Инаку картата официјално била 1200 денари. Е сега, за објектот во кој ќе се одржува концертот, и капацитетот што го има МОБ (600 карти имало пуштено), акустиката и сл., оперските пејачи од Србија, Хрватска, и од кај нас, некако „реално“ е картата да е 1200 денари. Точно е дека Тоше никогаш не правел концерт со повеќе од 500 денари карта, но и никогаш не правел ваков концерт во вакви услови и со ваков репертоар. И можеби е подобро што оваа година се мрдна малце од шаблонот, и концерт во Борис Трајковски, и се смени концептот на концертот, и јас мислам дека и овој концерт како и претходните секого ќе го наежи штом ќе слушне верзија од „Љубена“ испеана од оперски пеач/ка. Чудно ми е што концертот се одржува денес, а не на денот на раѓање на Тоше, 25ти јануари. И да додадам, кажаа дека парите од продадените карти ќе одат во хуманитарни цели, мислам дека на Детската клиника. Епа ако би биле картите по 200-300 денари х 600 души = 120.000/180.000 ден или поточно 2000-3000 евра ќе бидат собрани. Вака ќе бидат собрани повеќе пари, слушнав околу 35.000 евра, само не ми иде математиката гледано од тоа колку карти има, дека ќе се соберат толку пари. И нормално, сите си го поставуваме прашањето дали навистина ќе одат таму парите, наменети за хуманитарни цели. Искрено, после Тоше не верувам во хуманитарните концерти посветени за него, судејќи по тоа како некој ужасно сака да се збогати на негова сметка, и тоа некој близок, али ај да не грешам душа.
Срамота за диригентот,срамота за пеачите кои земале хонорар,срамота за организаторот,грозно од година во година се полоша организација и запостваување на фановите на Тоше. По првичната идеја да се одржува концертот на 5 Октомври секоја година,се премести на 25 Јануари,а оваа година на 21 Јануари,на кој нема да присуствуваат неговите најверни фанови....Каде и кога ќе го одржат наредната година не сакам да помислам Тој сигурно не би го правел ова.Каде се неговите најблиски да реагираат,да видат што се прави со неговото име? http://tosefanradio.forumotion.com/t237-2000#300
Премногу е осетлив нашиот народ кога станува збор за Тоше...јас би рекла претерано.Доста е. Реално веќе никој к.. не го боли -нит фондации, нит луѓе што работеле со него, сите си гледаат сопствена корист. Хуманитарен? Жими га*ов. Им стана алатка за правење пари на сметка на емоциите и љубовта на народот што ја има кон Тоше, ништо друго.
[СДК] Сакам да кажам... Слушнете Македонија што изгуби! Се ежам и плачам. Ах проклето нека е. Не требаше други да пеат за него арии, требаше тој да си ги пее!
[СДК] Сакам да кажам... Добро шо праат овие со песниве на Тоше не ми е јасно?! Јас сум...изненадена не до толку,туку згадена. Моите уши не можат да го поднесат ова! Срамно!!!
[СДК] Сакам да кажам... Тоше да не гледаш сега од некаде знам дека ќе речеш НЕ ТРЕБАШЕ ВАКА ДА Е!! Цената за карта превисока, и не може секој да си ја дозволи. Колку ќе беше поубаво доколку се беше поедноставно, доколку оваа манифестација се одржеше во Борис Трајковски, и картата да беше со пристапна НОРМАЛНА ЦЕНА. Ќе можевме сите да отидеме, од најстарите до неговите најмалди фанови. Снобовија, нешто со кое што Тошка наш никогаш не се согласуваше. Ќе се донирале парите за детска клиника! Во ред донирајте ги, барем нешто корисно ќе направите, ама колку повеќе ќе се собереа пари ако местото на настанот беше 3 пати поголемо од ова, а картата 3 пати поефтина??? МНОГУ ПОВЕЌЕ!! Прости им Тошка, не знаат што прават... уствари знаат ама се праат будали! СРАМОТА!!
