Единственото наше што вредеше- веќе го нема. Освен него и Владо Јаневски друг наш пејач не признавам. Навистина беше најдобар и незаменлив, џабе се трудат да го копираат. И не само како пејач, многу добар се покажа и како човек, хуманитарец. Само штета што многу луѓе не го ценеа тоа додека беше меѓу нас, а сега му прават спомен куќи, концерти во негова чест и што ли уште не... Му ги знам сите песни, често си ги слушам, и не само што песните се убави туку и со љубов се испеани. Се ежам од последниот негов албум, како да си ја претчувствувал смртта! Не знам дали би можела да оделам најубава песна од него, многу се, сепак меѓу најубавите... "Громови на душа", "По тебе", од постарите "Излажи ме", ми се допаѓаат и "Срце није камен", "Вежи ме за себе" и уште многу други. Српските верзии на песните исто така се многу убави. Штета е што човек како Тоше не е повеќе меѓу нас, ама верувам дека сите вечно ќе се сеќаваме на него! http://www.youtube.com/watch?v=7-IS46ea3Fw
Постари <3 http://www.youtube.com/watch?v=h4Z95-fSjec http://www.youtube.com/watch?v=NF6AmXQi ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=vsqBzniR ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=HMdz_i7LM8I
Немам што да кажам освен-ТОШЕ БЕШЕ АНГЕЛ НА ЗЕМЈАТА ! Прекрасно пееше,знам многу негови песни вреди да се слушаат. Ваков хуман,добар,талентиран човек лесно не се наоѓа.Тоше е незаменлив.
Нај искрено многу ми недостига Тоше,кога го гледам некогаш на тв се наежувам тоа беше посебен човек иако лично не го познавав но тој има посебно место во моето срце ми недостига најискрено
Тошке ми недостигаш секој ден се повеќе и повеќе. те сакам и ќе те сакам засекогаш.... Сепак јас сум многу среќна што имав шанса да те запознаам и лично, да те изнагушкам, да те бакнам и да ти кажам дека ТЕ САКАМ ПРЕМНОГУ....на сите концерти доаѓав неколку часа порано само за да сум најнапред, пред тебе.....горда сум што имам еден цел албум со наши слики и твои автограми кои за мене се светост...секогаш ќе доаѓам во твоето Крушево, на твоето почивалиште за да ти шепнам уште еднаш дека те сакааамммм
Потајно се надевам дека ќе дојде денот кога овој кошмар ќе заврши... Денот кога ќе се рашири веста дека сето ова е лага... Кога ангелот наш ќе се врати и ќе го слушнеме повторно неговиот прекрасен глас, а тој ќе ни повтори како и секогаш: Сите ве сакам!!! Ахх колку ми е криво, колку ми е жал... Таков човек никогаш повеќе нема да се роди. Едноставно беше најдобар во се`. Никогаш нема да се помирам со тоа дека веќе не е меѓу нас... Почивај во мир легендо... Те сакам http://www.youtube.com/watch?v=i6jSbXUxy7E
Зошто бе, зошто за Тошенце кој заслужува многу повеќе не успеа да изградат една надгорбна плоча? Ах, смртта никогаш нема да ја прежалиме и секогаш ќе биде во нашите срца, ама државава да ја направеше оваа работа барем како што треба, должна му е. http://www.youtube.com/watch?v=kk6AMWlip_0
Аххх Тошки.... ... Зарем поминаа 4 ипол години ?!! .... Нема ден без неговите песни ама некако нај при срце ми е Тајно моја ..Ме потсетува на едни убави времиња , на детстовото , неговиот почеток и едно мало девојче кое секогаш кога ќе го видеше Тоше на Тв паѓаше во занес...Секогаш си тука без оглед на се ... <3 http://www.youtube.com/watch?v=ghcztG-9MSE
Чинам вчера беше...Лета времето, а со тебе пораснав. Не сум веќе малечкото девојче со две репчиња на главата кое во кола ги слушаше твоите песни одново и одново без да го знае нивното значење. Сега ги слушам поготово кога сум тажна и се пронаоѓам во нив. Непребол си Тоше... http://www.youtube.com/watch?v=Hyj7F_BE4N0
Можеби некој ке рече дека треба да ги слушаме песните негови и така он ке продолжи да живее,ама јас не можам да ги слушам,ми доаѓаат одма солзи,ми е тешко,ми се плаче Има моменти кога на керка ми и ги пуштам неговите песни,голема загуба уште не можам да се освестам дека поминаа 4 години....
Знаат да прават споменици во Скопје од бикови,крави,женски а за Тошка да направат надгробна плоча не можат. Тошка те сакам,ми недостигаш
Единствено нешто за што сметам дека е така, а тоа е дека многумина не го разбраа доволно добро она што Тоше секогаш го говореше.Нешто за што треба да се размисли зошто сите го сакаа. И како што кажаа погоре, треба да му се направи споменик.Таков човек како Тошка наш, заслужува многу повеќе.Бидејки бил човек во вистинска смисла на зборот. Додека неговата смрт, ќе остане мистерија, џабе ќе биде и ако некој ги разоткрие тие што го направиле тоа, оти и да ги разоткријат, истите тие ќе негираат и така до бескрај.Нема вредност, казната за тоа секако ќе се врати, кога-тогаш, без разлика на каков начин, бидејки се што е направено лошо некому, не останало неказнето.