Здраво девојки. Се зачленив на форумов за да можам да си прашам што ме мачи Трудна сум 10та недела, на крвната слика испадна низок хемоглобин и гинекологот ми препиша Тотхема ампули да пробам со една, па ако е се во ред по две на ден. Ми рече да ги растварам во 250 мл вода или сок, да ги пијам со сламка после јадење? Има ли некој искуство да ми каже како е најлесно да се пијат заради мачнини? Некои другарки ги пиеле на гладно и збунета сум. А имам мачнини и без тоа, па затоа сакав да се консултирам. Ми препорача и вит Ц 500 и Б-комлекс. А веќе пијам магнезиум од 250 и Фемибион 1 и ставам Утрогестан по две на ден. Прочитав дека Тотхемата содржи фолна, а фолна веќе пијам. И Б-комлекс има во Фемибионот. Не сум сигурна дали е премногу се ова и како да го распределам во текот на денот. Фала ви однапред и поздрав до сите.
Трудниците можат да пијат зголемена количина од витамини. Се што ти дал ти е од корист. Јас пијам метилирана фолна, Д3 од 1000, аспирин 100ка, пре мама со омега 3, магнезиум директ, утрогестан 2 пати на ден и Ц витамин. Ако треба заради железото да пијам и тотхема ќе си ја додадам на коктелчето
Јас ги пиев ама во 9ти месец и една ампула растварав во сок од еден портокал. Ги пиев околу пола саат - саат после доручек и дополнително пиев премама
Мачнини не прават, но се гадни за пиење... Некогаш во вода растворени сум ги пиела, но најчесто со сок портокал или боровница...тие најдобро маскираат вкус.
Тотхема не содржат фолна, се препорачува да се пијат на гладно, но бидејќи имаш мачнини не е проблем да се земаат во тек или после јадење, како што ти пропишал и лекарот. Со нив може да го земаш и Ц-витаминот. Ако има Б-комплекс во Фемибионот, лекарот проценил дека ти треба повеќе и може да ги пиеш заедно, 2 часа пред или по железото. Магнезиумот генерално може безбедно да се зема со витамините, а може да го земеш и 2 часа по нив и по јадење, оти исто може да предизвика мачнини. Поздрав и до тебе, ти посакувам здрава бременост и лесно породување .
Мене не ми правеа никакви мачнини само многу ми беа грозни и ги пиев на екс со затнат нос. Никакви тегоби немав од нив
Не мора да чекаш, туку се препорачуваат заедно затоа што Ц витаминот ја подобрува апсорпцијата на железото.
Тотхема јас колку што знам не содржат фолна. Обавезно заедно со витамин Ц, едно по друго без чекање, вит. Ц е потребен за абсорпција на железото во тотхемата. Ако можеш пред јадење земај ги, ако не можеш нема гајле може и после јадење. Гадни се исто ко железо да јадеш, затоа во сок ќе ги раствораш
Јас ги растварав во сок и ми беа убави. На гладно, во цеден портокал или густ сок од портокал, можеш и друг вкус, ама јас само со портокал и ананас ги имам пиено. После тоа вит Ц 1000.
И јас ги пиев во 9 месец, во сокче, по доручек. Единствен проблем ми беше темната и понекогаш потечна столица..
Уфф најгрозно нешто. Сега да се напијам мислам ќе повратам инстантно. Инаку препорачливо е на гладно да се пијат, саат два пред оброк мислам за да се апсорбира железото поубаво. Мене ми се гадеше од нив на гладно, па брзо после доручкував, пиев по 2 на ден. Со цевка и сок од боровница, а и со лимон се супер зошто кога ќе се скиселиш не се фокусираш на тоа вкусот на крв бљак. Мене не ми помогнаа којзнае колку, ама јас не пиев витамин ц, докторот ми рече немало потреба, имале носач во себе, некоја супстанца што правела да се апсорбира.. А столицата мислам нема на кого не му е катран
@Lady.mariposa обиди се со друг продукт ако не ти е вкусна тотхемата. Во аптеките на Зегин има многу вкусен концентриран сок од Финска за таа намена: Ferromax Tonic Strong Проѕирното капаче е дозер, се пие до 15мл. дневно освен ако не е поинаку пропишано. Имајте во предвид дека може да „протера„ особено ако се напиете повеќе од 15мл. По отворањето треба да се чува во фриждер. Цената за поголемото шише од 500мл. е околу 500 денари.
Девојки, почнав да ги пијам пред неколку дена, пробав на гладно како што сите ми препорачавте и за среќа не ми прават никакви мачнини, ги ставам во сок од боровинка и да не речам дури убави ми се пошто само го осеќам вкусот на боровинката. Сакав да прашам вие што сте ги пиеле по два пати дневно, на колку саати разлика ги пиевте? И колку треба да помине после железото за да се напијам магнезиум и фемибион (фолна + б витамини + јод)? Сакам убаво да ги распределам. Фала ви многу на сите за одговорите, многу ми помогнавте
Јас пиев сабајле пред доручек и навечер пред вечера. Витамините после ручек, магнезиум мислам заедно со витамините, ама не сум сигурна. Или пред спиење пиев.. Само за магнезиум не се сеќавам.
И јас почнав со тотхема наместо хеферол мислам дека се далеку поефикасни па ќе видиме Погрешно ли е ако се пие тотхемата одма после доручек? Денес некако многу ми се слоши можно е од нив да ми е...И дали треба да се раствараат во 250мл како што пишувате или тоа по ваша желба? Мене дека не ми се гадни ја ни пола чаша сок не ставам онака само да ја зашеќерам..и сега се мислам од што е можно да ми се слошило... Некое искуство?
Јас ги користев неодамна, првите два, три дена ми беше чудно, освен црната столица, ми се случи два пати да ми се потслоши. Јас една ампула си растварав во нормална чаша од околу 200 мл. Највкусно ми беше со соковине на Фруктал во стаклено шише што ги продаваат, има различни вкусови-портокал/цвекло, околу 100 ден. се... После третиот ден некако се навикнав, па не ми беше веќе мачно и гадно. Инаку од повеќе имам слушнато дека им предизвикало гадење и мачнини. Јас издржав ете, после третиот ден веќе ми беше ок. Една ампула пиев пред ручек, друга пред вечера. Во упатството пишува ако се козумира некои други апчиња да се направи пауза од два часа меѓу конзумирањето на ампулата. Не сум сигурна дали важеше за магнезиумот тоа, ама зашто од сабајле пиев магнезиум, затоа ампуливе ги пиев подоцна, а гледав и два часа да поминат за да пијам и фемибион.