1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Банана торта

    4 пудинга од ванила
    1 литар млеко
    15 лажици шеќер
    2 маргарина
    250гр. шеќер во прав
    300гр. бисквити (кршени)
    300гр. кокос
    1кг. банани (сецкани на кругови)

    Се варат млекото, пудинзите и шеќерот. Смесата се лади во фрижидер. Се матат маргарините, шеќерот во прав, бисквитите, кокосот и бананите. Ова се додава кај изладениот пудинг и се мати. Се лади во фрижидер. Откако ќе се излади, тортата се обликува по желба.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт за една освежителна и вртоглаво-лесна-за-правење торта :)
    Ја пробав на роденден, многу ми се допадна, па си ја направив.

    Потребни состојки:
    - 800 грама бисквити
    - 1 литар јогурт
    - пола кило шеќер
    - шлаг
    - овошје по избор (во мојов случај праски)

    Бисквитите се кршат на парчиња, а потоа се додава јогуртот (во кој можете претходно да го истурите шеќерот за да се растопи додека ги кршите бисквитите). Потоа врз бисквитите го истурате јогуртот и мешате полека додека не станат меки. Зависи и каков јогурт ќе употребите - ако купите од оној со помала масленост што е потечен, не го ставајте цел бидејќи попара ќе направите :)
    Смесата поделете ја на два дела дела и едниот дел ставете го врз послужавник. Врз тоа ставете ги праските (исечени на резанки), а врз праските останатиот дел од смесата.
    Потоа изматете шлаг и премачкајте ја целата торта.

    Може да ја преполовите смесата, бидејќи ова не е од оние торти што стојат долго а испаѓа прилично голема. Јас ја имам пробано и со потрокал и така е вкусна :)
     
  3. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Пудинг со бисквити

    2 пудинза
    1 л.млеко
    шеќер
    600 гр.бисквити
    чоколада за кување

    Пудингот се први по истата постапка како што се прави.Се грее млекото пудингот се разматува во 100-150 гр млеко со 6-7 лажици шеќер се мати додека не се соедини пудингот и млекото и не се растопи шеќерот а потоа се додава во млекото што се грее.Откако ќе се направи се кршат бисквити во пудингот а потоа се претува во тепсија.Одозгора се растопува чоколада и се размачкува на тортата.

    Можеби до сега била напишана,но ептен е лесна и одма се прави
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    леле Mорам да го пробам ова :)
    само да не згрешам Nешто а
    :?:
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Само следи ја постапката и нема утка на рецептот. И првпат кога ја правев беше ептен успешна, а сега експериментирам со состојките, некогаш ставам пудинг од карамела на Др.Еткер наместо пудинг од ванила и пак е убава. Наместо бананки ставам ресана. Без разлика, пробај го прво оргиналниот рецепт, а потоа сите модификации и секогаш одново и одново ќе бидеш одушевена од вкусот. ;)
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Лесно, летно и вкусно:

    Потребни состојки:
    1. 500мл хопла (слатка павлака)
    2. 2 пакувања ресани
    3. кокосово брашно

    Хоплата се мати. Во неа се додаваат претходно издробените ресани (јас ги дробам со рака, ги кршам директно во садот) и смесата се меша со лажица. Потоа се формираат топчиња (бомбици) кои се валкаат во кокосовото брашно. 8)
     
  7. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Gea тортата е преубава, баш вчера ја направив, само направив некои измени :) Наместо пишкоти ја правев со бисквити, и во вториот дел од пудингот ставив еурокрем и цоколадо..Како и да е се водев по твојот рецепт и сите кои ја пробаа ја бендисаа многу :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Gea им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Кремаста торта

    1 пакување пишкоти
    4 лажици нескафе
    4 лажици какао
    500мл. слатка павлака
    300гр. шеќер
    6 јајца

    Јајцата се кршат и белките се одделуваат од жолчките. Жолчките се матат со шеќерот. Белките се матат во друг сад. Белките се додаваат во садот со жолчките и се мешаат со лажица. Слатката павлака се мати. Се додава кај изматените јајца и се меша со лажица. Смесата се дели на 3 дела. Првиот дел треба да биде празен. Во вториот дел се додава нескафето и се меша со лажица. Во третиот дел се додава какаото и се меша со лажица. Пишкотите се топат во млеко и се редат во послужавник. Одозгора се ставаат филовите - првиот, вториот, па третиот фил. Најодозгора се редат останатите пишкоти. Тортата се става во фрижидер да се излади.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]

    торта Монте, која се состои од три слоја, а за нејзината подготовка не е потребно печење.



    Состојки:

    - Прв крем: 1 л. млеко, 100 гр. густин, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 гр. путер

    - Втор крем: 500 мл. слатка павлака (хопла) и 200 гр. чоколадо

    - бисквити

    - малку рум

    Подготовка:

    1. На помало тавче за печење наредете ги бисквитите во еден слој и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

    2. За првиот крем ставете го млекото на рингла да се топли и додадете малку рум. Во друг сад измешајте го шеќерот и густинот со малку ладно млеко за да добиете изедначена смеса. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со густинот и на послаб оган мешајте околу 2 минути. Во врелата смеса додадете го путерот и прелијте ја врз бисквитите.

    3. За вториот крем, на послаб оган загрејте ја слатката павлака во која сте го додале исечканото чоколадо, а кога истото ќе се стопи, прелијте го врз првиот крем и оставете ја тортата да се олади.
     
