Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тоше Проески

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од bilkata, 2 септември 2010.

  1. Beautiful.Nightmare

    Beautiful.Nightmare Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ова страшно ме растажи...преземено е од фан клуб форумот на Тоше, затоа е на српски. Сместено е во темата "Мали тајни за Тоше"

    Najjaca slika iz detinjstva?

    -Iz tako teskog perioda pamti se sve.Sve je to trauma,ali sada shvatam da je bila minimalna,to je u stvari zivotna skola.Secam se,imali smo psa.Cale je odlazio u prodavnicu i cesto kupovao bajat hleb,bio je jeftiniji,i to sve pod izgovorom da je taj hleb za kuce.U stvari,taj hleb jeli smo mi...Imam roditelje kakve bi svi na svetu pozeleli.Odastao sam u harmoniji i previse ljubavi i to me odrzava.I zbog toga sam veoma srecan.
    :worried:
    За сите кои би сакале да ја посетат темата и да дознаат нешто повеќе
    http://www.tosefanclubforum.com/viewtop ... start=2190
     
    На Blabla16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Отворив во темава, прочитав неколку поста и ми текна на еден мој дамнешен сон, и ми потекоа две солзи.
    Не зна дали го има тоа пишано или раскажано, ама ај пак ќе го пишам не су сигурна.
    Оддамна беше, мала бев, имав седум години некаде можда осум или девет точно не зна, зна дека секогаш кога патувавме во Охрид секој ден со тато во Св.Еразмо одев на вежби за исправување на кичма го слушавме на радио Тоше, имавме негова касета и на риплеј ни беше цело време, заедно му ги пеевме песните, или првиот ил вториот албум, кај што ја има Руски рулет(знам дека ја пеев иако не знаев што значи руски рулет) па го прашував тато да ми објасни.
    И така мало мозоче, дали од премногу што су го слушала, или можда сме разговарале нешто за него(а зна дека одсекогаш многу си го сакав) ја една вечер го сонував, во сонот единствено што памета е дека Тоше беше облечен во црн костум, а јас бев(или некоја друга девојка ама мисла дека ја бев) во тело на возрасна ко балерина облечена се во бело и игравме заедно, ме крена, ме вртеше....
    (Зна дека дури фантазиите ми отидоа дотаму што мислев дека еден ден ќе му бидам жена, нели последици од сонот)
    Им го прераскажував сонот на моите и после сум го заборавила, сега морници ме полазаа пак...
    Пак се сетив на сонот после долго време неколку дена по трагичниот настан(и ова ми е чудно, како успеав да се сета) и се наежив(е сега си викам, дали бил тоа вистина неговиот лик на сон или од некој друг лик не знам и не е битно, чудно ми е што се сетив на сонот ако не верувам во соништа, овој не знам што ми предскажал). :|
    Форевер ин мај харт.
    Доказ дека засекогаш ќе живее ако ништо друго барем сеќавањето на него е и темава и тоа што во ова време касно се сеќавам на него и пишувам.
    Сликичка со гулаб кај што е две години ми беше залепена на плакар. :angel:
     
