Тоше беше еден и единствен, неможат да му се приближат, затоа не ни треба да очекуваме дека некој ќе ги изведе како што треба. Т.Е. тие го прават тоа најдобро што можат, но нашите уши едноставно се научени на гласот на Тоше
Епа денес и небото плачи за тебе...Требаше да имаш роденден...Но тоа е што е,ти секогаш ќе живееш во нашите срца! Еден и единствен! http://www.youtube.com/watch?v=nWE6kx9NQJw
Тоше остави зад себе нешто што тешко може да биде заборавено, а беше речиси комплетно изгубено во оваа транзиција. Тоа се правите, вистински вредности кои тој млад човек, ги носеше во себе така природно и ненаметливо. И сите ги применуваше во изобилна мера и со посебна желба и посветеност. Хуманоста е нешто што не се учи, со тоа се раѓаш, го носиш во својот код. Ја имаш или ја немаш. А тој ја имаше во изобилие. Сликата, на тоа како, со посебна љубов и без трунка помисла ги бакнува децата со хендикеп, мислам дека нема никогаш да ја заборавам. Тоа може само човек со посебно големо и хумано срце. Како што ја даваше несебично својата љубов за нив, така ја даваше и за својата татковина, користејки го секој момент и можност, да ја промовира и афирмира во овие тешки времиња за неа. Нема збор со кој може да се опише ова несебично, младо и воспитано момче, кое само може да биде пример за сите нас, посебно за младите луѓе за тоа како се сака сопственото семејство и татковина и за тоа како се искажува љубовта кон секое човечко битие. Стана синоним за овие вредности. Ја обедини не само Македонија туку и целиот Балкан, нешто, што тешко било кој друг може да го направи. Поради тоа влезе во историјата и легендите кои се пренесуваат од колено на колено за тоа што значи да се биде хуманист, патриот, со еден збор, човек, во правиот смисол на зборот. Останаа неговите песни, заедно со споменот за него, преубаво испеани, за постојано да не потсетуваат на него, но и на вредностите кои тој ги поседуваше, а ние често ги подзабораваме. Среќен роденден наш ангелу!!
Денес наместо да го славиш својот роденден и ние да се радуваме,ти не остави да тагуваме.. Тоше. :'(..Ни недостигаш.Прати ни знак бе Тошка дека не гледаш од некаде......Те сакам. http://www.youtube.com/watch?v=lNOZx8LblMI
Ангелите денес се со тебе па нека ти ја пратат поракава од сите нас Среќен роденден ѕвездичке наша!!!
Денес требаше да се радуваме и да го славиме твојот роденден, ама секогаш не оставаат оние најдобрите.Ти почина без да умреш.Никогаш нема да те заборавиме!Ми недостигаш Тоше http://www.youtube.com/watch?v=6qEuMH4kknk
Ова е посебен,специјален ден,како за тебе Тоше,така и за сите нас кои те сакаме.На овој датум пред 31 година светлината на денот ја виде најголемиот Македонец.И овој ден вечно ќе се слави. Кога ми недостасуваш,не мора да одам далеку,доволно е да погледнам во своето срце. Вечна ти слава ангелу
ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ДЕН ДЕНОТ КОГА СЕ РОДИ НАШИОТ АНГЕЛ ТОШЕЕ НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ ЛЕГЕНДО ЌЕ ОСТАНЕШ ЗАСЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СРЦА http://www.youtube.com/watch?v=lNOZx8Lb ... re=related
Те сакавме,те сакаме и кје те сакаме секогаш ангелу. Многу ни фалиш. ♥ :'( Спојлер Баш ваква сум во моментов: :'( :'(
Среќен?! Оф...нејсе...на страна певливите рефрени кои ја задоволуваа масата и младите девојки,мене ми се допаѓаше квалитетот и капацитетот на ова убаво суштество кое верувам дека зад сета комерцијала заради оваа збируштина на лош вкус ќе успееше сам да ги испее своите арии и да го чуе светот. Можеби да вирееше во земја со култура,ќе светнеше со целиот свој сјај,а не да задоволува вкус кој мора да биде задоволен,инаку нема да има леб да јаде.Мојот избор е овој...не се негови,ама тој ги пее и се одлични! http://www.youtube.com/watch?v=VEjZIOp_QFU http://www.youtube.com/watch?v=zdgP87b6nqI Слава му...
345 крводарители во денешната крводарителска акција во твоја чест. Ах, Тоше, Тоше иако физички не си со нас, најприсутен си од сите. Среќен роденден Ангелу!
Не сакам да му го честитам роденденот, туку да го славам денот на кој се роди, а воедно да го преколнувам кога умре. Животот понекогаш не е фер, ама тоа е, на Бог му бил помил. Сакам само да кажам дека со неговите тогашни 27 успеа да направи многу. За себе и за Македонија. Но, не сметам дека треба да биде величен кога е починат. Таков талент, богами, не се заборава, но не би сакала да се потсетувам, искрено. Не дека се давам во плачење, но, помислувам на тоа каков е животот, суров. А и тажно е таков човек да умре. А и не е добро што со вакви пораки за „Среќен Роденден“ ги потсетуваат неговите блиски на неговата смрт. Не дека тие имаат заборавено, но да не се дига толку галама околу сето тоа, џабе е што еден човек го сакаат кога веќе го нема. Нека почива во мир.