Ме насолзи постот на Кукличка Ск...кога и да се спомни Тоше нешто во мене се стегнува..Ми фали..Сум го сакала и ќе го сакам..Сум го слушала и ќе го слушам...Беше еден и единствен..Неповторлив...Залудно е веќе да пишувам нешта кои сите ги знаеме...Мојата омилена... http://www.youtube.com/watch?v=z_OJVohVZXc
тајне српског џет сетта александар игњатовиќ мислам дека овој е авторот на кого мислиш така?ај кога веќе спомна напиши некои работи што ти ги кажале за цеца и аркан и за тоше? а кога се работи за тоше да можева да знаев своите досегашни 24 години со задоволство би му ги дала него само да не заминеше толку рано,толку од мене
за темава Ех Toшeнце , да беше жив сега кој знае каде ќе беше стигнат со популарноста, ама Господ ги сака најдобрите
Ги разгледав сите одговори внимателно и кога ги гледам сликите морници ми одат по телото. Игри без граници негова автобиогравска песна кога и да ја слушнам сози ми течат исто и полско цвеќе, ма сите негови песни се супер. Нека почива во мир, тој нашиот АНГЕЛ тоа и ќе остане.
Ангел е тој. Ангел и беше. Овде и таму Моите омилени: http://www.youtube.com/watch?v=0bU00dxKO9A http://www.youtube.com/watch?v=ZXt2Etguwnk http://www.youtube.com/watch?v=M6HkyW1b5_U http://www.youtube.com/watch?v=zcOugqVi_8o
Јас пред година гледав еден новинар збореше дека Тоше е убиен и наводно имал и докази кои допрва ќе бидат објавувани. А ти што слушна за Тоше, баш ме заинтересира?
Порано не ми се допаѓаше,не слушав негови песни и не ја следев неговата кариера Зажалив ! Кога почина,сфатив (читај:дознав) каков човек бил - колку добро направил Оттогаш наваму ги знам сите негови песни и неговите дела .. Како што се вели : Кога загубиме нешто драгоцено - му ја сфаќаме вредноста Таков беше мојот случај .. Еве ја и мојата омилена песна од него - се наежувам и плачам кога ја слушам http://www.youtube.com/watch?v=BVUzV8NF9Rs
Јас имам чуено дека пред сообраќајката му бил искршен вратот и затоа изгледал како да спие, а самата сообраќајка дека била само местенка.. не знам, не сум никој за да судам, ама како и да е него веќе го нема и ништо нема да го врати... само се надевам дека е на некое поубаво место од овој проклет свет..
Еден и единствен Тоше! За жал после него нашата музичка сцена ќе остане мртва како него Сеуште не ми се верува дека го нема веќе и дека повеќе нема да имаме негови нови песни, реалност што тешко се прифаќа. Нема песна која не ја сакам, но овие спаѓаат во моите најомилени негови песни. http://www.youtube.com/watch?v=cS_lYPIM5kg http://www.youtube.com/watch?v=EqhBw3jzQVI
Секој збор е излишен... Барем сега е на сигурно, меѓу ангелите! Но ние луѓето сме такви, што сфаќаме колку ни значи некоја личност, откако ќе ја изгубиме.... Почивај во мир АНГЕЛУ.
Уф,посакав да коментирам на темава Детството ми е поврзано со Тоше,со неговиот прекрасен лик и душа.Бев убедена дека еден ден ќе ми биде дечко,премногу го сакав. Имавме продавница за касети и тато нон стоп ми снимаше од него,го слушав,го гледав по телевизија,се радував на неговото присуство на некои емисии,ги сакав сите песни и верно го следев дур да почине. Се сеќавам на една прекрасна ноќ,мама и тато ме однесоа овде во мојот град каде што имаше настап Тоше.Го гледав како да е Бог за мене,посакав барем раката да му ја допрам. Татко ми и газдата се другари па ми ја среди да се запознаам со него.Никогаш нема да ја заборавам или да ја изгубам касетата што ми ја даде со негов потпис и огромно срце...Никогаш нема да го заборавам бакнежот во левиот образ и огромната гушка. Тогаш Тоше беше на почетокот на неговата кариера,а јас невино детенце што бескрајно го сака! Тој имаше девојка која го носеше моето име и е од мојот град,па на еден концерт ја поздрави и толку се радував...Бескрајно...Мислев за мене е поздравот Кога почина плачев многу,не ми се веруваше...Толку никогаш и не сум плачела,за никого..Криво ми беше многу што Македонија го изгуби Тоше како една прекрасна личност и дух. Тоше,се надевам дека еден ден ќе се дознае вистината за тоа што ти се случи! Тоше...Додека го пишувам ова солзи ми течат,грлото ми се стега секогаш кога ќе чујам твоја песна или ќе го видам твојот лик.Како појава беше прекрасен,никој не можеше да остане рамнодушен на тебе! Тоше...Ти си нашата вечна гордост!
