Тоше Проески

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од bilkata, 2 септември 2010.

  1. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Каков хуманитарен концерт е бре ова кога диригентот земал 2000 евра?!? За другите не прочитав. Треба да се засрамат. На името на Тоше ќе се богатат. А плус кои се овие што пеат? Фановите на Тоше да се соберат ќе направат подобар концерт од овие.. непријатни звуци што ги слушам и не знам да ги именувам.

    Се изнервирав од ракомет, плус и од ова. УА за организаторите! :devil:

    Прескапи карти и зошто ограничен број на карти? Не ми се верува како се дозволило ова.. Па и датумов.. :x
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Фановите на Тоше секоја година на 5-ти Октомври со 0 ден. буџет прават милиооооон пати подобар концерт од оваа мизерија. Срамота. :envy:
     
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Не велам дека колегите не го почитувале, не велам дека публиката таму не го почитувала.

    Но да бидеме реални, НИЕ обичните смртници пред малите екрани сме тие што секогаш сме скокале Излажи ме, сме плачеле на Громови на душа, сме ја посветувале По тебе, Кој ли ти гризе образи, Никој како тебе не бакнува.
    Сме се пиеле на Несоница, и секогаш сме се радувале кога ќе ја чуеме Волим осмјех твој. . Сме се ежеле кога ќе почнела Игри без граници...
    Цреша ни била песна за душа, Макдонија навива за вас-навивачка.

    Вака можам до бескрај, но ...

    А сега, само седиме дома зошто не можеме да си дозволиме карта, зошто не можеме да си дозволиме облека за таков настан, ние-вистинските фанови, дури и не го гледаме ова.
    Се разочарав, и затоа што не можам да бидам дел од ова.
    Како и да е, нека му е лесна земја, ќе чекаме нареден концерт.... :(
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Луѓе концертов е супер, организиран на високо ниво, средени сите... :clap: Пеачите за разлика од лани, не читаат текстови од лист, туку сите се извежбани, да ти е мерак да гледаш. Идејата да се донесе филхармонија е супер, јас не се сеќавам кога последен пат сум гледала концерт со жива музика и хор.

    Е сега, ова дефинитивно не е во стилот на Тоше.

    Не можам и не можам да го замислам меѓу овие луѓе, некако овие ми се сите некои УАУ ѕвезди, со тоалети и бунди, а Тоше си беше повеќе обично човече, со фармерчиња и кошулче. Само, да се организира СОЛИДЕН концерт без картата да биде толку наудена и без толку помпезност, е најдобра варијанта. За жал, разликата меѓу бруката од лани и ова, сепак попрво би го одбрала ова.

    Почитувам дека се потрудиле и е океј. Не гледам нешто хуманитарно, ама некогаш работите треба да се направат едноставно од почит. Нека земат пари, битно нека го испочитуваат Тоше како што треба.

    Не чини па на секое да се брмчи. :!:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.278
    Допаѓања:
    259.107
    Дузи за да се испочитува ликот на Тоше, тогаш никако не смее да биде ваков концерт со толкава цена за билет.
    Знаеме каков беше Тоше, скромен и хуман, па зар неможе на тој начин да се обележи.
    И друго, зошто на 21?
    Повод?

    Идејата е во ред, донекаде, Тоше сакаше арии, опери, ама на пример, нека биде тоа во поголема сала и наменет за неговите вистински цели.
    Како што Тоше тоа го правеше.
    А не за да соберат некој поен и да се наполнат пари.
    Ова не е почит, ова е брука, и треба да се брмчи.

    Симболично, последниот концерт имаше влезница од 200 денари, таа цена требаше засекогаш да остане.
    Тоа е исто како на Гоце Делчев да му направиш споменик како воин во Фалангата.
    Некои работи не одат и мора да се критикуваат.

    едит: Изведбата на Влатко Стефановски е одлична!
     
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Симон Трпчевски и Влатко Стефановски со најдобри изведби. Секоја чест.
    И на двете песни бев пред плачење.

