Торти што не се печат

Discussion in 'Рецепти' started by mackice, Sep 7, 2010.

  1. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    226
    Likes Received:
    1,087
    Gender:
    Female
    Колач со суво овошје

    Смесата ќе дојде како сувите колачи, преубаво богато чоколадно уживање

    Потребно ви е:

    околу 500-600 ml слатка павлака
    350 гр. суви смокви
    150-200 гр. брусница
    150-200 гр. сецкани ореви
    200 гр. мелени бисквити
    250 гр. црна чоколада за готвење
    100 гр. млечна чоколада

    Се става слатката павлака во поголем сад на оган, сосема малку да се стопли, потоа се додава сувото овошје и мелените бисквити и се меша. Полесно здравје :)

    Настрана се топат чоколадите со малку путер и се додаваат во погорната смеса. Најпосле се' се става во еден калап по ваша желба обложен со провидна фолија или малку путер да се стврдне во фрижидер.

    Изборот на суво овојшје е по ваша желба. :) Едноставно а вкусно.
     
  2. praski4e

    praski4e Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    1,024
    Likes Received:
    1,170
    Gender:
    Female
    Касато
    250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко
    250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав
    Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот.
    250гр сецкани ореви
    250гр суво грозје (се полива со малку рум)
    250гр сецкано чоколадо
    250гр желе бомбони
    Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.
    Кроасан торта
    -200 гр шеќер
    -150 гр еурокрем
    -3 пакетчиња пудинг од ванила
    -1 л млеко
    -1 пакетче шлаг крем
    -250 гр маргарин
    -100 гр чоколадо
    -200 гр бисквити
    -3 пакетчиња мали кроасани
    Подготовка
    Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.
    Ресана торта

    Потребни состојки:
    1 килограм ресани
    1 коцка маргарин
    200 милилитри млеко
    200 грама шеќер
    100 грама чоколадо за готвење
    Начин на подготовка:
    Во сад на оган се става млекото со шеќерот и се додава три-четвртини од маргаринот. Откако ќе зовријат, смесата се трга од оган и се остава да се олади. Изладената смеса се меша со ресаните што претходно сте ги исекле на четвртинки и малку се промешува. Тортата се става во калап за да го добие својот облик. Останатата четвртина од маргаринот, заедно со чоколадото, се топат на пареа, а потоа смесата се нанесува на тортата. Тортата се става да стврдне во замрзнувач.
    Торта со пудинг и бисквити
    Потребно:
    2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
    800 g бисквити
    1литар млеко
    Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне (омилената).
     
    Milobebence, Acka22 and Legadema like this.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    Благо набрзина: Домашни бајадери за само 20 минути

    За само неколку минути може да подготвите неодоливи благи за целото семејство. Дознајте како!

    Потребни намирници:

    [​IMG]
    Profimedia.com

    • 9 лажици вода
    • 200 гр шеќер
    • 150 гр мелени ореви, бадеми или лешници
    • 250 гр мелен кекс
    • 170 гр путер
    • 100 гр чоколадо за готвење
    За глазура:

    • 100 гр чоколадо за готвење
    • малку масло
    Начин на подготовка:

    Во еден сад ставете ги водата и шеќерот и загрејте го на средна температура, се додека шеќерот целосно не се растопи. Додадете го путерот, потоа садот тргнете го од плотната и мешајте се додека истиот не се растопи. Кога путерот целосно ќе се растопи додадете ги оревите и мелениот кекс и мешајте се додека не добиете густо соединета смеса.

    Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото растопете го на переа и потоа измешајте го заедно со првиот дел од смесата.

    На послужавник ставете масна хартија за печење и потоа во него префрлете го првиот дел од смесата (со чоколадо) и со помош на вашите раце направете квадрат.

    Над него на ист начин ставете го вториот дел од смесата. Остатокот од чоколадото растопете го на пареа, во него додадете малку масло и потоа рамномерно истурете го одозгора. Бајадерата оставете ја во фрижидер да се стврдне, а следниот ден исечете ја на мали коцки и послужете го вашето семејство.

    Лесно и едноставно…На здравје!

     
  4. AnnaR

    AnnaR Нов член

    Joined:
    Jun 28, 2016
    Messages:
    5
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
  5. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2016
    Messages:
    1,021
    Likes Received:
    4,888
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Испробано :nod:

    И доколку не сте уметник во кујната, ќе го обожавате овој рецепт! Ќе го сакате бидејќи е толку едноставен и брз, а вкусот на тортата е фантастичен!