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Се потсетив и јас на еден мој сон, кој на времето не знаев што значи, целосно го занемарив. Го сонував мислам вечерта пред неговата смрт. На сон ја видов другарка ми, целосно гола, но прекриена со лисја. Во позадина одеше Игри без граници, а таа како танцуваше на песната и паѓаа лисјата.
    Друг еден настан се случи некое време по неговата смрт. Така почесто имав обичај да го тажам, не можев да се помирам со тоа дека го нема. Паметам дека се бањав, а имам обичај тогаш да си слушам музика. Откако излегов од бањата, си го почнав пак ритуалот на жалење, во тие денови ми беше многу тешко.Плачев...кога наеднаш ми звони од телефонот некоја негова песна. Знаев дека никој не ме бара, бидејќи цел живот ми е телефонот на вибрации, а и песната не ми беше ставена на рингтон. И така збунета го барам телефонот за да го исклучам зашто многу беше гласен звукот. Си викам-Ај, и по некоја случајност да ми бил на звонење, не го оставив на најгласно, бидејќи претходно се бањав со музика од телефонот и би се создало силно ехо во бањата. Успеав некако да го најдам некако телефонот, беше оддалечен од мене, нема шанси да сум го стиснала, а никој ми немаше звонето. И кога стиснав да го исклучам, ми се појави негова слика со зум, со некој замислен поглед. И пак...имав стиснато само едно копче и во никој случај не сум можела да влезам во сликите, па и да зумирам...
    Никогаш не сум верувала во случајности, а и одамна го молев да ми даде некаков знак дека сега се е во ред со него, дека му е убаво таму каде што е. Можеби и сама сакам да верувам во тоа,ама не можам да најдам реално објаснување за настанов.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам уште нешто да додадам. Кога се организираше емисијата на РТС во чест на Тоше пред некое време, поголем дел од вас (ајде да речам и нас) негодуваа дека нашите медиуми не направиле ништо за Тоше. Во однос на форумот кој погоре го споменав, кој е интернационален, исто така едно добри 90 % од активните членови се Срби, се наоѓа и по некој од Хрватска, а нас Македонците никаде не нема. Организираат разни хуманитарни акции, се дружат, владее таква прекрасна енергија на форумот. И сега ќе го поставам прашањето- Дали и за ова ќе ги обвиниме медиумите? Што ние правиме во негова чест? Лесно е да се обвинуваат другите, ама секогаш треба да се тргне од себеси.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе има луѓе кои за се‘ мрчат: ако не направат ништо - ЗОШТО НЕ НАПРАВИЛЕ НИШТО? Ако па направат нешто или не е доволно, или па ептен претеруваме и го тупиме за Тоше и величење на неговото име и покрај тоа што поминале 4 години.
     
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Јас само сакав да истакнам дека секогаш тргнуваме од другите и ги критикуваме, а треба да се запрашаме себеси што преземаме. Не ми беше целта некого да навредам. Во однос на величањето на Тоше, ќе продолжи и по 5, 10, па и 20 години, зашто има луѓе кои навистина го почитуваат. А има и причина и зошто е создадена темава.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Спомен куќата на Тоше победи на натпреварот за најдобро архитектонско решение за 2011


    Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

    По над 15. илјади гласови што Меморијалниот споменик за Тоше ги доби на интернет порталот Open Buldings од целиот свет, се закити со најмногу гласови и од жири комисијата.

    На второ место на натпреварот, за кој гласањето заврши денеска попладне, е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и Атмосфера во Калкута.

    Годинава прв пат е воспоставена наградата People's choice Award, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од целиот свет. Од пријавените над 1.000 проекти, право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше беше меѓу фаворитите oд почетокот на гласањето во август годинава.

    Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.
     
    На Hipica, rossonerka и Li0ness им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: браво браво браво
    Тоше остави голем белег не само на балканот,туку и пошироко
     
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Не можам а да не се растажам секогаш слушајки ја оваа... Еден и единствен, едноставен но совршен а пред него беа толку идеи и сништа за подобро утре, за овој свет, со детска насмевка, срце полно топлина и добрина со љубов која неизмерно ја споделуваше... Емоциите кои ги пренесуваше преку песната се толку силни, оставаат болка и тага, среќа, насмевки и една важна порака за тоа колку може да не обедини љубовта која ја даваме без да очекуваме нешто за возврат.
    Тој е нешто што останува засекогаш.

    Да можам бар да се разбудам во свет на љубовта
    без стари долгови
    и тие сеништа
    во чекор што ме демнеат...

    http://www.youtube.com/watch?v=5LzSOUoSHnY
     
  11. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Прашуваш или???
    Оставете го човекот да почива во мир. Луѓето патат за 5 минути медиумско внимание а вие им го овозможувате тоа. Не ми се верува.

