1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тор (Thor) [2011-]

Дискусија во 'Филмови' започната од strawberry06, 28 август 2015.

  1. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    portrait_incredible.jpg
    Tор е сериал на филмови од Марвел базиран на Норвешката митологија. Првиот дел започна да се прикажува во кината во 2011 година. Вториот ден се вика Тор:Темниот свет и излезе во 2013 година.Се работи за едно семејство на богови кои живеат на друга планета која се вика Азгард. Таткото Один е најмоќниот бог и е кралот на Азгард. Тој владее заедно со својата собруга Фрига. Заедно имаат два сина. Постариот е Тор богот на молњата, а помладиот е Локи богот на триковите и лагите. Главната тема се конфликтите во самото семејство кои подоцна ќе се одразат и на другите планети и кралства. Филмовите се фантастични со одлични глумци и одлично сценарио. Третиот дел е закажан за 3 Ноември 2017 година.
    Тор е дел од Авенџерс.
    4684344-8468704562-tumbl.jpg
    Улоги:
    • Chris Hemsworth-Thor
    • Natalie Portman- Jane Foster
    • Tom Hiddelston- Loki
    • Anthony Hopkins- Odin
     
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат филмовиве на Марвел, Тор ми е солиден, иако не ми е како Captain America и Avengers!
     
  3. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Третиот дел од серијалот Тор е излезен моментално во кината.
    Се вика "Тор Рагнарок"

    Филмот мене лично многу ми се допадна, беше хумористичен и имаше многу повеќе акција од претходните делови. Глумата и визуелните ефекти се одлични. Дефинитивно најдобар од целата трилогија.:D

    Тие што се фанови на нордиската митологија ќе забележат одредени промени (поголеми) кај ликовите и нормално целокупната приказна. Сепак серијалот ги следи стриповите а не митологијата.
     
  4. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Кој сака Нордиска митологија, нека не оди за џабе во кино, во неа ги нема Ајронмен, Хулк и остала багра, ќе биде изненаден :D Последниов дел има ја има преземено приказната од Planet Hulk, што искрено ме разочара, стварно очекував интересно сценарио оригинално од ТОР, можеше соло филм на Хулк да се напраи од тоа. Ама нејсе,Марвел си е Марвел, обавезно ќе се гледа. :)
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот на премиера и имав огромни очекувања. Да, подобар е од другите Thor филмови, ама сепак не ми се допадна. Претеран хумор. Едно е да се насмееш, а сосем друго е дури хуморот да е претеран, лесно предвидлив и досаден.
    Не беше како Thor филм, туку чиста пародија на претходните филмови, уфрлан хумор колку да се прај нешто зошто реално не се случуваше ништо.
     
    На +++ и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    2.355
    Пол:
    Женски
    Сите филмови на Тор ми се омилени и ми се допаднаа.Тој ми е омилен од Авенџерс.:inlove: