Шербеџија го исполни аманетот на Тоше Темата „Крушево“, за која музиката ја напиша Проески, а текстот Мирослав Рус по идеја на македонската музичка легенда, премиерно ќе ја изведе познатиот актер на 25 април, денот на отворањето на Спомен-куќата на Тоше Светската актерска ѕвезда Раде Шербеџија ја сними песната „Крушево“, за која музиката ја напиша Тоше Проески неколку дена пред трагичниот настан. За композицијата ќе се снима и видеозапис, кој ќе биде промовиран на 25 април, денот на отворањето на Спомен-куќата на Тоше. Текстот на темата е на Мирослав Рус, а напишан е по идеја на македонската музичка легенда. - Со реализација на темата „Крушево“ и спотот за неа ја исполнивме големата желба на Тоше. Тој имаше намера да отпее песна за својот град, а тоа го откри и во документарецот „Пет години Балкан“. На последната средба со Мирослав Рус во Загреб, Тоше ја споделил идејата за темата со него и почнал да му кажува свои мисли и зборови кои хрватскиот автор ги срочил во текст - велат од фондацијата „Тоше Проески“. Идејата на фондацијата била оваа песна да се сними со црковен или детски хор. Но, по долго размислување решиле дека најдобар избор е Раде Шербеџија, кој како врвен актер најдобро може да ги пренесе емоциите од текстот. Популарниот актер веднаш ја прифатил нивната понуда. Тој ќе биде и главен лик во спотот за „Крушево“. - При еден мој престој во Македонија, со Игор Џамбазов решивме да го посетиме Крушево. Отидовме во хотелот „Монтана“, каде што наидовме на една група која ги забавуваше гостите. Веднаш го забележав 16-годишното момче со прекрасен глас. Кога ја запеа „Јовано, Јованке“ му се придруживме со Игор и заедно ја изведовме песната. Подоцна, кога стана ѕвезда, сфатив дека Тоше е токму тоа момче што ми остави голем впечаток со својата маестрална интерпретација. Многу го сакав и ја чувствувам трагедијата на неговото семејство како да сум дел од него - ни изјави Шербеџија. Композицијата „Крушево“ популарниот актер ја сними на хрватски и на македонски јазик. Препевот на македонски го направи Огнен Неделковски. Според најавите, на денот на отворањето на Спомен-куќата ќе биде присутен и Раде Шербеџија, кој премиерно, во живо, ќе ја изведе песната. Дел од „Крушево“ Горе кај што има рој од ѕвезди Кај што спијат луѓе драги, Мајка ми, татко ми... да ги видат Сите мои песни како траги... Таму еднаш ќе ве сретнам, Во тишината на вечниот мир, Кај што ме допре Божјата рака Од небото над мојот сакан манастир! http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... FF4BA36772
БРАВО за темва Многу е жално што таков човек повеке не е со нас, но и покрај тоа тој СЕКОГАШ ќе биде во нашите срца!! Тоше http://www.youtube.com/watch?v=3NhROe6_bcw
епа Тоше беше и остана нашата подвижна сила, која не извлече од дупка, преку него сите не запознаа нас како нација и секако со нашата култура и јазик, а тоа не стивнува ни по неговата смрт, само најтажното е што тој не е меѓу нас, заедно да уживаме и восхитуваме на неговиот успех.
Тоше 9 страни стаклар 33 Како и да е ова ми беше најголемата загуба во животот не можам да го заборавам тој ден како светот да ми се руши , ми пропадна надежта , се она убаво го снема .... Не бев ни свесна дека толку многу ми значел , дека толку многу сум го сакала . Кога и да помислам на него очите ми се полнат со солзи ... Кои не ми извираат само од очите туку од душата .Признавам не бев негов најверен фан , не купував негови плочи не паѓав во несвест , не лепев постери од него ,сум била само на еден негов концерт едвај се решив да одам и сега си викам ако не одев тоа никогаш немаше да си го простам . Најдоброто нешто од Македонија го нема зарем е фер бе животе суров тој да си замине ... ? Неговите најсјајни очи кои може да постојат полни со љубов и добрина да згаснат ... Како сонце беше ... Кога ќе го погледнеш без збор да ти каже ти дава сила , мотив ,енергија .... Се помина како во сон вечна рана ќе ми остане ... Остана само надежта која мора да признаам не ми е никаква утеха дека е на некое подобро место , тука никој не му беше достоен .... Ќе те сакам секогаш сонце мое и сега плачам додека го пишувам ова ми текнува како растев со тебе и твојата музика , ме боли фактот што те нема што повеќе нема да слушнам нова песна , концерт да те гледам на ТВ или да читам за твоите успеси ...
Е стварно ме испровоцира коментаров под видеово! Па добро бе луѓе до кога ќе плукаме по своето? Што им фали сега на восочните фигури? Ем ќе направат нешто за него и одма нас не ни чини... па тие фигури се тука за да внесат дух во спомен куќата, да се осети неговата присутност! И баш убаво што забраниле сликање внатре... тоа е на некој начин неговата приватност. Прекрасно изгледа целиот објект! Сега барем имаме место каде ќе може да се сеќаваме на еден голем човек кој со својот прерано згаснат живот придонесе многу за нашава земја.