    Стварно се нервирам кога некој ќе го спомне ова како тема за муабет и мислиш жив е? НЕ! Доста со тоа аман!!! Извинете ама треба да сте будали како Зоран да помислите дека тоа е вистина.
    А и проверете само што квази новинар е Зоран па ќе видите дали вреди да се чита неговата приказна. Јас прочитав до пола и исклучив, знаејки што глупости пишува тој и ова е еден од низата негови глупости. Живее притоа во Србија зашто ако е кај нас сигурна сум дека не само што ќе е истепан туку и ликвидиран. Зашто е психопат.

    Инаку честитки за добиената награда, афирмацијата наша македонска продолжува да тече и по неговата смрт. Убаво е кога во темава се полни со мислења во негова чест и се величи неговото име, а не со глупости.
     
    На Hipica, Pelikuna и Beauchamp им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Божиновски може да се фрли само од балкон и на сите да ни прави услуга.Ако секој артикл на интернет е точен тогаш да поткренеме акција да ја заштитиме будалава од пцовки и котек.Ако продолжи така сигурно ке го изребра на крај некој.
    Не знае како да ги привлече читателите па се служи со овој трик.
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да да никој не го видел.... |( Зошто тогаш пред да го спуштат во гробот го отворија ковчегот?? Да го види татко му за последен пат, и не само тој ами и сите што беа околу него го видоа, или не ви текнува на тој трогателен момент? Кога се слушна силен врисок на очајниот татко додека за последен пат украде миг од неговото упокоено лице?
    Ама добро, Зоран е баба Ванѓа и он ако вика дека Тоше е жив, нему верувајте му. Се криел Тоше во манастир?? Тоше се криел?? Да речеше барем го киднапирале, нешто по оригинално да смислеше, ма да што и да каже излишно е...
     
    На Gordana10, Beauchamp и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    браво на примерот мисс, кога ја имав прочитано статијата, баш на тој момент имам помислено.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    што барала марија шерифовиќ на овој концерт за сеќавање на тоше кога таа не сакаше да биде специјален гостин на неговиот последен концерт?
     
    На TheKiketoo и enca.69 им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Тоше во ЧИЈА СИ сега близина,КОЈ ЛИ ТИ ГРИЗЕ ОБРАЗИ,кој УСНИ ТИ БАКНУВА,Ти си единствената МОРСКА ЅВЕЗДА на овој свет! АНГЕЛ СИ ТИ пратен од бога да не водиш низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,ти си ПОЛСКО ЦВЕКЕ кое цветеше и кое ке цвета во градините на нашите срца ЗАСЕКОГАШ! Каква ли МАГИЈА носеше што не водеше сите ПО ТЕБЕ. АКО МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ке видиш само НЕМИР и гнев.Во нив го нема веке оној сјај кој го имаше додека пеевме со тебе. Сонцето кое што грееше над нас сега го покри мрачна МЕСЕЧИНА. Ти знаеше ДЕКА СРЦЕТО НЕ Е КАМЕН кое ништо не осека,зошто не остана да живееш во СОНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ заедно со нас,туку одлета 1200милји над нас,кога овие поминати 26год.не беа твое КРАЈНО ВРЕМЕ. Зошто остави ГРОМОВИ НА ДУША да удрат во нашите срца кои сега ке бидат вечно затворени во СОБА ЗА ТАГА. Не СЛУШАШ ЛИ Господи дај барем ИЗЛАЖИ НЕ УШТЕ ЕДНАШ дека тоа не е вистина,бидејки сега сите се прашуваме ИМА ЛИ ДЕН ЗА НАС откако замина тој.
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Концертот за Тоше

    може не вистинското место за ова со сакам да го споделам со вас ама ај ве молам видете т.е запазетего го фриков http://www.kurir.mk/magazin/scena/49889 ... se-Proeski
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.679
    Пол:
    Женски
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Пријавите го, ве молам, да му го избришат профилот,

    http://www.facebook.com/profile.php?id=100001629899105

    под семејство има Пријави/Блокирај - Овој профил е за претставување како некој друг или е лажен- Се претставува дека е некоја позната личност - и подолу ќе напишете Tose Proeski- продолжи ќе штиклирате кај Потврдувам дека пријавата е вистинска, па пак продолжи.

    Да не дозволиме друг да се претставува во името на Тоше.