Торти што не се печат

Discussion in 'Рецепти' started by mackice, Sep 7, 2010.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,606
    Gender:
    Female
    Анатх, превкусна е, не е воопшто скапа, а излегува многу голема.
     
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    темава е супер ....
    ајде некој рецепт од мајката на дечко ми ...
    се надевам дека не се Офф топик 2ва рецепти :?:

    4 јајца
    300гр шекер(се матат како за торта)
    250гр сецкани ораци
    1 пециво
    200гр суво грозје
    250 гр сецкани смокви, се месат со брашно и се прави ролар. Се става во разделник и се мачка со жолчка од горе. може да се обликува по желба

    Ролат со чоколадни бананчиња
    250гр мелени бисквити
    50гр мелени ораси
    2 чаши млеко
    125 гр шекер(да зовријат со 70гр маргарин и 50 гр чоколадо)
    Се прави како кора на која се редат бананчињата, а потоа се мота.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,606
    Gender:
    Female
    Ќе се цитирам самата себи си, бидејќи тортата ја правев за роденденот на сопругот.Гостите и послужавникот го излижаа, сите до еден бараа репете.
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    3,782
    Likes Received:
    6,987
    Геа, а ќе можеш да ги напишеш и точно по грамажа за намирниците, за пишкоти колку грама, бисквити колку, бананки колку итн.
    Фала ти однапред :$
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    1,487
    Likes Received:
    1,074
    Gea тортава е стварно вкусна,ја правев денеска и сите ја бендисаа :D кога ја пресеков не изгледаше баш како твојава,ама добро важно вкусна е ;)
     
    Gea likes this.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    2,679
    Likes Received:
    10,370
    http://www.tortijada.mk/mk/nepeceni/310 ... torta.html

    Може да ми кажете дали ќе ја упропастам тортава ако ја правам со чоколаден пудинг?

    Утре и е на мама роденден, и сакам да и ја направам, и од одзогора над шлагот сакам рендано чоколадо и со прелив да и напишам среќен роденден мамо и да и ја врачам заедно со поклонот, ама дома пустиве сите се по чоколадото, а не ми се трошат пари на експерименти па да не ми ја јадат после... хелп :tmi: :)
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    559
    сигурно нема да ја упропастиш, ако сакаш може да ја правиш со каков било пудинг :)
    а ако веке ја правиш со чоколаден да за ти биде поубав можеш одма кога ке го тргниш од шпорет да ставиш искршена чоколадда за готвење и да мешаш, таа ке се растопи и пудингот ке биде мн убав, а за декорирање како сакаш можеш ;) сигурно ке ти ја бендисаат и одма ке ја изедат зато шо е многу лесна за јадење :rofl:
     
    teddybear likes this.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2011
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    3,266
    [​IMG] :inlove:


    Ова е мојата омилена торта. Мајка ми не сака да ми прај многу често бидејќи била многу проста. |(
    Проста не проста, најубава ми е и оние од Канела манела може само вода да и носат. :P
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Па дај сподели рецепт :)
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    1,487
    Likes Received:
    1,074
    Ммммммм торта со бананиии :inlove: одма ставај рецепт,нестрплива сум :rofl:
     
  11. belieber

    belieber Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,082
    Likes Received:
    642
    Оваа ние си ја викаме биксвит торта, многу е убава само мајка ми без банани ја прави
    знаете како иде ред бисквити ред, ред пудинг, ред бисквити па ред пудинг и така колку сакате редови си ставате и одозгора ја мачкате со шлаг.

    И пудинг каков сакате можете да ставите, мајка ми става од ванила и преубава е тортата. Топло ви ја препорачувам.
    И ако сакате утре ќе ви го напишам рецептот. :)
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,606
    Gender:
    Female
    Мене ми требаа 22 бананки, околу 300 грама мелени бисквити и 400 грама пишкоти.Мелените бисквити можат да бидат и во поголемо количество, па така вториот фил ќе дојде повисок.
    Другите намирници јас мислам дека се напишани со грамажа.
     
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2011
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    3,266

    Ви требаат 2 пудинга. Ние исклучиво со ванила пудинг ја правиме, бидејќи некако чоколаден со банани не ми иде, али изборот на пудинг е по желба.
    Литро млеко.
    Бисквити зависи колкава голема торта сакате да направите, најчесто се тоа 500гр.
    Банани.
    Шлаг.
    Состојкиве се редат едно врз друго, како што гледате на сликава.
    Најпрво идат бисквитите. (Не ги ставате суви, туку потопени во млеко. Но да не е тоа премногу да се распаднат, значи само ги брцкате колку да се накваси целата бисквита, ги вадите и редите.)
    Потоа иде слој пудинг. Во првиов слој пудинг ставате пола од вкупната смеса пудинг.
    Третиот ред се бананите исечкани на кругчиња.
    Овие три реда се повторуваат уште еднаш по истиот редослед.
    И на крај се става ред шлаг.
    Значи:
    бисквити
    пудинг
    банани
    бисквити
    пудинг
    банани
    шлаг.
    Тоа е тоа. Попросто и повкусно амин. :)
     
    Mama25, AlanisM, keti.kety and 2 others like this.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    18,665
    Likes Received:
    122,007
    Gender:
    Female
    Кога станува збор за Бисквит торта јас не ги признавам они со пудинг. Еве ви рецепт на најстарата и оригиналната Бисквит торта.

