Го видов спотот од песната на Тоше, актерот мене воопшто не ми личи на Тоше, можеби во обликот на очите, но според цело лице, не, првенствено обликот на ликот не е сличен.Верувам дека е така тоа што се работи за актер, но на еден дел од спотот, како да има дел од ликот на Тоше, можеби е преземено од друг спот, претпоставувам, може и да сум грешка, но тоа поинаку говори за сличноста на актерот со Тоше.Инаку, песната е убава, ми се допадна.Мислам дека единственото нешто што е важно, а имам неколку пати спомнато, е она што Тоше говорел, да се разбере, примени во животот, бидејки е нешто што е потребно во светов, човекот во себе си го има доброто, но негово право е да одлучи дали ќе биде само тоа врз основа на кое ќе се темели неговиот живот, кое ќе биде суштината на истиот.
Среќен роденден,секогаш ќе го славиме твојот роденден ѕвездо најсјајна. Те сакам !!! Сега дури 7 :up: има баткава
Само мене ли не ми се допадна новата песна на Тоше? Мене ми изгледа премногу површно направена, без некои емоции и монотоно повторување на еден ист рефрен, нешто што мислам дека, од досега направената музика на Тоше, што тој ја направи додека беше жив, тој не би го одобрил. Навистина мислам дека ова е само една бедна копија на песна и стил на Тоше и мислам дека и не треба никој да се обидува да ги прави овие песни, затоа што прво - луѓето кои ја монтираат оваа немаат квалитет за да можат да направат таква песна и да биде потпишана како најновата песна на Тоше Проески. А, за спотот и актерот, мислам дека нема потреба да глуми некој актер Тоше Проески и + воопшто не личи на него. Мислам дека на тој начин се валка споменот на Тоше, ниту еден актер не е достоен да го глуми Тоше, Тоше беше еден и единствен и тоа ке остане така. Мене лично не ми се допаѓа!
Ја слушнав новата песна и со другарка ми заедно почнавме да плачеме. Иначе, јас не можам да слушам многу песни од него како на пример цел албум Игри без граници, По тебе и The Hardest Thing. Одма почнуваат солзи на очи. Дали и некој друг има приметено дека во овие 3 албуми Тоше многу зборува за својата смрт?
Ево во моментов го гледам на мрт.Празнината што ме обзема неможе да се опише.А солзите што се повеќе и повеќе се множат се и се потешки за задржување.Секој ден ...буквално секој ден се прашувам зошто тој.Ми недостига кога ќе слушнев нова песна на Тоше на Тв и ќе почнев да скокам како луда.На секоја песна си ронам по една солза.А новата песна е .... сон .Веќе ни спот не приметив толку ме занесе гласот. Толку од мене , одам да си земам палома инаку ојде тастатурава .
Па незнам дали имаше можност да слушенеш како биднала песнава. Пената е снимена на неговиот телефон. Од телефонот е најдена. Тој си ја испеал, мислам без музика во позадина, но ја имам купено музиката за оваа песна и потоа била само искристализирана и се додале сите украси на песната. Значи ова целокупно не е монтирано, само музиката. Инаку што се однесува до актерот во спотот, мислам дека немаше да има смисла доколу цело време ја покажуваа само девојкта, а песната е на Тоше, а од друга страна добро е и што не го покажаа јасно. За спотот во ред, можеби и не ти се допадна, но за песната незнам зошто не му се допаднала на увото Во секој случaj за вкусови не се дискутира
Зошто ми сте некако негативно настроени? Прво нормално, не беше како што треба снимена песната, демо снимка од Тоше, не обработена до крај, затоа не ни може да биде како што тој би ја финализирал пред да ја издаде во јавност (Но според мене и вака е преубава). Друго, Тоше сам зборувал колку многу ја сакал оваа песна и имал огромна желба да ја објави. А трето, момчето што го глуми тоше не сака да биде Тоше, туку на некој начин да го долови, да почувствуваме дека е жив. Барем кај мене тоа му успеа. И не се работи за валкање на споменот на Тоше, баш напротив луѓето се трудат да го држат од заборав и прават се што е во нивна моќ неговите песни да бидат промовирани најдобро што можат. Тргни од спотот, колку емотивно пристапуваат тие што глумат, девојката со какви емоции е внесена. Нема простор за негативни коментари тука.
Авторката на песната дознала дека Тоше овие делови од песната биле отпеани со помош на клавир, значи човекот за своја душа по дома ја снимал, строфите биле половични па затоа има повторување на строфите, дури и додека пее се слуша лаење на неговото куче во позадина. Луѓето се трудат и од тоа нешто што му е останато во компјутер да склопат песна за да слушаме нови работи од него, не е фер да негодуваме. Такво залагање ни за светскиве пејачи што починале - го нема.
^ Преубав е текстот. Уште пред да излезе песната, кога го прочитав, можеби и си се пронајдов. Сите си се пронаоѓаме повеќе или помалку. Арно ама, можда оглувев, не знам, ама јас во песната никаде не слушнав лаење од куче. Не велам дека не била таква верзијата што ја нашле во компјутерот од Тоше, ама сметам дека требале баш таква да ја остават. А не ја искомпјутеризираа скроз, и од еден инструмент одеднаш имаме цел оркестар. Душата на песната ми е потполно изгубена и радо само текстот би си го читала.
Го сакав Тоше, го сакам и ќе го сакам. Тоше е еден и единствен и постојано слушам песни од него.Никогаш нема да го заборавам.Тоа што го направи тој...никој не може да го направи.Тие хуманитарни акции...Тој карактер...Таа насмевка.За жал веќе многу години не е покрај нас, а како вчера да беше тука.Уште од мала сакав да идам на негов концерт, но еве желбата не ми се исполни.Многу луѓе го приметија Тоше откако загина.Пред тоа имаше многу што не го ценеа неговиот труд.Но тој секогаш ќе остане во нашите
"Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе." - Тоше Проески
Душа.... Омилена песна ми е Го молам ноква небото да ми те врати.. http://www.youtube.com/watch?v=ADmVA-A47PU
http://www.youtube.com/watch?v=ZUmae4BZtLM Во последно време хит ми е песнава... Не можам да одберам омилена песна,баш сите ми се ама Го лажам секој нов рефрен некако ми е...