    На КикиМаус, Lepaaa, fear и 6 други им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    а колку пишкоти ,бананки се стават/редат..?
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ^
    Се ставаат 400 грама пишкоти и отприлика околу 20 крем-бананки.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Крем торта

    1л. млеко
    8 лажици шеќер
    4 пудинга од ванила
    1 маргарин
    250гр. шеќер во прав
    200гр. мелени бисквити
    200гр. мелени лешници

    Се варат млекото, шеќерот и пудинзите. Откако пудингот ќе се свари, се лади во фрижидер. Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Ова се додава кај изладениот пудинг. Се меша со лажица. Пудингот се дели на 3 дела. Во првиот дел се додаваат бисквитите. Се меша со лажица и се става во округло тавче. Одозгора се става вториот дел (да биде празен). Во третиот дел се додаваат лешниците и се меша со лажица. Овој дел се става одозгора. Тортата се лади во фрижидер.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    бисквит ролат

    500мл млеко
    1 пакетче бисквити
    4 лажици шекер
    1 маргарин

    мллекото,секерот и маргаринот ги ставаме во тенгере на огин да се соедини и малце да вари.
    4 лажици нишесто
    4лажици шекер
    4 лажици какако
    овие состојки се промешуват со малце млеко и потоа се додава во тенгерето со марагрин и другите состојки и да кркне уште малце и од како ге згусне го тргаме од огин.
    потоа секоја бисквита ја потопуваме во филот и ја ставаме нагоре на косо/ сите бисквити ги правиме по иста постапка и ги ставаме дна до друга,доајга како ролат.
    од како ке залади малце со најлонска фолија ставаме од озгора и го ставаме во ладилник.
    од како ке олади се сече на косо ролатот и се сервира.

    најубаво е да се направи од денес за утре,повеке стои во фрижидер и повкусен е :)
     
  14. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.062
    Пол:
    Женски
    Состојки
    -100 гр чоколадо за готвење
    -250 гр путер
    -250 мл млеко
    -300 гр бисквити
    -120 гр ореви
    -800 гр ресани

    Ресаните и бисквитите искршете ги на 4 дела и ставете ги во еден сад. Додајте ги оревите крупно сечкани (претходно потпечени кратко во рерна). Млекото, путерот и чоколадото стопете ги на тивок оган. Кога ќе се растопат, со оваа смеса се полеваат сувите состојки и се меша додека не се соединат. Оваа смеса се става во калап обложен со најлонска фолија и се става во фрижидер да се стегне. Може да се украси со шлаг, глазура, рендано чоколадо, кршени ореви.

    :D
     
    На savana и Lovely93 им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Истиов рецепт ќе го пишував, само без оревите. :D
    Многу убава и едноставна торта.
     
    На cinderella5 и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Состојки:
    -Пандишпан(во големо ќесе шо се,искршените кори)
    -2 пудинга од чоколадо
    -ресани,бананки,ореви,лешници,желе бонбони..по желба
    -кокос.

    Пандишпанот се искрши на поситни делови во сад,притоа се става кокос(по желба),ресани(со вкус на портокал,по специфичен мирис даваат),ореви исецкани или лешници.Сварениот пудинг се додава во сдот,и откако ќе се избрка со смесата,се става во плек,кој претходно е намачкан со малку зејтин и кокос.Исто така,и врз смесата се посолува кокос.

    Нешто едноставно,брзо и убаво :)
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
  18. kristijana88

    kristijana88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Јас ја правам ресана тортата и прекрасна е за неа е потребно:
    5 пакетчиња ресана
    2 пакетчиња плазма
    половина литар млеко
    1 чоколада за готвење
    1 маргарин кристал
    400 грама ореви
    3 пак. ванилин шеќер
    и 2 пак. шлаг пена
    Подготовка:
    Ресаната се сече на четири дела, плазмата се крши исто на четири дела се става во поголем сад и се додаваат оревите исецкани, потоа во тенџере на огана се става маргаринот, мекото ,чоколадата и ванилиниот шеќер се заедно да зоврие се трга од оган и се тура во садот со ресана, плазма и ореви се меша (не многу да не се издробат ресаните) и се става во тепсија се расплескува и се остава да се олади. Откако ке се олади се мати шлагот се става на тортата, и спремна е за јадење.
     
    На ladymici му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.352
    Еве еден рецепт за непечена торта - посна
    ЛЕДЕНИ ЈАБОЛКИ
    Состојки
    1,5 кг јаболки
    100 гр растителен маргарин
    300-400 гр шеќер ( зависи колку се благи јаболките)
    3 пудинга од ванила
    1 лажичка цимет
    300 гр бисквити
    сецкани ореви
    Подготовка
    Во длабоко тенџере се ставаат исчистени и изрендани јаболки. Им се додава маргаринот и шеќерот и се пропржуваат на оган да омекнат. Се додава 1 литар вода*. Откако ќе зоврие се додаваат 3 разматени пудинга од ванила и една лажичка цимет. Кога ќе се згусти се трга од оган.
    Во плек се редат бисквити цели и неискршени, се додава половина од кремот со јаболки, повторно се редат бисквити и се прелива со остатокот од кремот. Одозгора се посипува со сецкани ореви и цимет во прав.
    * Од литарот вода со кој се полеваат пржените јаболки оставете дел за да ги растворите пудинзите!!!
    Кога добро ќе се олади се сечат коцки. Пријатен апетит!!!
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    НУГАТКИ

    Потребно е:

    - една наполитанка Хазелнут, (која се мели)
    Ваква:

    [​IMG]

    - едно пакување Нутела или Алпико еурокрем од КАМ (јас со Алпико ги правам, поубави ми испаѓаат)
    - лешници мелени, отприлика т.е. по желба ама треба да има повеќе

    Се ова се меша и се обликуваат топчиња во чоколадни мрвици.

    После тоа се ставаат во фрижидер за да се стврднат, по што може да се сервираат.

    Лесни и преубави колачи за само 10 минути. :)
     
    На Veki4kaa, EMoonlight и Monroe им се допаѓа ова.