Читав негде дека било објавено предходно ама јас колку што се сеќавам имам гледано само слики од ова интервју ама не и видеото ..
https://www.facebook.com/events/318032838294980/ Нова крводарителска акција во чест на нашиот Тошка. 05.10.2012 10.00 - 18.00 часот во просториите на фондација "Никола Кљусев" (до дом на АРМ) http://www.youtube.com/watch?v=33DWG_kfYLU
http://www.youtube.com/watch?v=-8kNDuSI ... re=related погледнетего видеово многу е интересно можеби го знаетее
Минатиов викенд со мама шетавме по градот и поминавме покрај мостот да го видиме Тоше на мостот.И можам комотно да кажам дека кога одев на кај мостот си мислев, леле којзнае на што личи,зошто на сликите не ми се допадна.Но кога го видов во живо слободно можам да речам дека воопшто не изгледа како на сликите, и баш го има ликот на Тоше.Не е скроз оноа копија.Ама воопшто не е ни лошо.
Што мислите за избор на човек-дечко што личи на тоше?(макар и виртуелен избирање ). Мене како идеја ми се допаѓа а и забавно би било да знае и нешто да отпее + .
Сноу не мислев некој да го замени,туку идејата ми е нешто од типот пр како што има луге што личат на познатите ,актери ,пејачи и слично низ светот па зошто да нема и за тоше ? Тука нема нешто што би го оцрнело неговото име или прикажало во негативно светло ,само забава
Денес е 5 октомври. Денес е ден во кој на моменти си се насмевнувам во себе за тоа што на денешен ден беше еден од најубавите концерти на нашиот ангел. Но денес е ден и од кој се ужаснувам и сама себе си велам ,,не требаше тој да биде последен,,. Тежок ден во секој случај. Не само овој. Многу ми недостига ангелот наш. И не, некам да звучам како некој кој жали и го сака Тоше само по неговата смрт. Тие што ме познаваат знаат дека Тоше беше оној кој го сакав најмногу. Тие знаат дека се будев и заспивав со него. Тие што ме познаваат знаат дека ги знаев сите негови песни, знаев буквално се за него. Знаат колку внимателно зборував за тој човек уште од мала, знаат колку внимателно ги чував и прибирав сите слики од него, сите информации. Го сакам исто колку што го сакам и моето семејство? А можеше ли некој да не го сака него?Заради овој човек кој Господ ни го зема прерано јас станав подобар човек. Научив да сакам, научив да слушам, да бидам трпелива, да помагам, да се смеам, да ги ценам основните човечки вредности и да не им судам на луѓето затоа што сите се исти. Им благодарам на моите што сфатија колку ми значи овој човек и што ми овозможуваа да бидам дел од сите негови концерти. Им благодарам што ми овозможија да го запознаам и да се дружам со него бар еднаш годишно, да го слушам, да го гледам, да го гушкам. Можев само да седам до него и бесконечно да го гледам. Блескаше со некоја позитивна енергија. Ме правеше среќна. И не, за мене не се само 5 или 16 октомври, 25 јануари денови во годината кога се сеќавам на него. Помислувам на него скоро секој ден. Ме боли кога ќе помислам дека никогаш веќе нема да го видам, да го слушнам, да го гушнам. Тој човек како да беше лек за се. Го сакаа сите. И стари и млади. Денес е еден од деновите кога цел Балкан си спомнува на него, бидејки овој ден пред 5 години беше целосно негов. Јас никогаш нема да го заборавам него, тој не сакаше сите со срцето и душата, многупати ни кажуваше дека го правиме среќни. Се надевам дека ако може да гледа од горе од небото ќе се гордее со нас, оние кои вистински го сакаат и го чуваат од заборав, затоа што Тоше беше еден и единствен, најдоброто нешто кое и се случи на Макдонија
Да пред 5 години беше неговиот последен концерт.Во Скопје знам бевме баш тогаш кај роднини и вујко ми ми вика види земав карти за кон. на Тоше и јас радосна ќе одам и ќе го видам Тоше и го прашувам сл. ден дали ќе одиме и он ми вика па оваа карта не е за тебе... и знам кога беше концертот се изнаплакав премногу и остнавав само да гледам на ТВ и додека гледав дојде татко ми и ми рече дека на следниот и ние ќе бидеме е дека ќе му донесеме мече зошто беше по моја желба.
Кој би рекол дека поминале 5 години...како вчера да беше кога уште во 17/18часот со другарките отидовме на стадион,за да фатиме место до бината. А кој би помислил тогаш дека тоа всушност ќе му е последниот концерт...
^ ќе има нешто по телевизииве, пренос, или слабо? инаку да, и јас се сеќавам на последниот концерт на Tошка, најгоре бев со другарка, леле колку народ имаше
Денес сите заедно во еден глас,во еден знак на љубов и незаборав кон Тоше,да присуствуваме во ѕвезденото небо.!!