Да беше меѓу нас Тоше денеска ќе го славеше својот 30ти роденден.. Сега е меѓу ангелите....Тоше! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!! Момче со ангелски глас те сакаме сите!!!!
Како денес се сеќавам на утрото кога станав , бев осмо одделение, втора смена на училиште, зедов да повторувам биологија, кога на телефон ми соопштија дека повеќе го нема Не им верував, не можев да поверувам во тоа што го слушам, мислев ме зафркаваат, се ми стана јасно кога ги гледав ударните вести , цел ден не можевме да се соземиме, плачевме камо солзите да можеа да го вратат . Ангелу почивај во мир, никогаш нема да те заборавам ! Секогаш кога ќе слушнам негова песна ми допира длабоко во душава, ама денеска очите ми се насолзуваат како тогаш. Засекогаш во моето срце, ти живееш сеуште, преку делата и песните, вечно ќе живееш ! Пак ќе кажам она ШТО ОСТАНА ОД ТЕБЕ МАЛКУ Е ! Еве во негова чест денеска песнава http://www.youtube.com/watch?v=Xw38TPTJ ... re=related
Испровоцирана од многу коментари морам да кажам нешто.(нејќам никој да се почуствува навреден,ова не се однесува на никој посебно) Не знам зошто толку драматизират околу смртта на Тоше. Да,точно е дека имаше убав глас. Знаеше да направи атмосфера. Му престоеше светска кариера. Донираше во хуманитарни цели(не навлегувам ни во суштината ЗОШТО сето тоа го правел). Греота е што толку млада личност умре на млади години,ама па боже мили што е све ова па сега.Одеднаш се појавија 24325435негови фанови,коишто до вчера го навредуваа. Зарем никој не гледа дека се е ова перење на пари?!Го направија човеков народен херој и не знам ти уште што.Во ред е да се одбележи,еве конкретно неговиот роденден, на некој начин ама ова е премногу!
Абе што си е вистина, вистина е дека многу ја тупат нашиве! Убаво е тоа што прават сеќавање на него ама она е претерано. За изведувачите што ги видов вечерва не сакам ни да коментирам (посебно се разочарав од изведбата на Маја). Ги извади делот каде што ја оставија публиката да пее, всушност така треба и да биде, како минатата година што пуштаа само негови песни и видеа. Иначе како ви се допадна спотот за новата песна??? Јас не сум нешто посебно воодушевена... некако многу ми е непрофесионално изведено се. Со еден збор: Можеле и подобро! http://www.youtube.com/watch?v=QpBmVs1LLNA
па на скала од 1 до 10 спотов е слаба 4............можеле многу подобар да го направат.........веќе ако сакаа да му одадад почит требало да покажат поголема посветеност и професионалност и со тоа ќе направеа супер спот каков што заслужува Тоше... а и уште една работа каде биле сите овие спонзори додека беше тој жив и сам се бореше сега се тепаат за да бидат прочитани дека и тие допринеле во остварувањето на овој концерт, спот, албум или што и да е а порано ги немаше нигде е тоа е стварно тажно што човек добива заслуги одкако ке умре... тажно но вистинито........огромна благодарност што имавме ваков човек кој е голема реткост да се сретне но прерано замина......
вчера бев со друштво на концертот на Тоше... беше весело распеано, и секако јас од сите бев највесела, ама некако беше сиромашно... требаше да биде барем за неколку песнички побогато, повесело... прекрасни се и новите песнички како и рок баладата е ептен супер-баш во мој стил
Како вчера да беше неговиот последен концерт на Градски. Пеевме, скокавме, игравме, а сега жалам што сето ова го пишувам во минато време. Би сакала да можам да напишам ќе пееме, ќе играме на следниот концерт на Тоше, но знам, тоа е невозможно. Кога на разгласната во училиште на големиот одмор пуштија песни од Тоше заменев. Сите се смееја и ги пееја не знаејки што се случува. Бевме прва смена. Потоа ми дојде порака: „Еј знаеш, Тоше загина.„ Ми падна телефонот од раце. Пребледев. Другарките ме прашуваа што се случило. Не можев да проговорам. Го кренаа телефонот и ја видоа пораката. На сите им стана јасно зошто пуштиле музика од Тоше. Набрзо веста се расчу. Сите плачеа, липаа...Отидовме на плоштад, палевме свеќи, се молевме за него неверувајки што се случило... Толку млад, толку убав, ангелче наше беше... А сега е нашиот ангел-чувар, кој не гледа од небото... Ни ги остави песните како вечни спомени, си обезбеди место во нашите срца...беше еден и единствен. И морам да кажам: ова со концериве не ми се допаѓа. Многу се сиромашни. Ако ги прават во негова чест нека ги прават како што треба, а не колку ради реда. Јас не одам веќе на нив. Роденденот на Тоше си го прославувам во некои клубови каде што на тој ден пуштаат негова музика. P.S. Жално што темава е незаживеана и има малку коментари!
