1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    торта бела рада...потребни се два ролати јас земам винчини што се оние и ги сечам како за сервирање нормално...првиот ролаат го ставам одоздола исечен на плех па ставам фил.за филот потребно е 600 гр млеко и 300 гр шеќер,два пудинзи од ванила и настрана еден маргарин со прав шеќер да се измеша тоа кога ке се олади.и над филот другиот ролат па пак фил и шлаг одозгора.се става и крем банани во филот кој сака...тортава е преубава и излегува д0бро количински....само да напоменам дека првиот дел долу ако се става хоризонтално парчињата ролат тој одозгора верткално.пробајте мн е лесна и убава за јадење :rock:
     
  2. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    Торта со киви
    Се варат 2 пудинга од ванила (без шеќер) и се става во 400гр кршени бисквити 1 маргарин се мати со 250гр шеќер во прав и се става 2 банани изгмечени. Се меша со бисквити и се додава 3 киви сецкани, 100гр ореви сецкани, 100гр суво грозје и 100гр рендано чоколадо. Се плеска во плех и се става одозгора 2 шлаг пена.
    Доколку сакате наместо киви можете да ја направите со портокали или праски. :)
    Јас истава ја правам само наместо киви ставам портокали, многу е вкусна и лесна за јадење.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    33.240
    Пол:
    Женски
    бисквит торта 1кг бисквити, 3 пудинзи од чоколато, 1л млеко благо и 1кг банани од 1л млеко се остава 200мл за брцкање на бискритите (една по една)
    др млеко се вари пудинг и се филоваат бисквитите над филот се ставаат кругови банани и се повторува постапката и најгоре шлак
     
  4. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    А бе еве ви една од мојата покојна баба Цветанка-нејзин рецепт.Бидејќи јас неа не сум ја запознала тато еве каква ја прави :D
    Пудинг(било каков)
    Пандиспања
    Ред пандиспања ,ред пудинг. (Колку што сакате редови се прави.)
    На крај можете и хопла да ставите и да ја украсите,но тоа е по желба :D
     
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.352
    Еве еден стар, испробан илјада пати, рецепт за КАСАТО торта
    500 гр кршени бисквити
    250 гр путер (маргарин)
    200 гр шеќер во прав
    3 жолчки
    200 гр чоколадо (100гр млечно и 100 гр за готвење)
    150гр ореви
    150гр желе бомбони
    150гр суво грозје
    Путерот се мати со шеќерот во прав, му се додаваат жолчките и растопеното чоколадото и убаво се воедначува да се добие хомогена смеса. Во смесата се додаваат бисквитите искршени и попрскани со малку млеко, исецканите ореви и желе и на крај сувото грозје кое претходно е потопено во рум. Се убаво се помешува и се обликува торта. Одозгора се премачкува со шлаг пена и се украсува по желба со чоколадни или шарени трошки. :party:
     
  6. sanny08

    sanny08 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Еве и од мене нешто..

    2 чоколади за готвење
    80 грама оризови снегулки
    1 крем

    -се растопуваат чоколадите,потоа се додава кремот,сето тоа окако ќе се измеша се трга настрана и се додаваат снегилките..се промешува се става во тавче и се остава во фрижидер да се стврдне..потоа се сече и се послужува

    * наместо снегулки може да се стават бадеми или лешницо ( ќе испадне како чоколадото со лешници) :)
     
  7. ice.princess

    ice.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Милка Торта
    Потребни состојки:
    ● 1 литар млеко
    ● 10 лажици шеќер
    ● 3 пудинзи од ванила
    ● 300 грама млечна Милка чоколада
    ● 100 грама бела Милка чоколада
    ● 500 милилитри слатка павлака
    ● Плазма кекс во количина доволна за обложување на дното од садот

    Најпрво од вкупната количина на млекото одземете малку, се со цел истото да го употребите за матењето на пудингот и шеќерот, а останатото млеко ставете го да се вари, па потоа во истото ставете го разматениот пудинг и шеќер.Откако пудингот ќе биде готов, поделете ја смесата на два дела, па во едниот ставете го темното млечно чоколадо, а во другиот белото Милка чоколадо, и мешајте се додека чоколадото не се стопи. Потоа, така подготвениот крем оставете го да се излади.Во друг сад изматете ја слатката павлака, па по ¼ од истата ставете во белиот и темниот крем.На крајот, земете сад и истиот обложете го со кеса во која што ќе го истурите најпрво белиот крем, врз кој потоа ќе го ставите остатокот од слатката павлака, односно половината од вкупната количина и на крајот ставете го темниот крем.Внимавајте, сето тоа треба да го правите бавно и внимателно. На самиот врв ставете еден ред плазма бисквити натопени во млеко. На крајот, затворете ги рабовите од ќесата и вака подготвениот десерт оставете го во фрижидер неколку часа.По неколку часа, извадете ја тортата, отворете ја ќесата и целата торта превртете ја на чинија за послужување. Вашата Милка торта ќе биде со идеален облик, а целиот десерт можете да го декорирате по ваша желба.
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    Ја испробав тортаваа и феноменалнаа ее мх мх :clap: :inlove: леле има секоја недела да ја праам хахахх :lol: и ставив 2 шлага пошто сакам поише да имаа 8)
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    дали ја имате пробано,баш ја читав по фб и онака името ми е примамливо ^_^
     
  10. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Јас не готвам, освен кога готвам. :D

    Бисквит торта

    Фил: Се топи 150гр. чоколадо и по желба 2 лажички мармалад. Се остава да се олади.
    Во друга чинија се става маргарин (со прав шеќер 250гр) и едно јајце. Се мати. Откако ќе се олади чоколадото се додава во маргаринот.

