1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Точка на кулминација (Памела Клер)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 19 февруари 2012.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]
    Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим (И-ТИМ) на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. Нејзината судбина е толку мрачна и тажна што изгледа дури и неверојатно. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

    Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.

    Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд. Но потребно е многу повеќе од електрични шокови, неколку скорпии и тарантули за да се скрши човекот кој има преживеано вистински пекол.

    Тој е маршал, тој е бивши војник, синоним за храброст, добитник на орден за воени заслуги. За Натали - тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа... и нејзина последна надеж за да остане жива.

    Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел...


    Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.


    Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти - доколку го сакате сето тоа во едно, тогаш обидете се со оваа книга!

    И за крај - само уште мојот омилен цитат од книгата:
    „Ако ти умреш, ангелу - тоа значи дека јас сум веќе мртов...“
     
    На meredith му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Баш сношти ја дочитав книгава и ми се допадна.Неизвесна е и напната,со добра приказна која се ми се чини е базирана на вистински настан.Ми се допаднаа описите на Зак,па си го замислувам како тој секси типот од насловната на книгата :D
     
  3. iveflower

    iveflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    Уживав во секоја сцена со чувство како мене да ми се случува! Прекрасно доловени и се ситуациите на авторката, браво
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Интересно романче,погодно за летните периоди на излежување или за на плажа
     
  5. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ова е првата акциона книга која сум ја прочитала нешто предобро современо скоцкано за уживање и за жени и за мажи ;)