[СДК] Сакам да кажам... Ма катастрофа! Поп песни да пеат некојси соло оперски певачи??! Упропастија ... Подобро да беше само инструментал. Голем промашај е направен го упропастија и моментот, и музиката и песните и споменот на него!
Страшно. Ко мачка на колење да слушам. Подобро да исклучам, да не не можам веќе и оригиналните песни да ги слушам.
[СДК] Сакам да кажам... Не доликува оваа, му го валкат името. Тоше никогаш не имаше цена за билет над 300 денари. Последната беше 200 денари. Срамота е ова. Тоше пееше за народот. Реков дека тој требаше да си пее арии, тој и никој друг!
[СДК] Сакам да кажам... Баш е срамно! Срамно е што не знаевме да му одбележиме ни годишнина од смрт, достојно, а сега што прават, циркуз! А тоа со цена на карта не ни коментирам, посрамно и поужасно нешто нит сум чула нит сум видела! Кој бил на концерт на Тоше знае дека немаше концерт над 500 карта. Хумантарен концерт правеше за 300, 200 денари. Повеќе ми изгеда како некој да сака да печали на неговата слава, и да стекнува поени... Но да не коментрам и да не грешам душа, нека им лежи на совест ако праат нешто грешно. Ни останува само да го слушаме и да си го сакаме, засекогаш
Па сите концерти по неговата смрт се со таа цел. Лицемерие! Тие што не го слушаа во прв ред. Болна ми е ова тема, се расплаков кога го слушав како пее опера, дадоа пред некоја минута снимка. Еве сега пак има снимка од негов настап.
Тоше...недостигаш страшно ... Толку години поминати,толку солзи пролеани... Крушево плаче без тебе...молии да се вратиш и Македонија исто. Тоше Крушево е празно без тебе..празноо
Да не знае денес човек за шо попрво да се нервира. Дали за ракомет или за овие ... недефинирани звуци со неприлагодени аранжмани. Чак арии биле... Ама ако,македонските снобови да ги има у вест на ред карпетот у понеделничкиот број.
go upropastija koncertot za Tose...dodeka svetot za golemi pokojni velikani pravi Celebrating His Life za nekoj pejac, seto toa e veselo, razigrano i svezo, nie nikako da naucime da mu napravime dostoen koncert na Majstorot...podobro voopsto da ne pravat nisto, otkolku vakvi morbidni sobiranki.. -ова е коментар од еден наш ТВ водител, кој пред дваесетина минути го имаше напишано на фејс. Се сложувам од точка до точка, нема што да додавам.. Се' е кажано..
Единствено можам да искоментирам дека секој има право да го оплакува, жали, велича Тоше и по толку години од неговата смрт. Според мене не е претерано. Мојот живот не застанал после него, со текот на годините учам како да бидам среќна што таков човек бил дел од нашата малечка Македонија, не поради неговите вокални способности, туку поради големината на неговото срце. Нема да плачам, туку со радост ќе се сеќавам на него. Затоа што, Тоше, каде и да си, имам неописливо чувство кога ќе се сетам на тебе. На чуден начин ме смирува твојата музика, твојот лик...и во тие моменти единствено што ми паѓа на памет е дека сакам да бидам подобар човек. Ти си ми инспирација да најдам смиреност во својата душа, да проштевам, да љубам, да дарувам... Фала за сето она што индиректно го правиш за мене, бидејќи знам дека постоиш, некаде, на поубаво место и знам дека си среќен што постоиш во срцата на толку луѓе.
Не треба ни да бидат над 500 денари, не разбирам зошто толку скапо? Не треба да е скапо, да може секој човек да отиде.Јас видов сега малку од концертот, не го ни догледав, не можев, некако, можеби би можело на поинаков начин да се одбележи, што би било својствено за Тоше.Само воопшто не требало да им бидат скапи картите.