    :bow:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.212
    Допаѓања:
    124.424
    Пол:
    Женски
    КАТАСТРОФА!!!!! Тоше се превртува во гроб сега. Му ги уништија сите песни. Ужас. А за тоа дека земале хонорари!!! И тоа Ѓумар што плачеше како ќе живее без Тоше?? Долно , подло одвратно створење. Целава оваа работа околу хуманитарното ми личи на една добра пералница на пари. Ах Тоше Тоше, што направија овие од твојата кариера. Зар мора бре да те цицаат овие ајкули алчни за пари и сега, да се китат со твои успеси, да си полнат џебови. Ама има карма. Се ќе се врати. СТРАМОТА!!!
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Најубавото на концертов беше Влатко со неговата фантастична гитара! :bow:

    И јас си го слушам на ју тјуб оригиналнито глас со оригиналните песни ... Тоше незаменлив!Точка.Енд оф дискашн
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.212
    Допаѓања:
    124.424
    Пол:
    Женски
    Ова го најдов на forum.kajgana.com

    :x :x :x :x
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Кажувам дека човек како човек во секоја смисла веќе тука нема, чиста душа и несебичност се апстракција. За жал парата си зема даноци. Само перачи на пари, материјалисти и егоисти со себичност како најважна карактеристика е тоа постои најмногу. Лошо многу лошо и Господ сигурно дига раце и се чуди ... На ваков човек на ваква легенда на ваков ангел да му се погазува споменот и се она што остави зад себе од живот, музика, хуманизам, љубов и патриотизам. Нека им е на чест! :|
    А кармата никого не поштедува.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.212
    Допаѓања:
    124.424
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право. Како не им беше срам не ми е јасно. И сите со тоа неговото чисто од срце кажано Ве сакам сите, го вртат Те сакаме Тоше. Па нормално ќе го "сакаат" кога од него и сега гледаат само :cash: :cash: :cash:

    А кој дел?? Каде ќе одат??
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Не личеше само ова на концерт.Тоа филхармонијата ајде убаво свиреше,ама тие пејачите\оперистите.Па скоро пола од нив не им го знаеа текстот на песните.Ужас! :@:@:@:@:@
    Секоја чест за Влатко Стефаноски и Симон Трпчески,сепак наше си е наше ;)
     
  13. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Како што рекол народот покрај сувото гори и суровото. Па така и сега и некој да влегол во овој концерт со чисто срце и хуманитарна намера вкупниот впечаток е веќе уништен.Сепак секоја чест на таквите. Премногу е тажно што и после неколку години од смртта на Тоше некои луѓе едноставно го користат неговото име со едиствена цел да го зголемат својот буџет. Тоше замина а ние сме живи па затоа ни требаат пари да живееме -така размислуваат тие! :puke: Си велат - Да не треба случајно џабе да работам??? Како да не... :@
     
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Факт е дека Тоше додека беше жив практично не го фермаа, а сега го величат, во него се крстат. Или се крстат во парите кои ги земаат сега на неговото име и дело...
    Ова второво поточно ќе да е.
    Друго, имаше пејачи со убави гласови и сето тоа, НО, песните на Тоше не беа арии,, едноставно не беа.
    Си беа забавни песни и како такви нека ги изведуваат, но да преправаат едни од најдобрите македонски песни не им стои.
    Концертите во негова чест од минатите години беа далеку подобри од овој сега. Барем се задржуваше автентичноста на песните колку-толку.
    Тоа прво. Друго, цената на картите. На што личеше 1200 денари? Еј, Тоше немаше карта над 300-400денари, а сега ја лупнаа 1200. Салата била мала, изведувачите биле светски... Нема смисла. Луѓето појдоја во чест на Тоше, не за некој таму да ми се дере (се извинувам вака, имам почит кон оперското пеење, ама не знам како да се искажам поинаку). Цената не беше за секој да може да си ја дозволи.
    И трето: не верувам дека денар ќе заврши во хуманитарни цели. Тие изведувачи треба да се платат, а дека некој ќе издвои од сопствен џеб имајки пари од картите, се сомневам.
    Целиот квази концерт беше едно големо фијаско. Само ќе речам дека настапите на Влатко Стефаноски и Симон Трпчески беа за почит. Толку.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    :bow: Браво за Симон Трпчевски,единствено неговата изведба успеа да ме наежи,добар беше и Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова,последната што настапи. Другите :x
    Илјада пати поубаво ќе изгледаше ако беа инструментални,ама тоа е што е,за жал :worried:
    Во врска со цената на билетите,и за тоа каде одат парите,не сакам воопшто да коментирам,многу се нервирам :@
     
