Сакам да споделам една случка на која бев очевидец, Таа е една случка од многуте која потврдува дека Тоше навистина се трудеше да помогне на сите. Беше зима, пред 5-6 години.На патот Крушево-Прилеп поточно измеѓу с.Кривогаштани и с.Врбјани,на еден човек му зализгала колата (пошто патот исчистен знаете ) и влегол в канал.А снег до колена .И слегоја луѓе од неколку коли за да му помогнат на човекот и да ја поттурнат колата.Од една друга кола слезе и Тоше,и тој влезе во каналот и помогна колата да се истурка горе на патот,позборува тука со луѓето и замина.Тоа беше првиот пат кога Тоше го видов во живо
Во позадина оди песната која ќе биде премиерно објавена на 25ти јануари. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... oFbP_hJeT4
Време минува...но сеуште не ми е јасно дека Тоше го нема. Редовно си слушам негови песни.Беше единствен.
Тоше.. Ангел шо секогаш ке е со нас!! Човек шо секогаш ке го памтам!! Инаку омилен пејач ми е (од машките у МК!!) ама тоа е судбина никој неможе да ја смени..ЗА ЖАЛ..!!! Нема да се роди таков АНГЕЛ во светот!!! ТЕ САКАМ ТОШЕ!!! <3 :'( аа само една желба имам уште од мала да го видам и да го гушнам !! ама знам дека никогаш нема да ми се исполни таа желба..знам дека е невозможно..
Кога мене толку проклето ми недостигаш, не можам ни да замислам како се чувствуваат твоите. Чудна работа, да се приврзеш толку за некој кој не го ни познаваш. И секогаш, секогаш кога доаѓам Крушево, се чувствувам спокојно, смирено.. Та и луѓето таму, како да те следат тебе, сите се пријатни, добри, љубезни..
Кога не ми текнува која песна да ја слушам го пуштам Тоше.Додека си читам овде,во позадина оди концерт на Тоше.И не знам што ми стана деновиве ама многу ми е жал за него.Ми недостига како да е некој кој сум го познавала лично а не е така.Тешка е помислата дека таков квалитет како Него повеќе го нема.Кој ли хит сега ќе го издадеше?Дури е невозможно,но мислам дека после неговото заминување се смени нешто кај луѓето.Пред некое време го сонував.Тешко е без него... Спојлер Мислењево ми е зачувано од 26.11.2012
Душа наша беше тој. Сонце македонско. Мислам дека човек во Македонија кој повеќе знае да љуби од него нема да се роди.
Некогаш кога ќе видам нешто во врска со него, изгледа како воопшто да не му се случило тоа, а реалноста е сосем друга Се надевам барем нешто останало во луѓето, од сето тоа што тој зборувал.
Бидејќи помина многу време.. (дури не ни осетив кога) сеуште мислам дека не се случило такво нешто воопшто.. И секогаш кога ќе помислам на тоа дека ако сообраќајката била наместена е вистина секогаш плачам. Не мислам секогаш на Тоше, ама доволно ми е да видам една објава, една песна објавена на Фб, тогаш цел ден се вртат неговите песни. Жал ми е, премногу ми е жал, морам да признаам дека порано не го слушав со толкаво внимание како сега. Се сеќавам дека после неговиот настап на евровизија, веќе ниеден наш претставник не не претстави толку добро, и на секој избор велев " Ајде пак нека оди Тоше" . Тој е човек што треба да остане запаметен, човек што многу направил и од сето тоа треба да му биде вратено со многу љубов и почит од наша страна.
Каков мир му даваш на Крушево, Тоше, знаеш? Никаде нема поубаво место, никаде... Го чувствувам тоа секогаш кога доаѓам
http://www.kurir-info.rs/nije-zaboravlj ... nak-609047 И сеа кај ќе биде тој концерт у скопје или нешто грешка е, се убив од барање неможам да најдам информација Морам да се редактирам, се јавив у фондацијата и прашав. Концерт во Скопје по повод 32 роденден нема да има. Причините ќе ги кажеле на 25.01 на промоцијата на новиот албум