Утре му е роденден.. Душа... Додека гледам слики со негови обожаватели по интернет, многу ми е жал што не сум имала можност да го гушнам. На еден концерт, една обожавателка му го подава телефонот и му вели да и пее на сестра и' на телефон. И он го зема телефонот и и' пее замислете која привилегија, кое чувство е тоа. На крај и вели Волим те.. Штета, јас не сум имала можност да го видам. Братучетка ми ми вели,тогаш кога се сликав со Тоше, ме бакна во образ и не сакав да го мијам тоа место никогаш Јас ми се чини би го удавила од гушкање.. Ама немам можност веќе, нема ни да имам никогаш...
Нема да пишувам долги постови. Само Господ и душата знаат колку многу недостигаш. И пак ќе кажам ти благодарам Ангелу што ме научи да бидам добар човек.Несакав вака да се сеќавам на тебе и да немам каде и како да ти честитам роденден. Ќе те сакам засекогаш
Вечерва секаде по тв и нет го спомнуваа, а јас на секои 5-10 мин си бев со светнати очиња... многу ни недостига на сите тоа сигурно го знае
Често помислувам на тебе и те споменувам. Среќен ти роденден... иако ти не заслужи ваква честитка. Твојата ѕвезда вечерва нека блеска најсилно, Почивај во мир ангелу!
Денес му е роденден на ангелот наш Не гледа сигурно. Знае дека ни недостига Во облаци да стигне мојата желба,да допре до тебе. Да знаеш дека никогаш нема да бидеш заборавен и секогаш ќе бидеш во нашите срца. Ова беше премалку за крај Тоше,премалку за крај...
Тоше има само датум на раѓање ! Слава ти легендо! Знам дека си таму заедно со ангелите,и не гледаш од небесните височини. Те сакаме ! Инаку незнам како можете да честитате роденден на некој што веќе го нема меѓу нас,ако сакаш да му одадеш почит можеш со вечна ти слава,или незнам можеби грешам..не ми замерувајте ако не сум во право И да,сакам да прашам дали ќе има на некоја телефизија пренос од тоа што ќе се случува во спомен куќата на Тоше во Крушево?
Во 18:40 на Канал5 ќе има, веројатно целиот настан би требало да го даваат. Луѓе го гледавте ли спотот? Јас останав шокирана кога преку замаглениот прозорец го видов неговиот лик како ги пее стиховите на Све је ово премало за крај. Не знам кај нашле човек толку сличен на него, ама мене кожа ми се наежи. http://www.youtube.com/watch?v=sVkxJt6SHZk
^ Од 2:32 натака. Не, дефинитивно сум сигурна дека е Тоше само веројатно крателе од оној спот со Ања Рупел - Крајње време, оти тој дел е многу сличен со овој во спотов. Али на некои делови ми се чини ко да е друг човек. Да кажам дека девојкава ми е прекрасна во спотов, и онаа во Још увјек сањам да смо заједно. Доловуваат страшна емоција, барем мене ми доловуваат.
Не е Тоше, на спотот е манекенот Илија Илов кој во спотот го глуми Тоше. Направиле да изгледа како навистина да е он. Браво за спотот.
македонско дусо ти си ангелот нас... Спојлер лелеееее во момент кога го гледав видеово си викам ааа тосе пеее па жив е,па во момент а поЧинал ли стварно нема смисла ова.... тој не е поЧинат во никој од нас...јас секогас го гледам и слусам него,тој е тука
Не можам да верувам колку човекот личи на Тоше! Најпрво мислев дека го снимал пред да умре! Неверојатно Толку е реално! Браво за актерот Спојлер Јас ќе си мислам дека е тој! Сеуште не можам да прифатам дека умре
Среќен роденден ангелу.... Тажен ден...па и кога ја слушам неговата најнова песна не можам да поверувам дека цели 5 години сме без човек како него... :'(
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... VkxJt6SHZk За миг помислив дека си сеуште меѓу нас.... Се наежив.... Го гледам на repeat делот со манекенот... Неможам да тргнам очи од тој дел,бегам од реалноста дека не е Тоше.. Длабоко во мене посакувам сега да го снимал тој спотот...
Мене ми се насолзија очите. Навистина како да беше тој. А и девојката како емотивно има пристапено кон спотот. Браво!