Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тотхема ампули

Дискусија во 'Бременост' започната од Lady.mariposa, 15 јуни 2020.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Веројатно требаше да ги растворам во повеќе течност може затоа.. Па мене во аптека ми рекоа пред доручек на гладно и пред ручек пак. И затоа викам да не згрешив дека ептен сабајлево на гладно мислам желудник и стомак ме пресече.
    Столицата ми е по ок него откога ги пиев Хеферолот цел месец занигде.
     
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Јас во малку течност ги растворав, 50тина мл. за побрзо да ги испијам. Мене вкусот не ми беше така гаден во моментот кога го пиев, туку после во устата што остануваше тоа. Со колку сакаш течност мешај ги, што има врска
     
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Мислев дека во малце растворов па заради тоа да не ми се слоши.
    Да не змаете дали губат ефект ако ги земам одма после доручекот?
     
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Не знам, пробај пиј така некое време па направи крвна слика,ќе видиш. Да ти се смали железото во тој период сигурно нема, прашање е колку ќе ти се качи. Нема да трпиш гадење секој ден, кај од све и свашта ти се гади, уште тотхемата ти фалат. Пробај види пред доручек пиј некој ден пак, ако ти се гади пиј си ги после и како што ти кажав контролна крвна слика. Мене не ми го покачија драстично железото, на крај не ни проверив. И уште не знам какво ми е. Пробај си и со повеќе течност, мада јас одев со логиката помалку течност помалку гадење зошто побрзо ја пиев :D
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Не ми е мене ради гадењето изгледа сум едина што не и се гадни :D ја се радувам кога ќе ми дадат тотхема наместо некои таму апчиња да голтам више аман од апчиња. Мене ептен сабајлево ми се слоши и желудник ме пресече затоа се посомневав дека е ради што на гладно ги испив..ќе пробам пак ако ми се случи ќе ги пијам на јадено.
    Мене железото ми е добро хемоглобинот ми е 9ка затоа ми ги кажа наместо хеферолот ја се надевам ќе го качат ќе цидиме баш за месец (fingers)
     
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам мене хемоглобинот поише ми се покачи од тотхемата, и тој ми беше крш, ама не колку железото :)
     
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Супер чим така има надеж :D
     
  8. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Мене денес ми кажаа дека ми е слабо железото и хемиглобинот и ми рекоа да пијам сидерал форте
     
  9. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Јас пиев Сидерал Форте една кутија, па продолжив со сируп Флорадикс (две шишиња испив) и железото ми е качено, т.е во нормала, ама хематокритот и хемоглобинот ми се за една единица пониски (исто како пред да почнам да пијам лекови за покачување на железото) и ми дадоа од денес Тотхема да пијам по шема. Првите ампули наутро ги испив без да ги растворам и ми се слоши многу, а вечерва дозата ја растворив во сок од јаболка, па поок ми беше. Ќе пробам неколку дена, ако можам ќе ги пијам, ако не, ќе земам пак Сидерал Форте.
     
    На sun995 и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Тоа и јас погоре пишав скоро и да не ја растворив ептен малку ставив сок и ми се слоши па се прашував дали е од тоа. Почнав по полна чаша сок од боровница да растварам сега па ќе видиме...вториот пат добро помина
     
  11. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    А како ти дадоа да ги пиеш? Јас 10 дена треба по 4 ампули дневно (2 наутро, 2 навечер), 10 дена по две и последните 10 по една, па ќе правам крвна слика.
     
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Мене ми рекоа месец дена по 2 ампули на ден..тебе колку ти е хемоглобинот да не ти е ептен паднат или? Кај мене е 9ка
     
    На Lady.mariposa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Хемоглобинот ми е 11 (12-15 треба да биде), хематокритот 32.9 (35-47) и железото ми е 10.2 (7.2-32.2). Се надевам ќе ги качам вредностиве.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Ее ти си топ, јас ваква бев со Тотхема 1 кутија испиена. Шала на страна, не ти се лоши вредностите, сепак пиј си превентивно. Мене од 15 железо синко ме суреди за 1 месец 4 ми падна :|
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    И мене од 15, ми падна на 5.4 за месец дена, ама го качив со препарати. Ќе пиеме што треба, само се да биде во ред.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Мене сега ми ги дадоа ,прв пат во животот ниско железо. Ич не ми се гадни само мирисот првите два дена неможев да го поднесам , докторот ми рече испиј 20 ни како ни кога не кажа. Во аптека исто ништо не кажаа само јас прашав ми рече после јадење уствари нема некое правило пиј ги како сакаш. Ги растварам во три капки вода и ги пијам најчесто навечер. Сум немала мачнина никаква ,сега колку ќе помогнат ќе видиме , матичниот само рече да јадам повеќе протеини за да се покачувал и хемоглобинот.
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.188
    Допаѓања:
    18.303
    Мене 20 ми помогнаа, следната крвна слика беше подобра.
    Јас ги растварав во сок од боровница и ги пиев заедно со витамин ц од 1000мг,после јадење за да не ми се лоши.
     
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    За витамин Ц никој не ми кажа ама прочитав тука и си земав сама :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.912
    Пол:
    Женски
    Мене минатиот месец хемогл ми беше 10.4 (11.5-16.5), а железото 8.9 (7.6-31.3). Пиев еден месец Флорадикс сируп и денес крвна слика хемогл ми е 10.7, а железото 5.8.
    Матичната ми рече да пијам тотхема, чекам да ми каже по колку - гледам некои и по 2 на ден пиете..
    Дополнително природно нешто што пиете - во смисла на семе од коприва, цвекло и слично? И како приготвувате и кога конзумирате?
     
  20. Lady.mariposa

    Lady.mariposa Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакав да те прашам дали си позадоволна од тотхемата или од хеферолот? Јас пиев тотхема, доста ми помогна, ама сега пак ми е паднато железото и сега ми дава гинекологот хеферол? Вика подобри биле од тотхемата? А мене гадни ми се, плус преку глава ми е од голтање апчиња. Твое искуство?:)