Баш денес ја слушав. Онака праев пауза од учење и да земам сончоглед од другата соба и тогаш на тв беше. Онака само го слушнав гласот. Секогаш ист глас, и по 100 години песна да не слушнам од него, и тогаш да ми пуштат - ќе ја познам.
Колку и да е невозможно, посакувам да е жив. Секоја негова песна во мене буди емоција, секоја негова песна ме наежува. Еден е Тоше!!! Жално е што новата млада генерација што ќе следи ќе нема можност да го запознае човекот со чисто срце кој несебично помагал на сите.
Незнам како ќе бидам сфатена, ама некако не ми е во ред објавувањево на песниве по неговата смрт. Да бидам искрена,не ги имам ни слушнато. Секако дека го сакам бескрајно,како и секоја личност што израснала со неговата музика и песни,но ова ми нема смисла... Џабе се песните кога нема кој во живо да ги отпее,да го видиме и слушнеме... Со емоција и насмевка каква само тој имаше...
Ние Македонциве едвај на роденденот и денот на смртта се сеќаваме.Србите секојдневно го споменуваат по социјалните мрежи. Ќе наполнеше 35 години.Сеуште не ми се верува дека не постои. И уште истото прашање : Зошто?
И јас на почеток го мислев тоа. Барем да ги објавеа наеднаш онака, вака со маткање ко ќе го слушнам гласот на тв негов на песна шо не ја познавам трчам на тв да видам шо е то и ко ќе видам, а не ... умрен е. Го нема. Џабе малце надеж. Не свесно, нели несвесно ова трчкањето по познат глас шо си го слушал од ко памтиш за себе. Ама на еден начин мило ми е шо имаме да видиме нешто поќе, нешто шо остајл а не објавил. Нормално тие кои го објавуваат ова имаат корист, ама убаво е шо цел негов труд го имаме, не е залуден. Сигурно планирал да ги слушниме некогаш
Планирал,да...ама подруго е да го слушаш и гледаш ЖИВ... Ова вака јас го гледам како начин некој да го искористи неговото дело во своја корист... Секако дека со неговата смрт не умре и неговото дело, но подобро ќе беше се наеднаш да се објавеше(кога се објави албумот the hardest thing).
Ако пратиш на нет, а сигурно пратиш,поголема чест му прават во Хрватска,отколку кај нас... Баш видов на фб имаше плакати во некој град...
Да, те разбирам. Има огромна разлика. И како шо пишав и јас, и ти, сигурно некои трети имаат корист од ова објавување. Сепак подобро беше наеднаш да беше објавено па после да ни останат само сеќавањата и песните, ама така тие трети личности немаше да вадат профит па затоа не измачуваат вака. На крајот на денот, мене битно ми е да ги слушнам сите негови песни кои требало да ни ги претстави некогаш.
Да беше жив , денес ке го славеше својот 35-ти роденден ... Ние ,твоите фанови , сеуште со неверување ги слушаме песните кои ги остави зад себе ... Никогаш нема да го заборавам она утро кога се разбудив , а насекаде по ТВ беше веста за твојата прерана смрт .. И секое утро се бидам со мисла дека ке се појавиш , дека ке снимиш нова песна , ке издадеш нов албум , ке најавиш хуманитарен концерт ... Но тебе те нема , твојот живот прерано згасна .. Се што можеме сега да направиме е да го продолжиме она што ти го остави на половина пат , да бидеме хумани и да помагаме на оние кои имаат малку или немаат воопшто ... Но , иако не си помегу нас веке , ти живееш во твоите фанови , благодарни сме што некогаш те имавме , можеби кратко траеше , но остави длабоки белези во нас .. Срекен роденден Тоше ! Вечна ТИ слава !
Здраво , јас можеби три години сум зачленета на форумов , но втор пат коментирам , и баш ми е убаво вака додека си го пијам кафенцето да разгледам што теми има ....... Сега да прокоментирам токму за оваа тема .... Тоше Проески го обожавам , секој ден ги слушам неговите песни. Сите песни се убави на свој начин , едни од моите омилени се Некаде во ноќта, Тајно Моја, Го молам ноќва небото, Илузија, Боже чувај ја од зло , Игри без граници, Цреша ... а НАЈ НАЈ НАЈОМИЛЕНА ми е УСНИ НА УСНИ.... Убаво е што и после неговата смрт објавуваат негови песни....некако си замислувам дека е некаде на далечен пат и кога ќе се објават повеќе песни ќе не израдува со некој негов концерт...