    Торта со бисквити

    За фил:

    250 гр маргарин или путер
    250 гр шеќер во прав
    1 пакетче ванилин шеќер
    3 реда чоколадо за готвење
    4 јајца
    5 лажици шеќер
    5 лажици брашно
    0,5 литар млеко
    1 кутија бисквити [​IMG]
    Во сад се мати маргариот со шекерот во прав. Маргаринот ( или путерот) најдобро е да е на собна температура за да може да се измати подобро. Откако ќе се добие хомогена смеса се додава ванилин шекер и искршени 3 реда чоколадо за готвење.
    Во тенџере се вари крем од 4 жолчки, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно и половина литар млеко. Се вари на тивко со постојано мешање за да не се направат грутчиња. Кога ќе се згусне, филот се трга на страна и се остава да се излади. Во изладен фил се додава претходно изматениот маргарин или путер и се меша да се добие еднаква маса.
    Во плех се редат бисквити претходно натопени во млако млеко. И се реди Ред бисквити, ред фил, ред бисквити ред фил со тоа што се завршува со фил одозгора.
    Тортата може да се посипа со ореви сецкани, или со шлаг направен од белките кои останале при правење на филот.
     
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2011
    Messages:
    1,995
    Likes Received:
    2,281
    Gender:
    Female
    Каша тортава на мајкати мора да ја пробам :lol: Препре вкусно изгледа.
    Утре ќе ја направам таман за Велигден,оти ако правам некоја со печење ќе ја изгорам така да мама нека прави такви,јас за оваа навивам :rock:
     
    Kasha likes this.
  16. The.dreamer

    The.dreamer Активен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    70
    Likes Received:
    8
    А некој рецепт со кокос и ванила???
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    МОЈА БИСКВИТНА ТОРТА
    250гр.толчени бисквити,
    100гр.толчени кикиритки,
    100гр.желе бонбони,
    се става сок густ колку да се оменат бисквитите,
    100грама сецкано ситно чоколадо
    се меси и се расплескува на најлонска кеса
    се витка како ролат се премачкува со
    растопена чоколада и се наронува одозгора
    толчени кикиритки.
    Мора да стои во фрижидер за убаво да се стегне.
    Потоа пробајте вкусот е фантастичен
     
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    1тегла џем од смокви(домашен)
    готово тесто за торта сечкано на парчиња
    ораси сецкани(1рака)
    ораси мелени(1рака)
    100гр.желе
    2пакетчиња кокос и 1 бело чоколадо рестопено
    Сето ова убаво се меша се става во фрижидер да се стегне
    потоа се растотува чоколадата и сето ова убаво се премачкува
    врз чоколадото се става кокосот се остава повторно во фрижидер
    вкусот е неодолив
     
  19. hhh

    hhh Активен член

    Joined:
    May 13, 2012
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Еве една торта што не се пече ;)

    Кроасан торта


    -200 гр шеќер
    -150 гр еурокрем
    -3 пакетчиња пудинг од ванила
    -1 л млеко
    -1 пакетче шлаг крем
    -250 гр маргарин
    -100 гр чоколадо
    -200 гр бисквити
    -3 пакетчиња мали кроасани

    Подготовка
    Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.

    На здравје
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,647
    Еве уште една торта од бисквити и пудинг изгледа примамливо
    Состојки

    Подлога
    300 гр мелени бисквити
    100 гр чоколадо
    220 мл млеко
    2 лажици шеќер во прав
    Бел крем
    2 кесички пудинг од ванила
    100 гр бело чоколадо
    3 лажици бел еурокрем
    2 лажици маргарин
    350 мл млеко
    2 кесички ванилин шеќер
    3 лажици шеќер
    Чоколаден крем
    2 кесички пудинг од чоколада
    100 гр чоколадо
    3 лажици чоколаден еурокрем
    2 лажици маргарин
    350 мл млеко
    4 лажици шеќер

    Подготовка

    1. Подготовка на подлогата.
    Млекото и чоколадото се загреваат додека да се растопи чоколадото. Кога ќе биде готово се остава да се подолади и се додава во мелените бисквити во кои е додаден шеќерот во прав. Смесата се става во округли калап за торта (со обрач) бр 24. Се остава во фрижидер да се стегне додека се подготвуваат филовите.
    2. Подготовка на кремовите.
    На исти принцип се подготвуваат двата крема.
    Во тенџере на оган се става 300 мл млеко да зоврие. Во останатите 50 мл млеко се промешуваат пудинзите со шеќерот и се додава во зовриеното млеко. Се вари на тивко додека да згусне. Готовиот пудинг се трга на страна и со мешање се додава кремот и чоколадото за да се растопат. Се остава да се олади со повремено промешување да не фати коричка. Во млакиот крем се додава омекнатиот маргарин и се мати за целиот крем убаво да се соедини.
    Кога и двата креме ќе се оладат се додава првин белиот крем над подлогата и најодозгора чоколадниот. Се остава убаво да се олади пред сервирање.

    http://moirecepti.mk/recepti/desert/пудинг-торта-2/