити.

    Тортата се става во замрзнувач за да се стегни убаво. Потоа може да ја декорирате по желба со слатка павлака или со шлаг.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ПОСЛОВНА ЖЕНА

    Се прави фил од 1,5 л.млеко, 7 лажици брашно, 15 лажици шеќер и 3 пудинга од ванила.
    Откако кремот ќе се олади се додава еден маргарин изматен со 200 гр. шеќер во прав.
    Кремот се дели на три дела:
    - во првиот се додава 200 гр. топенно чоколадо
    - во вториот се додава 200 гр. мелени наполитанки
    - во третиот се додава 200 гр. мелени ореви
    Штом филовите ќе бидат готови, на послужовник се редат 200 гр. бисквити и се премачкуваат со првиот фил, врз филот се реди 300 гр. ресана, па се премачкува вториот фил и на крај се редат 200 гр. пишкоти, па се премачкува третиот фил.
    Целата торта може да се премачка со хопла или шлаг.
     
    На Acka22, velesanka и nenuska им се допаѓа ова.
  10. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Брзи ЧОКОЛАДНИ БАНАНЧИЊА
    Земате банани , ги сечкате на пола. Ги наденувате на стапчиња од сладолед (ако не ви се најдува може и на стапчиња од ражничи). 100гр чоколадо го растопувате и правите чоколаден прелив. Додека се прави чоколадниот прелив, бананите набодени на стапчињата ги ставате во замрзнувач околу 30 мин. Ги брцкате бананите во топлото растопено чоколадо, и по желба насечкајте им лешници на чоколадниот прелив, или мрвици ставете... Лесно и брзо а вкусно
     
    На nenuska и maca78 им се допаѓа ова.
  11. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Мој модифициран рецепт што вчера го правев и излезе одлично.
    1 коцка маргарин се мати со 200 гр шеќер.
    2 пудинга од ванила се варат со 600 мл млеко.
    После сето тоа заедно се замешува како за крем фил.
    300 гр. бисквити се мелат,а 100г. бисквити се дробат со раце и се додаваат во филот.
    Потоа се сецка 200 гр желе и тоа се додава во филот.
    Со раце се дроби 1 пакетче ресани и се сецка 200 гр лешници кои исто така се додаваат во филот.
    Се топи едно чоколадо и тоа се додава.
    се мати и 200мл слатка павлака и се замешува заедно со сите состојки и филот.
    Со става во калап (каков сакате и каков имате) јас во куглов го направив.
    се остава во фрижидер да се стегне барем 2 / 3 часа.
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    сиромашен колач со бесквити

    околу 500 грама бисквити
    пола литар млеко
    5лајци брашно
    4 лајци шеќер
    150 гр маргарин
    1 шоља сварено и оладено црно кафе
    по желба рендана чоколада згора за украс

    брашното го мешаме со 2 лајци шекер и му турвиме малку од млекото колку да дојдит течно.другото млеко го вариме и кога ке зовриет го тргаме од оган и го оставаме за пола минута да одморит.после полека му ја додаваме смесата со брашното и мешаме цело време.го вракаме на оган дури да се згуснит смесата.го тргаме од оган и му додаваме 2 лајци шекер ке ги измешаме и го оставаме сосема да се оладит.
    маргаринот да ни е на собна температура.ке го избиеме да дојдит како кремаст и лајца по лајца ке додаваме од оладената смеса,дури добиеме еднолишна смеса.(со миксер биеме)
    сега земас бесквита ја мрцнувас во ладното кафе(не ги оставас внатре туку само кусо)и ги редиш на некоја табака или пајнца.згора фил па пак бесквити и со ред дури имаш.малку во фрижидер да се стегнит и то! ;)
    а јас ги сложвев две бесквити хоризонтално и другите вертикално дури е долзината на пајнцата,како шнит дојде
    испробана е со сигурност е преуба за нас....последниов пак кога ја праев не дочека да се олади ја снема :D
     
