1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Sega ja napraviv tortata so kroasani :D em lesno em vkusno :P
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Чоколаден ролат со банани и јаболка

    Потребни состојки:
    250 гр. маргарин
    300 гр. мелени бисквити
    150 гр. шеќер во прав
    4 јаболка
    3 пасирани банани
    100 гр. чоколадо за глазура
    1 лажица масло

    Подготовка:
    Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити.
    Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто.
    Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани.
    Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат.
    Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло.
     
    На mia993 и teodoricaa им се допаѓа ова.
  3. teodoricaa

    teodoricaa Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Da li su cvrti rolati?
     
  4. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Двобојна чоколадна торта без печење


    Потребни состојки:

    • 1 литар млеко
    • 10 лажици шеќер
    • 3 пудинзи од ванила
    • 300 г млечно чоколадо
    • 100 г бело чоколадо
    • 500 мл слатка павлака
    • Бисквити
    Начин на подготовка:
    1. Во 200 мл млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот млеко сипете го во тенџере, пуштете го на средна температура и почекајте да зоврие. Додајте ги разматените пудинзи со шеќерот и мешајте додека не добиете пудинг смеса.
    2. Поделете ја количината на два еднакви дела, па во едниот ставете го млечното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. После тоа оставете смесата да се олади.
    3. Измиксајте ја слатката павлака, па по четврт од добиената смеса додајте во двете смеси со чоколадо.
    4. Во кружен калап (може и тавче), ставете фолија на дното и на страните, па излијте ја белата смеса и дел од темната смеса. Смесите благо промешајте ги како би се формирале црно-бели шари.
    5. После тоа нанесете го остатокот од слатката павлака, па остатокот од темната смеса и израмнете. Правете го ова полека, без брзање.
    6. Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги по површината на смесата. Потоа преку колачот поставете фолија и ставете го во фрижидер на околу 2 часа за сосема да се стегне.
    7. Извадете го, тргнете ја фолијата и ставете кружен послужавник врз колачот (добро е да е малку поголем од колачот) и превртете. Отстранете го калапот и тоа е тоа. Тортата може да се декорира по желба.
     
    На Irrepleceable и mia993 им се допаѓа ова.
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    КАРАМЕЛА

    Потребни состојки:
    *
    20 Карамела бомбони
    *1/2 Маргарин кристал
    *2 Јајца
    *1 Плазма мелена
    * Чоколада (предлагам од тие блок што се црвена повкусно е)
    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
    Се топи маргаринот на тивок оган и се додаваат карамелите,мешајте додека не се стопат,потоа се додаваат јајцата предходно изматени, се меша внимателно да не се запржат јајцата. Кога се ке се соедини се става плазмата.Добиената смеса истурете ја во тепсија било каква округла или правоаголна (бројот на тепсијата не го спомнав ке видете сами според смесата колкава е, да нее многу тенко но и да нее многу високо кога ке послужувате) израмнете добро па прелијте го со топената чоколада на пареа, се става во ладилник околу 15 мин. кога ке го извадете насечете го на коцки и добар апетит. Верувај те нема да зажалите ако го пробате.:)
     
    На КикиМаус, Adi888, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Ми изгледа привлечно. Осеќам дека ќе трчам до дуќан по карамели :lol:
    Единствено што би сменила е путер наместо маргарин. Уште повеќе ќе го истакне вкусот на карамелата - ќе дојде нешто како најпрекрасните у свет карамели Werther's Original.
     
    На КикиМаус и Kukla994 им се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Вака јас ти препорачувам со маргарин пробај прво совршен е вкусот е после ако мислиш дека ке биде убаво и со путер пробај и така но најпрво прави го со маргарин јас гарантирам.;)
     
    На elanor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Рум-штангли

    Состојки:
    300 гр. компир
    300 гр. бисквит
    200 гр.темно чоколадо
    140 гр. маргарин
    200 гр. шеќер во прав
    1 лажица какао
    2 лажици рум
    1 лажица масло

    Подготовка:
    1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100 гр. чоколадо и 100 гр. маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.
    2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.
    3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40 гр. маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.
     
    На Abrakadabra и mia993 им се допаѓа ова.
  9. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Шенокле (мачмало)

    -2 кесички желатин се става во 100 мл вода да набанри околу 10 минути.
    -во тенџере се става 150 мл вода и 300 гр шеќер за проврие 5 мин, да се направи густ шербет.
    Се вади од оган шербетот, му се додава набабрениот желатин и малку се мати со миксер.
    Се остава смесава да се олади во фришидер.
    Се матат 4 белки во густ снег со 10 лајци шеќер,се мешаат со изладениот шелатин и се матат со миксер. На тепсија се редат бисквити (немојте дополнително да ги навлажнувате, ќе си примат) и им се тура смесата.
    Добро се измазнуваи се остава во фрижидер да се здрви. Потоа се тура одозгора стопена чоколада и се сечат коцки, секоја коцка странично можете да е измрцкате во кокос.

