Тоа е -нашата држава ,мене ми е јасно дека гледаат само да спечалат пари,меѓутоа нека не се прават по ТВ како им е жал за него ,единствено на неговите им е најтешко-да не си им во кожа,кај не можеа на мир да го жалат од безобразни новинари. за жал изгубивме многу,но сепак барем убавиот спомен нека се сочува на него. Она што сакаат сите да спечалат на неговото име-не можеме да го промениме. Дали е за хуманитарни цели-и тоа да се сомневаш,а ицената бе луѓе ,е не се нормални!!!
Па нормално дека ќе бара хонорар кога сите бараат. Парите и онака е прашање дали ќе отдат во хуманитарни цели, па кога зимаат сите, зашо да не земе и Ѓумар, туку го нашле него па ај за него пишале, а кај се сите останати што барале хонорар? Нека си земе пари човекот, тоа му е работа, нека си земат сите. Зашто на крај краева да диригира за џабе, а друг да си ги лапа парите од скапите влезници. Кога е навистина хуманитарен концертот се знае, се знае дека учесниците не бараат хонорар за да пејат на хуманитарен концерт, и на организаторите ако им бил навистина хуманитарен концертот ќе нашле друг диригент што ќе диригира без да бара хонорар, ама имале пари да му платат на Ѓумар, ко единствен да е
Еден и единствен!!!!Човек со толкав талент,таква харизма и такво срце многу ретко се раѓа.Навистина многу фали на нашето естрадно небо
Фалиш, ангелу, фалиш. Харизма, љубов, сочувство - тоа беше Тоше. Кога ќе му ги слушам песните тонам во некакво блажно чувство на македонка. Не знам да опишам.. горда сум што сум живеела во времето на оваа легенда. Горда сум што бил македонец. Стиховите на неговите песни се толку прекрасни, мили, што и да неќеш ке ги научиш! Тоше, те сакаме сите! Ни фалиш..
Се мислев интервјуво дали да го сместам тука, или во темите за политика. Се решив тука затоа што од политикана и дискусиите таму ми се повраќа. Прочитајте, па после докажувајте се кој е подобар, Груевски или Црвенковски. А тие гајле си немаат. Има проста маса што душа дава за нив. http://doznajemo.com/2012/03/08/imena-u ... j-zavjeri/
Angels dont belong on Earth, but instead in a world much more pure and beautiful then the one we know. http://www.youtube.com/watch?v=MdcKLoh3N14
Се натажив сакал дует со Витни Хјустон, сега и неа ја нема, двајцата ги нема.А толку моќни гласови имаа врв, на човек да му е мило да ги слуша.Ретко дека ќе има вакви луѓе.
Дека хуманоста на нашиот Тоше Проески била бескрајна говори најновата приказна која ја објави порталот естрадаплус. Имено, пред неколку години продавачот на весници Рафит Хасани, продавал весници на Булеварот Партизански одреди. Премногу врнело. „На семафорите застана еден автомобил и јас приметив дека е Тоше Проески. Ме праша колку ми е заработувачката за една вечер, а јас му одговорив дека е околу 150 денари. Извади од џебот 500 денари, ми ги даде и рече: Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш, од тогаш често поминуваше и ми носеше чај во термос“, вели Хасани. Светот уште долго нема да добие човек како што беше тој. Којзнае уште колку вакви дела има направено… Спојлер БезПардон.Мk
^за жал многумина сега се трудат да го копираат Тоше, да бидат како него...каде беа тие истите кога Тоше правеше добри дела од срце без цел за слава и признанија.За жал тие негови колеги сега тоа го прават за признанија.