Ах вчера.... кога ги пуштија песните негови на Антена 5... кога почнав да си плачам во кревет... И да... луѓе како луѓе... Почивај во мир!
Незнам зошто ама мене не ми е верна ни една теорија на заговор за убиство.на кого му згрешил тој до толку за да биде убиен.Не го познавам Тоше лично ама секако дека го сметам за особена личност,личност а не само пејач,ѕвезда...незнам какви докази постојат и колку се вистинити ама мене не ми се верува дека се случило такво нешто
Третиот меморијален концерт во чест на Тоше Проески ќе биде одржан на 25-ти јануари во арената Борис Трајковски.. Фановите на трагично загинатиот македонски пејач може да очекуваат на неговиот роденден, кој е токму на 25-ти јануари, да го добијат и третиот постхумен албум наречен "Со љубов, од Тоше". На новиот албум ќе се најдат 15 композиции, од кои 12 се добро познати поп и рок нумери кои Проески со задоволство ги изведуваше на своите настапи. На концертот во негова чест ќе настапат бројни пријатели, како и бројни музички ѕвезди од Македонија и регионот, а средствата од продажбата на телевизиските права на овој концерто ќе бидат искористени во хумани цели. (превземено од zazabava.com)
Ех Тоше Тоше толку го сакав заздравував од повредите со неговите песни, а кога тој почина штрајкувавме на предавањата на факс, и одам заедно со другарка ми на секој концерт знам дека ке има концерт на 25тти Јануари концерт, незнаев дека ке се оддржи во борис Трајковски, ама каде да купам карта знае ли некој/ја? и колку пари чини?
Ех Тоше...Што и да се каже е малку во споредба со она што тој го направи...Никогаш нема да ги заборавам неговите очи , насмевка , тој ангелски глас. Секој пат кога да ги слушнам неговите песни , солзи ми идат на очиве. Кога почина не можев да поверувам дека повеќе го нема. Многу ги сакам и слушам неговите песни. Тој е сега меѓу ангелите , а како убав спомен да се сеќаваме на него ни ги остави неговите песни...Денот кога почина Тоше Македонија загуби една голема личност , Македонија загуби АНГЕЛ!!! Омилени негови песни ми се „Малечка“ , „Го молам ноќва небото“ , „На место на злосторот“ , „Уште една скала“ и мн други...Сите негови песни ми се омилени...Песната Игри без граници ме потсетува на неговиот живот, неговата трагична прерана смрт...Кога ја слушам секогаш ми навираат солзи на очиве. Неговото мото :Ве сакам сите!
Карти може да се купат во Југотон во Together и на билетара во Борис Трајкоски. Иначе цената е 250 денари. Баш ми е мило што повторно се организираат концерти во негова чест... заслужува! Беше и ќе остане запаметен како еден од најквалитетните (за мене нормално најдобриот) вокали во музичката историја! Македонија не е иста без него, и многу ми е жал што многумина касно сватија колку вредеше Тоше и неговата музика! Што да се каже друго освен: Почивај во мир, ТЕ САКАМЕ СИТЕ!!!
и јас досега не сум коментирала на темава,многу жал и тага на срцево ми е Tој ден кога почина неможам да го заборавам,и се јавувам на една другарка,бевме 2 смена на школо,и ја прашував нешто за некој предмет,и таа плачеше и јас незнаев сеуште,и и велам што е работата?и ми кажа и пуштам на мтв и читам in memoriam мама беше во летната кујна и слушала радио,и таа многу го сакаше,и кога ја видов беше прекршена,плачеше,липаше Mислам дека по никого не сум плачела така,и кога починале роднини,дечковци,не спиев воопшто цела вечер само плачев и слушав радио не бев никогаш на концерт,немавме можности,ама сите песни му ги знаевме се секавам дека некоја од тие вечери кога загина,го сонував дека носеше бело,беше кај некоја стара кука и ми рече еве сега имаме можност да се запознаеме,не ве заборавам ве сакам на сите таму,и седевме и разговаравме за нешто,кога се разбудив ми поолесна Hо никогаш не се заборава таков ангел,немам зборови за него,најдобар беше и со најголемо срце.....Oмилени песни ми се: http://www.youtube.com/watch?v=EqhBw3jz ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=1KkJMmJA ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=QNumrvPaDmQ http://www.youtube.com/watch?v=FEV14Cndass http://www.youtube.com/watch?v=haY2PcvTGbI
Колку фали... Колку фали негов концерт во кој добиваш позитивна енергија за до следниот концерт,но нема веќе... ...единственото чисто во оваа наша земја... Колку фали................ <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/bQ9_OARjkjQ?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/bQ9_OARjkjQ?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>