1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. indian

    indian Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    5
    Преубава е :)

    Нескафе торта

    Состојки
    500 гр бисквити (или готови кори за торта)
    500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга)
    3 јајца
    11 лаж. шеќер
    3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе)
    малку млеко за бисквитите

    Многу брза, лесна и вкусна торта. Ние дома ја обожаваме комплетно и е дел од честите десерти, па дури и за родендени повеќе од 15 години наназад.
    Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.
    Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер.
    Се сечи на коцки и се ужива во вкусот )))
    Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу издашен и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луге.
    Ви посакувам слатко уживање!



    Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/recepti/desert/%d0 ... z1xzp8nWNU
     
  2. wild.wild

    wild.wild Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    чоко попс ( шишарки ги викаме ние :lol: )
    6 лаж мед
    250 гр маргарин
    100 гр шеќер
    3 лаж какао
    100 гр чоколада
    1 пакетче сусам
    1 пакетче чоко попс

    Најправин на оган се става да се растопи маргаринот, се додаваат шеќерот, чоколадата, какаото. кога кје се стопи се, се додава чоко попсот и сусамот. се трга од оган. потоа во калапот за цедење лимон, од обратната страна го полниме со оваа смеса и се прават шишарки. не е ова торта, али многу се вкусни! :*
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    300-400gr Кекс
    100Гр ораси(може и лешници - бадеми )
    100гр Шекер
    150гр желе бомбони
    1 конзерва со Ананас
    50гр маргарин
    ШЛАГ за од ГОРЕ
    **
    Кексот се дроби или се меле кој како сака ,,, се ставаат сецканите Ораси (или што и да ви се најде дома од нив) се сецка желето и ананасот и се се ставаат во еден сад. Потоа се додава на целата смеса сокот од Ананс (од конзервата) и шекертот и маргаринот...
    Убаво се меша се става во соодветен сад и потоа се става Шлаг( ако сакате може и без шлаг само јас додадов Ванилиев СЛАДОЛЕД и декор со замрзнато овошје)
    Се чува во фрижидер

    време на подготовка е околу 30 мин (сепак треба да се сецка) а може да се јаде после 2 сата
    :emo:
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    ресана торта

    1кг ресана
    250мл млеко
    1 чоколадо
    1 маргарин
    150гр мелени или толчени ореви

    припрема
    ресаната се крши се ставаат оревите и млекото.настрана се топи маргаринот и чоколадото. се додава во смесата за ресана и сето тоа убаво се меша. се обликува по ваша желба и се остава да се лади.
    после ладење јас пошто ја ставам во правоаголен калап је превртувам и одозгора полевам уште едно чоколадо... :inlove:
     
    На risto...cado и figgiMK им се допаѓа ова.
  5. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    5 минути торта

    10 крем бананчиња
    1/2 кг ресани
    1/2 кг хопла

    Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.

    Плазма торта со вишни

    Потребно:
    - 500 гр. слатка павлака
    - 300 гр. шлаг пена
    - 1 кисела павлака
    - 300 гр. плазма кекс
    - 300 гр. мелен плазма кекс
    - 500 гр. вишни
    - 1/2 литар млеко
    ______________________________________
    Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг.
     
    На risto...cado му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Абе ја правев оваа Сан Снова...тортава е преубава ,само јас изгледа многу голем послужавник земав за редење, и не ми излезе така како на сликата кога ќе ја исечеш убаво парче,шарена...ама ако,човек така учи,не сум јас толку искусна со тортите :) по 2 недели пак ќе ја направам. Најубаво во нешто подлабоко да се реди,да излезе како торта ролат.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Gea им се допаѓа ова.
  7. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    1. плазма
    1. филџан масло
    1. филџан шеќер
    со млеко се месат (соединуваат) и ке го израмниш

    фил
    пола кило млеко
    2. пудиг од ванила
    2. банани во пудинкот откако ке се олади
    1. шлаг пена
    1. чоколада
     
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Имам еден рецепт од храна и вино, правена ми е и навистина беше превкусна. Јас обожавам многу благо, на повеќето им беше тешка за јадење дека е навистина чоколадна но, не и мене :lol:
    500гр мелени бисквити
    4кесички шлаг
    200гр мелени ореви
    200гр маргарин
    4кесички пудинг од чоколадо
    300мл газиран сок од портокал
    80гр какао
    1л млеко
    200гр шеќер во прав
    400мл млеко
    50гр чоколадо за готвење
    8лажици шеќер
    На оган се растопува маргаринот. Во посебен сад се ставаат мелените бисквити, мелените ореви, какао, газиран сок и шеќерот во прав. Се додава и маргаринот, се меша се со рака, а потоа на чинија се обликува тортата. Со 1л млеко го подготвуваме пудингот. Кога е готов пудингот во него го кршиме чоколадото и матиме се додека не се растопи. Од кога ке се излади пудингот го нанесуваме врз веќе формираната торта. На крај го подготвуваме шлагот ,го ставаме во готварски шприц и ја украсуваме тортата по желба.
     
  9. risto...cado

    risto...cado Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    тортава 5мин многу е убава и вкусна и лесна за праење поз :D :)
     
  10. dealolipop

    dealolipop Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Дечки кажете некоја полесна или некој колач , за на школо ќе правиме. Ама да нема ни матење или слично.Некоја едноставна и лесна. Да не носам 50 работи на школо. Фала :D
     
  11. ivanaaaaaaaaaaa

    ivanaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    A шлаг пената направена да е?
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.328
    За тортата имам малку подруг рецепт,ја правев викендот,супер излезе,а нареден пат ќе го пробам и овој на Геа.