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 5 кутии ресани

    * 150гр маргарин

    * 50гр млечно чоколадо

    * 150мл млеко

    * 5 лажици шеќер

    * 100гр чоколадо за готвење

    * 1 лажица масло

    * по желба додадете и малку вишни, малини или јагоди

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Истопете го маргаринот и мелчното чоколадо, додадете го мелкото и 5 лажици шеќер, па се заедно мешајте на тивок оган додека не се истопи.

    Ситно исецкајте ги ресаните. Полиете ги со претходно подготвената смеса. Доколку ставате овошје, ситно исецкајте го и додадете во смесата.

    Оставете ја да се излади па ставете ја во калап обложан со фолија. Оставете ја во фрижидер неколку часа. Извадете ја од калапот и полиете ја со филот од чоколадо за готвење. По желба декорирајте со шлаг или овошје.
     
    Legadema and okcenzi like this.
  6. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    679
    Likes Received:
    1,630
    Gender:
    Female
    Бисквит торта
    Потребни состојки:
    700g бисквити
    1литар млеко
    3 пудинзи од чоколадо
    3 банани
    Најпрво ги вариме пудинзите со млекото и го оставаме да се излади, во меѓувреме ги кршиме бисквитите во поголем сад на мали парчиња и ги сечеме бананите. Откако ќе се излади пудингот го ставаме во садот и мешаме се заедно додека убаво не се соедини, го ставаме во калап и оставете ја во фрижидер еден ден да се стврде. Потоа по желба можете да ставите и шлаг и чоколаден прелив.
    (Оваа е една од моите омилени :inlove:)
     
    Legadema and okcenzi like this.
  7. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2017
    Messages:
    851
    Likes Received:
    8,361
    Gender:
    Female
    Еве од мене еден рецепт за домашна торта што не се пече.
    Ќе купите една хопла и ќе ја изматите со миксер, 10 минути се мати ама во малку поголем сад.
    Ке си купите бисквити (обични)и ви треба млеко, не знам сега точно колку се зависи од тоа колку сакате да е голема тортата. На даска за торта ќе почнете да редите бикствита по бисквита ама предходно бикствитите ги потопувате во млеко кое треба да е средно млако. (Значи млекото треба е млако ни многу топло, ни многу ладно зошто во спротивно ќе се распаѓаат бискквитите). И ги редите дали како коцка, дали како правоаголник бисквитите, кој како си сака. Откако ќе наредите прв ред бисквити со поголема лажица мачкате врз нив од хоплата и редите крем бананки, обични банани, желе бомбони, оревчиња, може и кросани јас ставам кога имам, зависи што имате. Потоа одозгора редите друг ред бисквити, секкао предходно потопени во млеко. И пак истото го повротувате, исто и по трети пат зависи колку сакате да е голема тортата. На крај редите одозгора бисквити (потопени во млеко) и во остатокот од хоплата ставате 2 лажички какао (може и едно нес кафе, зависи што имате) и ја матите едно пат минути со моксер за хоплата да стане потемна, и тортата ја премачкувате со истата таа хопла.
    Одозгора може да си наредите што сакате за декорација.
     
    theowndemon likes this.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2012
    Messages:
    2,648
    Likes Received:
    9,535
  9. Darling.

    Darling. Активен член

    Joined:
    Aug 31, 2022
    Messages:
    29
    Likes Received:
    4
    Gender:
    Female
    Дане знаете рецепта од торта со хопла, млеко и бисквити.
    Едноставна без печење и мн додатоци??
     
  10. Anah

    Anah Истакнат член

    Joined:
    Mar 23, 2022
    Messages:
    634
    Likes Received:
    1,386
    Gender:
    Female
     
  11. slatka39

    slatka39 Истакнат член

    Joined:
    Aug 21, 2023
    Messages:
    141
    Likes Received:
    1,159
    Gender:
    Female
    Највкусната и најбрзата торта. Нутела малина. Нема грешка. :^:

     
    simoncelicius and Arjanit2021 like this.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2013
    Messages:
    3,261
    Likes Received:
    4,928
    Gender:
    Female
    која големина се кружните кори за торта, кој диаметар?