Тоше Моите омилени http://www.youtube.com/watch?v=2TXWUN0-H1E http://www.youtube.com/watch?v=-CLsicPTLsw&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=vNBg2OHJ1TM Од песнава ми доаѓа да заплачам дури Спојлер А мојот живот - игри без граници уморна приказна, скинати страници празни неиспишани... А мојот живот е вечно паѓање сè да се собере - пораз ќе остане навики стари во мене!
Прераната загуба на еден ваков човек не остави никој рамнодушен, па дури и оние кои не го сакаа многу, но од секого имаше почит. Отсекогаш го сакав, уште кога ја пееше Твоите бакнежи на моите бели кошули. Мило ми е што бев на неговиот последен концерт, но после концертот реков и на сите негови следни ќе одам, но не немам можност. Многу ми се допаѓаше тоа што секој што ќе се качеше на сцена го прегрнуваше и бакнуваше, а после концерт си ги зема сите мечиња. Браво. ретко кој го прави тоа. http://www.youtube.com/watch?v=lNOZx8Lb ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=mbkJIu_- ... re=related Најтежок чекор до сега е следново скалило што веќе добро го знам http://www.youtube.com/watch?v=eYUmaGsA ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=7lHbz3WkhTw Засекогаш ќе го памтам како човек со непоредлив глас и прекрасно суштество .
Тоше е најдобриот вокал во светот ! Со неговиот глас се будам, со неговиот глас заспивам.. Тоше беше музика, но и повеќе од музика, беше човек, но и повеќе од човек, беше љубов, но и повеќе од љубов ! Те сакаме засекогаш
ахххх..... го сакамм.....цел живот ке жалам за тоа што ја пропуштив приликата да присуствувам на последниот негов концерт... какооо можев...солзи ми идат кога ке помисламмм.....аххх...... овие две песни ги обожавам во негова изведбаа...секогаш кога сум тажна ги слушамм http://www.youtube.com/watch?v=VEjZIOp_QFU http://www.youtube.com/watch?v=WQOd4P9C ... re=related а од неговите ги обожавамм : http://www.youtube.com/watch?v=IzHqtHxv6Ho http://www.youtube.com/watch?v=uc72O4k0 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=BVUzV8NF ... re=related и сите останати негови песниии.....го сакамм.....
Moјата омилена слика , поради текстот Не се гледа ќе мора да го напишам ... [Jas sam prelepo ziveo , jer to sam zaista znao . Ako ti jave umro sam , ne veruj .... To ne umem . Ljubav je jedini vazduh koji sam udisao , i osmijeh ,jedini jezik koji na svetu razumem .... Na ovu zemlju sam svratio ,da ti namignem malo, da za mnom ostane mesto , kao leprsav trag . I zato ne budi tuzna . Tolko mi je stalo da ostanem u tebi budalast , i cudno drag . Nocu kada gledas u nebo , i ti namigni meni , neka tu bude tajna.... I uprkos danima zivim , kada vidis neku kometu , da nebom zarumeni , upamti , to ja jos uvek letim i zivim ! Angel Tose Proeski
И јас исто. И да ти кажам... на последниот негов концерт сите другарки бевме во црно облечени - недоговорено - зашто сите ја сакаме црната боја - нормално. И една од нив што не беше во црно вика: „Леле бре ко на погреб да сте му дошле...“ Се разбира на шега...
Многу ми е криво што животот не му даде шанса да се докаже и надвор,таму каде што и припаѓаше,затоа што он беше наш ама му припаѓаше на светот! Жал ми е што не успеа да им ја затне муцката на многуте душегрижници кои и покрај се не веруваа во остварувањето на неговите планови за светска кариера..многу ми е криво! секако на прво место криво ми е што толку млад си замина тивко тоа кобно утро за цела Македонија! дефинитивно сметам дека ова беше настан кој ни ги обележа животите засекогаш!
И денес не можам да си одговорам на прашањето, зошто токму ТОЈ загина.. Многу го сакав. Пораснав со неговите песни, тинејџерските години ми поминуваа со неговите песни. Кој знае дома колку негови ЦД-а имам. Во секој споменар ми беше напишано неговото име на местото "Омилен пејач..." И денес си ги слушам неговите песни. На последниот негов концерт умирав од желба да одам, се скарав дури и со мајка ми, бидејќи не ме пушташе. Но, кој знаеше дека ќе е последен? Дента кога Тоше замина, се роди братучед ми. 16 октомври 2007.. Тоа мислам дека беше најемотивниот ден во мојот живот. Бура на измешани емоции, солзи од тага и солзи радосници. Со мајка ми заедно плачевме и зборувавме колку е само чуден животот...
Секогаш ќе остане памтен ... http://www.youtube.com/watch?v=s_U5PGtBzFw http://www.youtube.com/watch?v=_LFAoLCcdpo http://www.youtube.com/watch?v=zN6mHnuw ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=HunnFwJgGjM http://www.youtube.com/watch?v=KXMwvKcZyTk