Најдобриот вокал на Балканот, а и пошироко. Човек што можеше да пее рок, поп, опера, традиционална македонска, севдах. Неверојатна харизма, едноставност, посебност, човечност ❤️ Вечна слава
Среќен роденден Тоше Проески...твоите песни засекогаш ќе останат слушани и од нас и од наредните поколенија...те сакаме и ние како што велеше "сите ве сакам!" Загина премногу млад но, ништо нема да те избрише од сеќавањата и нашите животи...засекогаш ќе останеш во нашите срца!
Убаво што ќе снимаат филм за Тоше, но мислам прво дека требаше за некој од постарите пејачи. Пример Јонче Христовски, автор на Македонско девојче, песна која ја знае целиот Балкан и многумина не асоцираат со таа песна, и на Едно име имаме, песна која нема кој не ја знае во државава. А, се разбира и други хитови и убави песни. Како и да е, се надевам после Тоше ќе следува и некој друг. Во врска со талент шоуто што го планираат не ми се допаѓа тоа што ќе се пеат песни само од Тоше. Тоа ми е многу ограничувачки. Сметам дека има многу други подзаборавени македонски песни кои треба да се рехабилитираат и тоа би можело да се направи преку некое такво шоу, каде би се пееле само македонски песни. Како и да е, ќе видиме како ќе испадне.
Тоа не знам, треба да се направи истражување за неговиот живот. Е сега да, можно е да нема доволно материјал/интересни/значајни настани од неговиот живот/кариера.
После толку време уште солзи ми идат на очи на овој ден,па и по порталиве што ми излегува преплакав веќе... Баш жално таков талент,таква добра душа...
Фали премногу...Како вчера да беше 16 октомври 2007 Што и да се каже, што и да се направи - премалку е.
Најмногу ми е жал што на крај све се замагли и ништо се се разбра ни за несреќата детали ниту за шоферот од камионот...