    *Значи наместо пишкоти,испеков кора со рендано чоколадо(пошто ореви не можев да најдам нигде а и ги скапнале-сачувај боже :| )

    -Смелив 300гр плазма,смесата ја направив со капучино од карамела(што даде посебен шмек,иако во рецептот ми пишуваше со кока кола,направив измена).Меѓутоа,јас во смесата со плазма не додаов маргарин и шеќер во прав,значи остана таква :)

    -Чоколадни бананки не ставив

    -Наредниот фил ми беше тој со пудинг од ванила-исто 4 пудинга од ванила,ги поделив на два,и во едниот додаво растопено црно чоколадо за готвење,така да има два фила-црн и бел

    -Значи после белиот фил,додадов ред обични бисквити потопени во млеко со малку капучино од карамела

    -Па следи црниот фил

    На крај-шлаг пена

    Тортата беше лесна,вкусна,не премногу блага,ви ја препорачувам :)
     
    На lilili му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас да ви дадам рецепт од една преееубава торта, абе има прсти да си излижете, превкусна е и лесна.

    5 јајца, 5 лажици шеќер, 1 кило хопла , 2 мали пакетчиња мали од 6 денари нескафе , бисквити, млеко, 2 ролати 7days од чоколада, и блок чоколада од жолтине од агроплод.

    5 јајца се матат со 5 лажици шеќер во подлабок сад. 1 кило хопла се мати со миксер во друг сад, и се додаваат нескафињата. Потоа изматената хопла се соединува со садот со изматените јајца и се мати малку. Бисквитите се потопуваат во млеко и се ставаат во плех. Еден ред бисквити, врз нив хопла, врз хоплата пак бисквити, па пак хопла. Потоа се ставаат сечени парчиња од ролатот едно до едно низ цел плех, па пак хопла, па бисквити, хопла и на крај рендаме од блок чоколадото.

    Поубава торта во животот не сум јадела, и лани ја правев за роденденот и оваа година пак. :D
     
    На CuteEva, ciribiribela, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Торта со пудинг и бисквити
    Потребно:
    2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
    800 g бисквити
    1литар млеко
    Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне.
     
  15. dealolipop

    dealolipop Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Немам имиња , но стварно се преубави , лесни и ефини.

    1. Состојки:
    - мелени бисквити
    - мелени ресани / рендано чоколадо
    - нескафе 3 во 1
    - (по желба ореви , лешници..)

    2.Подготовка:
    Бисквитите и ресаните се мелат (чоколадото се ренда). Во еден сад ги ставаме мелените ресани и бисквити. Во една чаша со вода го раствараме нескафето и го тураме во садот. Ги обликуваме по желба и чекаме да се стврднат. Количините зависи за колку души правите.
    -------------------------------------------------------------------------------------
    1. Ресани
    Пудинг од ванила (може домашен , може купечки)

    2.Подготовка:
    Во еден широк сад ресаните ги превртуваме со чоколадната страна на долу и ставаме пудинг , одозгора чоколаднаа страна не е кај пудингот туку горе. Кога ќе дојде чоколадо со чоколадо да се става пудинг се става по малку колку да се залепат. Се повторува постапката во зависност колкав колач сакате.
    Се става во фрижидер да омекне и се сече.
     
  16. Dra-San

    Dra-San Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Тортава ја направив и преубава е, штом мм ја бендиса значи навистина е топ, фала за рецептот.
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Девојки не знаев каде да прашам, рецепт за целуфки да ми дадете? Ги правам според тој најосновниот рецепт и никако да излезат како што треба. Ако некој што прави може да ми објасни како што, не знам каде ја утнувам ? :(
     
  18. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Мојата најомилена торта, која скоро секој месец мора да се направе, дека е лесна :D
    Ова е рецептот :

    1 кило бисквите
    1 чоколадо (може и од ноа кујнското :Д )
    1/2 (полакило )млеко
    250 грама суво грозј (по желба,ако нејадите или не сакате не мора)
    250 грама орај
    250 грама желе бонбоне (ако не сакате не ни мора , ја упоште не ставам ни бонбони ни грозје)
    1 маргарин
    2 пакетчиња шлаг крем (може и едно зависи колкава е тортата )

    Бисквитите се кршат на ситни делови . Чоколадото заедно со маргаринот во млеко се става да се растопе. Ораите се чистат, а после се мелат во блендер или се сецкат на ситно . Кога чоколадото со маргаринот ќе се растопат во млекото (тоа ќе биде течно) и се истура т.е. се попаруват бисквитите убаво. И тогаш се става во послужавник или нешто друго и се праве формата на тортата . Се става шлагот (дури ако не сакате шлаг не ни мора) и се става да замрзне во комората на фрижидерот. После пола саат може да се изваде :) :)
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Рецепти за торти

    Бисквит торта

    1кг. бисквити
    500гр. шеќер
    500мл. млеко
    1 маргарин Кристал
    1 чоколадо за готвење

    Млекото се става во тенџере да зоврие. Откако ќе зоврие, се додаваат шеќерот, маргаринот и чоколадото. Смесата треба да зоврие. Откако ќе зоврие, тенџерето се трга од оган. Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во тенџерето. Се меша со лажица. Се формира тортата и се лади во фрижидер.
     
  20. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Пред неколку дена ми беше роденден и немав идеа каква торта да стокмам. Листајќи тука, наидов на овој рецепт и го направив. Тортата е стварно прекрасна :clap: , сите ми ја бендисаа (а и прилично голема излегува). Само јас направив мала измена - во тој фил каде што има ореви, ставив кокос 200г.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.