Секој ама секој ден сум со твоите песни... ќерка ми знае за тебе и ти мафта кон небото ,и ме прашува- а Тоше ми мафта ли на мене? Секако-и велам... зошто знам дека е така. А Тоше зошто живее на небото?-Зошто е ангел, и одговарам... И знам дека секој пат ја чувствуваш љубовта што ја имаме кон тебе,и дека ни е возвратена. Ми беше моја прва платонска љубов чиста како солза,и се уште си. Те сакаме и секогаш ќе мислам дека за тебе е направена најголемата неправда на овој свет
Уште го паметам тоа утро, јас уште бев ученичка во основно, а грозната вест стигна на големиот одмор. Некоја другарка кажа дека слушнала на радио што се случило... некои плачеа, некои беа толку шокирани што ни збор не изустија. Наставата не продолжи нормално, ни тој ден ни наредниот. Во магла ми е тој ден, се сеќавам дека на плоштад се палеа свеќи, наредните денови/недели не можевме да се вратиме во нормала. Тажно што го изгубивме, можеби единствениот наш пејач (со уште неколку исклучоци) што навистина вредеше. И уште поважно, човек со огромно срце, човек во вистинска смисла на зборот. Секогаш ќе ги слушам неговите песни и ќе се сеќавам на него, не само на овој ден