    На nenuska и eutixismena им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Многу убави рецепти, фала ви на сите. Јас знам да готвам ама торти не знам да правам и вашите мислења ке ми дојдат како книга со рецепти. Плус нема да оклучувам рерна на горештиниве.
    Уствари правам една торта, пудинг и бисквити ,не е баш торта ама јас така се тешам така си мислам оти ете и јас една торта знам да правам. Се редат бисквити вертикално се лепат со пудинг се става мегу нив, го ставаш тоа во фрижиер и таму омекнуваат бисквитите. После сечеш на косо ко чајна шо се сече и добиваш зебра дезен.
     
    На Mawalazarevic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    1,5 КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ГИ ЛУПИТЕ И ГИ ВАРИТЕ ВО ВОДА КОЛКУ ДА ГИ ПОКРИЕ КОГА ЈАБОЛКИТЕ КЕ СЕ СВАРАТ НА СТРАНА ДВА ПУДИНГА ОД ЈАГОДА ГИ МЕШАТЕ СО 200МИЛИЛИТРИ ВОДА И 10 ЛАЖИЦИ ШЕКЕР ГИ СИПУВАТЕ ПОЛЕКА КАЈ ЈАБОЛКИТЕ КОГА КЕ ДОБИЕТЕ ГУСТА СМЕСА ГО ТРГАТЕ ТЕНЏЕРЕТО ОД ОГАН И РЕДИТЕ РЕД БИСКВИТИ ПА ОД ФИЛОТ И СЕ ТАКА ДОДЕКА ИМАТЕ ОД ФИЛОТ ОКОЛУ 400ГРАМА БИСКВИТИ ...ОДОЗГОРА УКРАСУВАТЕ СО ШТО САКАТЕ МРВИЦИ .ЧОКОЛАДО .... ТОРТАВА Е ПОСНА И ЛЕНА А И МНОГУ ВКУСНА ...ПОЗЗЗ
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Лешник торта



    6-јајца
    350гр-шекер,
    250гр-маргарин,
    2-3лажици големи врело млеко,
    350гр-лешници,
    350гр-бисквити

    Јајцата и шекерот се матат заедно,а маргаринот со млекото оделно.Кога добро се изработи маргаринот се става заедно со јајцата.Лешниците се потпечуваат во шпоретот 10мин на 100с,а потоа половината од лешниците се сечкат ,а останите се мелат.Бисквитите се мелат а не смета да се стави и повеке од 350гр бисквити.Се заедно се меша и се дели на 2 дела.Во 1-дел се става стопено 100гр чоколадо,може и 5лажици какао.Се оформува и прво се става кафениот дел,потоа белиот,пак кафениот,белоит.Одозгора глазура,100гр чоколадо,3-4лажици млеко 50гр маргарин.
     
  16. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Тортава ја правам многу често мм ја обожава само пудинг ставам од ванила и одозгора ја преливам со глазура
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Торта „САН СНОВА“

    [​IMG]

    Прв слој:
    -Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник

    Втор слој:
    -Се меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма.

    Трет слој:
    -Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма.

    Четврти слој:
    -Се варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните бананки.

    Петти слој:
    - се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг

    Шести слој:
    - се премачкува останатиот дел од пудингот

    Седми слој:
    - свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг

    Осми слој:
    -Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)
     
    На Oscar Lady, Acka22, teodoricaa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. kolace22

    kolace22 Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0

    Со колку млеко се варат 3те пудинга ? :)
     
  19. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Пишува на упатството за подготовка на самиот пудинг
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.471
    Допаѓања:
    201.260
    Пол:
    Женски
    ^^За фил за торта, три пудинзи ќе вариш најмногу со 750мл млеко, не повеќе, оти филот ќе ти биде течен.

    Геа, тортава ти е супер, ај ќе ја направам некој ден :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.