    Бисквитите 1kg. пола црни, пола бели. Се потопуваат во млеко па се редат во плех. Се реди бисквит-фил-бисквит-фил-бисквит. Одозгоре се става чоколадна глазура.

    Чоколадна глазура: 100гр чоколадо, 1 јајце, 3 лажички шеќер и маргарин
    Се топат заедно со мешање додека не се добие хомогена смеса.

    Слика во спојлер:
    [​IMG]
     
  12. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Здраво феминкии..ајде малку помош во врска со тортите.Дали знаете каде во Аеродром се продаваат евтини торти,така поблага цена :lol: не многу големи, али форма на торта..хихи .. Поззз :*
     
  13. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Дечки оваа торта што сега ќе ви ја кажам е превкусна ја имам правено 2 пати
    Јогурт тотра
    Потребни состојки:
    -400 гр. бисквити
    -200 гр. шеќер
    -500 гр. јогурт
    -2 банани
    -1 шлаг пена
    Погдотвување:
    Во длабок сад се става шеќерот и јогуртот.Тоа се меша и се додаваат бисквитите искршени.Се ставаат во калапот.Потоа бананите се сецкаат на кругови и се додаваат одозгора а потоа се става шлагот.Ако сакате одозгора може да изрендате чоколадо.
    Може тортата е чудна затоа што има јогурт и јас не бев сигурна за неа на почетокот но кога ја пробав,ауу преубаво.. :)
     
  14. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64

    Да ногу е убава ја знам ја правам слично.

    400 мл јогурт
    400 грама бискоти
    9 лажици шеќер и ставам една ванила
    Бискотите ги кршам и во нив го додавам јогуртот,шеќерот,ванилата и рендам кухинско чоколадо околу 2-3 реда и мешам додека не се соединенат.Потоа го ставам во една голема чинија сето тоа и врз нив банани сечам па шлаг од ванила и одозгора повторно банани па шлаг од чоколадо и реднам повтортно кухинско слична е на твојата :D
     
  15. thesanja

    thesanja Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Брза, лесна и неодоливо вкусна!
    Потребни состојки: 1кг ресани (може и од еден и од повеќе вкуса), 200гр млеко, 200 гр сецкани ореви и 1 маргарин
    Начин на подготовка:ресаните се сечат на четвртинки и се ставаат во длабок сад. Во садот се дидаваат и оревите. Маргаринот заедно си млекото се топи на оган и се додава во садот со ресаните и оревите. Потоа сето тоа го месите со раце ( ги гмечите убаво ресаните ), се додека. не се соедини се убаво.
    Смесата можете да ја расплескате во правоаголна форма со дебелина од 2 прста. Одизгора можете да ја премачкате со истопено црно чоколадо и да исшарате со бело ( или обратно) можете и со мрвици да украсите, ваш избор. Илу пак едноставно можете да си направите и бомбици.
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тортава е фемоменална. Во рок од 1 месец ја направив 3 пати поради брат ми. Тој ич не е по благо ама оваа торта масакар ја прави.
     
  17. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    Не ги читав сите коментари, ако го има рецептот се извинувам :)
    Инаку често си ја правам и превкусна е, а и не ви треба многу состојки:
    Бисквити
    Хопла
    Кафе или какао или капучино, ваш избор

    Ќе сварите капучино или што сакате, јас користам капучино, повкусно е.Ќе го направите со шеќер, колку сакате да е благо.Бисквитите ќе ги потопите во него, една по една и ќе ги редите во некое тавче, јас користам послужавник.Ќе премачкате со хопла, која претходно ќе ја изматите.Пак ќе потопите и ќе редите бисквити, јас редам 3 редови бисквити и на крајот ја премачкувам тортата со хопла и посолувам капучино или рендам ччоколадо за готвење.
    Превкусно :lol: , инаку ја чувате во фриждер за замрзнување :!:
     
  18. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски

    истата смеса ја имам направено за бомбици :)
    навистина се прекрасни :inlove:
     
  19. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Чоколадна торта која не се пече


    Состојки:


    • 1l млеко
    • 10 лажици шеќер
    • 3 пудинзи од ванила
    • 300g млечно чоколадо
    • 100g бело чоколадо
    • 500ml слатка павлака
    • Пакетче бисквити
    Подготовка:

    Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.

    Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.

    Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.

    Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.

    Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.

    Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.

    Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.

    Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.

    Сечете и декорирајте по желба.
     
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Тортата нема име, ама преубава е. :D
    Ред бисквити потопени во млеко се редат, врз бисквитите се става хопла, врз хоплата се ставаат плазма крекери или како да ги наречам потопени во млеко, сигурно ги знаете, врз плазма се става свежа банана, врз баната се ставаат пак бисквити потопени во млеко, врз бисквитите ресани, но пробајте од цреша или вишна, пре убаво е со такви, врз ресаните пак ред плазма крекери потопени во млеко и на крај целата торта ја премачкувате со хопла. Оваа постапка ја правите толку колку што сакате. Пробајте нема да зажалите. :)

    П.С заборавив да напоменам, и ресаните се брцнуваат во млеко.
     
    На Tajnaotrovna и Hipica им се допаѓа ова.