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    уште се нериврам за денешниов концерт.чисти глупости бре луѓе.Нашле да прават пари на мртов човек. Прв пат не бев на концерт за Тоше, од проста причина шо чашата се прелеа, и неможев веќе да одам на збиднувања каде шо се перат пари преку името на Тоше.Јас незнам како можат.Па беше единствениот со чиста душа, шо можеше да не собере сите задно.Да беше Тоше жив ке си направеше еден концерт на стадион или у Борис, каде картите ке беа по 250 ден.сите ке си се соберевме заедно, а најголем дел од собраните средства ЌЕ ОДЕА У ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ! Грев е да го валкаат неговото дело и да се богатат на негова сметка. Нека им просте Тоше, јас неможам
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Настапот на Симон Трпчески. Фала ти Симон што не ја расипа мојата омилена песна од Тоше.Првата што ја пееше Још увек сањам да смо заједно, леле колку не ми се свиѓаше :x
    А ова вреди да се чуе,посебно делот со хорот и крајот ... преубаво
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... z2mZ79HaA#!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Ретко кој концерт во чест на Тоше е добар...
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Ние што не знаеме да направиме тоа е друго, а дали го гледавте за 4 години од смртта, не се сеќавам точно дали беше на некоја хрватска или на некоја од српските телевизии, каква убава емисија и концерт му направија во негова чест. Воодушевена бев.
    Некој и претходно спомна дека пола од пејачите синојќа ни текстот на песните не го научиле. Аман, три реченици се... Браво само за Симон и Влатко.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Иако сум најголем противник против мрчењето или брмчењето, овој пат има јако да избрмчам!
    Концертот не го гледав цел, туку само до делот со Симон. Не можев да слушам веќе. Криво ми е Стефановски што не го слушнав, па ако има некој линк нека ми постира тука.

    Со оглед на тоа што пеачите (диригентот не сакам ни да го коментирам) добиваат ХОНОРАР од ХУМАНИТАРЕН концерт, требале повеќе да ги загреат тоа грлата и да ги научат песните како што треба. Катастрофа за моите уши. Имам 8 години хорско искуство и искрено, им се поклонувам на хористите, а на ова пеачиве би фрлила со по некој патлиџан или јајце. Па на што личеше тоа. Ова е за нив оперско пеење? Па инсертите што ги пуштаа каде што Тоше пее оперски, а може нема ни 20 години беа илјадници светлосни години понапред и подобри од гракањето на овие надуениве!

    Ако веќе па толку сакаат да организираат хуманитарен концерт во негова чест, нека кажат два-три месеци порани, нека објават јавна аудиција и секој што има талент и сака ХУМАНИТАРНО да настапи, нека се пријави. Има деца во државава желни да пеат, знаат да пеат, а верувам не би побарале ни денар за тој настап. Нека ги изберат најдобрите и тоа е тоа!
    А не вака, срамота. Како „врвни“ изведувачи ги најавуваа, ама изгледа се само врвни во лапање пари и во ништо друго.
    И подобро никаков концерт да не се одржеше, отколку ова перење пари.
    Срамотилаци! Леле крајно се изнервирав, почнаа тастери да ми летаат од тастатура :@
     
    На Izaabella, Angel.girl и angelce1 им се допаѓа ова.