Тоше...еден...единствен...незаменлив http://www.youtube.com/watch?v=5QICNJyc ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=Wzh4v8Rk ... detailpage
http://www.youtube.com/watch?v=DLo0U7N65ls Тошенце ... Не постојат зборови со кои би се опишала неговата убавина,големина и отсуство ... ТОШЕ, ќе те сакам додека постојам !!!
ТОШЕ,ТОШЕ,ТОШЕ! ЧОВЕКОТ СЕ РАЃА И УМИРА. СМРТТА Е ДЕЛ ОД НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ, СИТЕ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ОТИДЕМЕ ТАМУ... КОГА ГО ПРАШАЛЕ АХИЛ ДАЛИ САКА ДА ЖИВЕЕ ДОЛГ ЖИВОТ БЕЗ СЛАВА ИЛИ КРАТОК СО СЛАВА, ТОЈ ОДГОВОРИЛ ДЕКА ГО САКА КРАТКИОТ ЖИВОТ. МНОГУ ВРЕМЕ ПОТОА ИСТОТО ПРАШАЊЕ МУ БИЛО ПОСТАВЕНО И НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ. ВЕРОЈАТНО И ТОШЕ ГО ПОСАКАЛ ИСТОТО, САМО ШТО „НЕ НИ КАЖАЛ“ ЗА ДА НЕ СПРЕМИ ЗА ОНА ШТО СЛЕДИ. ТАГА, БОЛКА, НЕКОЕ НЕОБЈАСНИВО ЧУВСТВО КАКО ЗАГУБА ЗА НЕКОЈ СВОЈ. И ТОЧНО ТАКА ТОШЕ БЕШЕ НАШ, ЗАЕДНИЧКИ, ПОДЕДНАКВА СВОИНА НА СИТЕ НАС. ЖИВОТОТ НИ ГО ПОСВЕТИ НА НАС. ВЕЧНА МУ СЛАВА!!!! НЕКА ПОЧИВА ВО МИР!!! АМИН!!!
Прв пат кога почнаа да се вртат хитовите на Тоше на радио ми се допадна претерано милозвучноста и емоционалноста која избиваше од неговиот глас. Кога го видов првпат на телевизија бев изненадена по гласот ми се чинеше дека станува збор за некој повозрасен прво, поради таа перфекција која претпоставував дека е поткрепена со соодветно музичко образование ама повеќе ме збуни емоционалниот набој кој зрачеше од неговата изведба, се прашував како некој толку млад успеал да го вгради тоа кај себе што многу искусни изведувачи не успеале никогаш. Подоцна сфатив дека кај Тоше љубовта кон човештвото и хуманоста се вродени и за него природни како воздухот кој го дишеше. Го изгубивме кога му беше на повидок светска кариера и слава, уште толку имаше да даде и како музичар и како човек и како хуманист. Долго време одбивав да ја прифатам суровата вистина дека веќе го нема, сеуште ми течат сами по себе солзи кога гледам негови видеа или слушам негови песни на радио. Таков темперамент, ентузијазам, насмевка на усните и лицето се реткост меѓутоа токму поради тоа Тоше вечно ќе си во нашите спомени. Ти благодарам што за време на твоето постоење го направи светов поубаво катче и им ги отвори на многумина очите што значи да се биде човек во најнесебична смисла на зборот! Почивај во мир .
Не бев негов фан, никогаш не сум ги ни слушала нешто посебно неговите песни. Ми падна жал кога почина, затоа што станува збор за млад човек. Не сакам да ме сфатите погрешно, но умреле многу помлади луѓе, а за нив никој ништо, умреле и познати други кои направиле многу, па пак не се крена огромна фама после нивната смрт. Ние претеравме, во ред е да го жалиме, но сите овие концерти после неговата смрт ми се безсмислени. Па посебно тоа што се на неговиот роденден, не личи ни да се на неговата смрт, нема да ја славиме, но сеедно не ми се допаѓа сето ова после неговата смрт. Створи тој премногу по што има да се помни, нема потреба од нешта после него.
Се согласувам со марама, и јас не го имам многу слушано никогаш не сум била некој негов огромен фан,но сепак ми падна жал,но претерано ми е сега секоја година концерти за него не знам што па умрел човекот сите ќе умреме некогаш што да кажам веќе претерано е со групите на фб како Боже врати ни го Тоше земи го Боки 13 тоа е срамота и да го мразиш некого да му посакуваш смрт глупости. Јас го почитувам Тоше по неговата хуманост и толку, за глас имаше прекрасен,но јас едноставно не бев некој негов фан.
Во оваа прилика нема да коментирам за големината на Тоше и за тоа каква личност и уметник беше - тоа е веќе факт за кој сведочат неговите дела и песни кои засекогаш ќе останат живи во нашите срца (барем на мнозинството). Има многу песни од него кои ми се допаѓаат и такви кои не ми се нешто посебно. Некои од омилените и од кои никогаш нема да ми стане Доста: http://www.youtube.com/watch?v=3r8ZfkfY ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=r5U1BGOn-rw http://www.youtube.com/watch?v=FEV14Cndass http://www.youtube.com/watch?v=V0ABkEBGEl4 http://www.youtube.com/watch?v=0OpUYd62 ... re=related