Никогаш нема да ми здосади. http://www.youtube.com/watch?v=ucFrLBSdG2Q http://www.youtube.com/watch?v=wgRCJPs2ZKA Да се расплаче човек
Тоше беше еден и единствен! Неговата хуманост ке ја паметиме секогаш!!! Неговото Ве сакам сите, ќе не потсеќа на неговиот насмеан лик... Неговиот посебен глас ќе го слушаат уште многу генерации... А, неговите песни ќе се пеат уште на многу забави, журки, родендени... Почивај во мир ангелу наш...
Во последно време во глава ми се вртат песни од Тоше, а зошто, не знам. Инаку, најдобар пејач на нашиве простори.
На денешен ден точно пред седум години, во раните утрински часови ни почина Тоше Проески. Се сеќавам беше едно прекрасно, совршено сончево октомвриско утро. Само што стигнав на работа, уште со ташната на рамо, ја слушнав оваа вест. Велам: - "Aјде бе зафрканција е, често пати слушаме такви измислици". Но, телефонот ѕвонеше и од сите страни иста вест. Уште бев во неверица, отворив по интернет порталите и кога прочитав знаев дека е вистина. За прв пат заплачав во јавност и ми беше сеедно. Оваа песна ми е меѓу омилените. Тоа е единствено нешто што можам да го направам за возврат на големото музичко наследство кое ни го остави. Почивај во мир, голем човеку. По тебе www.youtube.com/watch?v=MBUs8f1Oeiw
7 години од смртта на Тоше ми текнува на тоа утро бев 8-мо одделение еден мој другар влезе во училна и ни вика на сите дека Тоше е мртов ние сите не верувавме и по некое време ја гледаме професорката по француски цеата расплакана и ја прашуваме дали е вистина она кога ни потврди мене уште не ми се веруваше,ми текнува тој ден не пуштија од школо сите расплакани,а само еден месец пред да се случеше несреќата Тоше дојде на посета во моето основно .Колку само ми недостига Тоше понекогаш си мислам дека е жив,но сепак да беше жив ќе се појавеше.Но ете го нема повеќе нашиот Тоше :`(
И ден денес чувствувам болка на овој ден.Имав можност да го познавам Тоше лично, и беше навистина предобра личност, онака како што се претставуваше во јавноста, таков беше и приватно.Седум години одбегнувам да слушам песни од него, секој пат ми се насолзуваат очите.Оној последен концерт сеуште ми е пред очи.Беше голем човек, а како таков и секогаш ќе го памтиме.Почивај во мир. https://www.youtube.com/watch?v=XNv9pPnCihI
7 години се чудам колку ли брзо поминаа, сеуште го паметам оној ден, беше утро пред да одам на училиште случајно слушнавме со брат ми на вести за Тоше, и двајцата имавме ваков израз мислевме зафрканција, но кога отидовме во школо сите расплакани, наставничката не можеше да зборува од тага а јас како ја гледав уште повеќе ми се насолзуваа очите неможев, цело школо плачеше од најмали до најголеми, наставници, родителите што ги носеа децата, сите потполно сите, сеуште ми се пред очи вестите тоа утро во 7 часот, водителката која едвај зборуваше незнам како се воздржа а да не заплаче.Тој ден мајками дојде од работа цела расплакана кога ја видов уште толку почнав да плачам, на овој ден пред 7 години сите дома плачевме јас сеуште плачам денеска станав тажна, цел ден сум тажна, ќе си кегнам тажна и така секоја година, сеуште го паметам денот 2 години пред да почине беше зима, цело семејство бевме во Крушево и убаво си го изнагушкав Тоше а сликата ми стои на ѕид во соба кога легнувам ја гледам, кога станувам пак ја гледам, секогаш кога одам во соба ја гледам и гледам и само се сеќавам.Солзите веќе се тркалаат по моево лице зошто срцево го пишува ова а не ЈАС. 16.10 ЗА МЕНЕ Е ДЕН НА ТАГА, ДЕН КОГА СЕКОЈА ГОДИНА ЕДЕН ДЕЛ ОД МОЕТО СРЦЕ Е СКРШЕНО.
Се надевам дека таму горе му е подобро а ние ќе се снајдеме...Јас кога ја дознав веста бев на школо прва смена и баш тогаш ми ја ставија првата петка по физика за да веднаш после тоа некој искоментира дека Тоше загинал,ама не беше сигурно,некои така викаа некои инаку и не знаевме ниту ние ниту професорите дали е точно.За многу кратко време веќе информацијата беше официјална и атмосферата се промени.На почетокот сите мислевме дека се шпекулации,дека не е можно,дека измислуваат...Потоа настапи мрачна сцена,тмурна.Зошто? https://www.youtube.com/watch?v=zud0EIGHvpQ
Мене срцето ми се кини ко ќе ми текни на него. Беше толку млад, имаше цел живот пред него. Имам колешки од Крушево, многу пати сум била кај нив, мене болка ми е кога во градот ќе видам слики на сите страни, гробот и се друго, кога и да сум Крушево, обавезно го посетувам. Не ни ги сетивме овие 7 години, кога поминаја, чудно е, се чудам колку албуми, колку преубај песни ќе имаше извадено ако беше жив. Почивај во мир.
https://www.facebook.com/events/337653776427473/?notif_t=plan_user_invited Нова крводарителска акција во чест на Тоше. 25.01 10-17 часот Дом на АРМ.
Нешто што најмногу мразам е кога некогоспоредуваат со Тоше, имал сличен глас ова она. НИКОЈ нема и нема ни да има, ни глас, ни изглед, ништо.