    Брзо, едноставно и необично :) 10872538_10203568196419509_2142690851_n.jpg
     
    На Irrepleceable и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    @Kukla994 moze od onie sto se karamel bomboni? Sto posluzuvame :) zolto so lesnik e zgora pakovanoto.
    Sakam da go probam,mi izgleda lesno i vkusno.
    A jajcata mateni gi dodavas ili?
     
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    da mila od tie karameli бомбони незнам како да ги наречам. Да да јајцата претходно матени малце така со вилушка или жица ако имаш без разлика само да се измешани и внимавај кога ги додаваш мн ке мешаш да не ти се спржат знаеш грозно ке биде после.
    Прашај уште нешто ако не ти е јасно те молам;)
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Dali moze nekoj/a da mi napishe recepr za filot so medeni srcinja i torta so toj fil :D
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Торта со хопла

    200мл. хопла
    1 мало канче кисела павлака
    100гр. шеќер во прав
    400гр. бисквити
    10 крем-банани
    3 банани

    Хоплата се мати. Се додаваат павлаката и шеќерот во прав и ова се мати. Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во садот. Крем-бананите и бананите се сецкаат на ситни парчиња и се додаваат во садот. Се меша со лажица. Смесата се става во правоаголно тавче и се лади во фрижидер.
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Чоколаден колач со неодолива глазура

    Потребни состојки:

    1 Пакетче тенки кори за торта
    1,5 л. млеко
    2 пудинзи од чоколадо
    200g шеќер
    4 лаж. брашно
    2 лаж. густин
    300 гр. чоколадо за готвење
    250 гр. Милка чоколадо
    3 пакетчиња бванилин шеќер
    200 гр. путер или маргарин

    За глазура:
    50 гр. путер или маргарин
    50 гр. млечна Милка чоколадо
    1 дл. слатка павлака

    Подготовка:
    Загрејте литар млеко додека не зоврие, па во него помешајте го преостанатото млеко со пудинг, брашно, густин и шеќер.
    Кога кремот ќе биде готов тргнете од оган и додадете го чоколадото да се растопи. Прво мешајте со дрвена лажица, па потоа неколку минути со миксер.
    Измешајте го маргаринот или путерот со ванилин шеќер и додајте го во оладениот крем.
    Премачкувајте ги корите со по еден дебел слој крем се додека не го потрошите материјалот.
    На крај, стопете ги сите состојки за глазурата на пареа и прелијте ја целата торта.
    Сечете коцки или правоаголници и послужете ги оладени.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    A колку бисквити се редат во еден ред?
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ^ зависи, по рецептот се 400 грама пишкоти.
     
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Nekoj brzinski fil za gotovi kori?fala odnapred
     
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Во сад се става 250 гр шеќер, 6 жолчки и 2 јајца.
    Се мати и се додава 100 гр брашно се додека не се изедначи.
    Во посебен сад се ставаат 1 литар млеко и ванилин шеќер.
    Кога ќе зоврие млекото се додава припремената смеса.
    Се намалува температурата и се меша да не загори со дрвена лажица.
    Се вари неколку минути додека кремот не се згусне.
    Се трга од шпорет и се остава да се излади.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Najbrzinski fil ti e toj so hopla.Ja matis hoplata i ja delis na dva dela,vo edniot dodavas bel krem,vo drugiot crn.Po zelba moze da stavis i ceckani orevi,lesnici,suvo grozje...mene mi e vkusen go pravam so fineti ili eurokrem
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  20. feminka321

    feminka321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Правам торта на која што не и го знам името, но си ја викам СЕ ПО 200. За тортава е потребно: 200 гр. бисквити, 200 гр. крем банани, 200 гр. ресани, 2 пудинга од ванила,250 гр. шеќер, 1 коцка кристал маргарин и пола литар млеко. Најпрвин се кршат бисквиите, се сецкаат крем бананите и ресаните и се ставаат во еден сад. Се прават пудинзите со млекото и шеќерот. Откако ќе се направи пудингот, во него ја додаваме коцката маргарин за да се стопи. Потоа тој фил го додаваме во другиот сад, и мешаме. Откако се ќе се соедини, се става во некој сад, и на тортата може да се направи глазура. Јас ја правам со 100 гр. чоколада за готвење, 2 лажици шеќер, 2 лажици масло и 5 лажици млеко. Се се топи на пареа, и потоа се премачкува тортата. Не треба многу труд и малтретирање, а тортата е превкусна. ;)
     
    На Mi-Ma, victoria, Libera и 2 други им се допаѓа ова.