Човек кој Македонија никогаш нема да го заборави!! Ако почнам да набројувам кои песни ми се најомилени од Тоше ќе зафатам две страни со моето мислење, но сепак ќе издвојам четири песни кои секогаш кога ги слушам ме растажуваат. http://www.youtube.com/watch?v=tF3UJiWhqJc http://www.youtube.com/watch?v=4jiOx-SwDog http://www.youtube.com/watch?v=kuE29qdV ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=vpxUS36AdJI
Пред точно 4 години на овој ден се одржа еден од најубавите концерти на кој што сум била. Дали се сеќавате на ова : "Имам да ви кажам нешто... Дајте ми ги телефоните да ги видам, вклучете ги мобилните телефони, дајте да направиме ѕвездено небо. Не можам да ви опишам како изгледа од овде, не можам да ви опишам како изгледа... Сликајте од овде... Сликајте, ве молам, од овде и сакам слика, чекајте и мене. Ова не се опишува." ... сеуште истите чуства се будат во мене кога ќе го слушнам ова што го кажува... ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ТОШЕ
Остави очи насолзени, срца распарани кои ниедна песна негова не ги залечи. Всушност секое ново слушање на неговите песни носи нови солзи и нова тага. Тоше, ќе те заборавиме ли некогаш??? Ќе престанеме ли некогаш да правиме ѕвездено небо, да ги пееме во еден глас твоите хитови???? Не, Тоше, никогаш!! Никогаш никој нема да те заборави, никогаш нема да престанеме да правиме ѕвездено небо, никогаш нема да престанеме да ги пееме твоите хитови! Денес, по 4 години, пак успеваш да ги собереш твоите фанови, пак тие ќе ти го подарат твоето ѕвездено небо, ама овој пат ти нема да бидеш на сликата сликана одзгора... Овој пат ти ќе гледаш одзгора, ти ќе го видиш тоа небо, Тоше, ама ние нема тебе да те видиме! Сепак, живееш во нашите срца!!
Точно дека некои луѓе повеќе се заинтересираа за Тоше после неговата смрт, а некои постојано го следеа , го пратеа, одеа на неговите концерти јас мислам дека и не е толку важно. Се уште не можам да верувам дека го нема бидејќи постојано , не можеме да се пожалме дека не го пуштаат на телевизија, на радио, слушам и во некои кафичи од време на време ќе пуштат некоја негова песна , негови колеги пеат негови песни на концерти , настапи и сл. Се тоа што досега го имаме направено хуманитарни концерти,спомен куќата се тоа тој го залужува. Добро сега признавам дека секој ден не збооруваме за него , но исто така мислам дека тој не е заборавен како што кажуваат некои луѓе. Се надевам дека и во иднина ќе останат во традиција и ќе се запаметат овие работи што се прават-последниот концерт, роденденот и денот на неговата смрт. Вчера не беше нешто посебно , но беше убаво организирано и за таков народ каков што сме ние мислам дека и ова што го прават е многу! А, Тоше мислам дека виде и знае дека сите го сакаме !
Спаѓам во групата на луѓе кои се ужаснуваат кога на Тоше се сеќаваат само на ден, два во годината. Не викам, дека треба да живееме секој ден со помисла на Тоше, но барем лажна љубов и жал во текот на тие два дена, НЕ МИ ТРЕБА! Колку луѓе лично познавам што додека беше жив, негде на почетокот од кариерата или некоја година понатака, колку исфрустрирано зборувале за него: „Ај бе бегај каков Тоше, педер, ваков, онаков...„ Вакви зборови во речникот имаа исфрустрирани шовинисти кои љубомореа на женичките и девојченцата кои кубеа коси по него, а нели овие како ултра-модерни мажјаци, се тешеа дека немаат никаква маана, жените го сакале оти бил геј. Од кога погина, па се до денес вакви „лажни фанови“ се раѓаат секоја година. Да бидат во тренд со шугата од Фејсбук, ќе стават некоја песна од Тоше, во стилот, РИП, Те сакаме и сл. а притоа знаат дека линкот е потенцијален извор на безброј лајкови. Yeee! Тоше сум го сакала уште од 98'ма и ќе го сакам до 2098'ма. Не ми треба мене 5ти, 16ти октомври ниту пак 25ти јануари за да се перчам и глумам колку го сакам. Ниту пак имам намера да докажувам на некого колку го сакам и колку ми фали. Сум имала некои моменти, на некој начин блиски, нормално како фан-пејач, и сум ја почуствувала неговата човечност,едноставност, добрина во екот на неговата слава. Пред се, јас го почитувам како човек, а потоа како пејач. Тие моменти можеби на некому сум ги раскажала, нормално сум се пофалила, но лично на тие моменти визуелно ќе се сеќавам дур сум жива. Таква радост дека контактирам со таков човек, пред се пејач и позната личност, а таа е толку едноставна, мила како да комуницираш со обичен човек, не може да се доживее секогаш. Затоа го славам Тоше.
Ах.....Тоше,Тоше Тоше беше човек,на кој секој треба да му се восхитува.Незнаменлив е.Премногу го сакам,неописливо.Бев толку малечка кога за прв пат го видов, ах...тој момент никогаш нема да го заборавам. Сите песни ми се многу драги,многу ги сакам...Немам зборови,навистина,незнам што да кажам за човек како него. ТОШЕ
13 страни драги мои ова е поразително !!! Само 13 страни , колку од нас го слушаат Тоше колку имаааат барем една слика од него ? А денеска цел зид на фејсбук ќе биде лигавење со статуси и постирање песна за Тоше . Епа јас не сум од тие нема да се лигавам по фејсбуци . Мило мое ми фалиш премногу , се сеќавам на тебе често и плачам сама во ноќта не можам да соберам храброст да го отворам албумот кој го направив зошто солзите тогаш не знаат за престан . Те сакав и ќе те сакам жалам што доцна ја сфатив твојата вистинска вредност не ти бев најлојален фан , нит те пратев постојано . Ама ми фалиш ужасно многу . Ти беше мојата прва загуба . Годините си одат но болката не се намалува барем кај мене... Почивај во мир ГОЛЕМ ЧОВЕКУ !!! тука никој не ти беше достоен , се надевам си на некое подобро место ...
Јас сум слаба на човеков и на тоа дека повеќе го нема! Неможам да не заплачам кога и да чуја негова песна, па и највеселата нека е! До сега ја избегував темава, само заради тоа што премногу го сакам и неможам да не се исплачам кога и ќе видам слика! Почивај во мир АНГЕЛЕ наш те сакаме вечно!!!!
Значи, ако не постирам песна на фб денес, на 5ти октомври и на 24ти јануари не го сакам Тоше?? Ете и тоа го чув... Небитни луѓе кажуваат небитни реченици. Да кажам што имав: Тоше, фалиш... Фалиш премногу! Жално е што те изгубив, што овие 4 години често солза ми протекува за тебе. Толку млад, амбициозен, надежен, полн со елан за понатака и со блескава кариера на повидок, а се скри под земја пред време... Голем човек беше... И се уште си во моево срце... Почивај во мир, ангелу!
Се сеќавам на денешната дата,трагичен ден за сите нас. Изгубивме прекрасен човек,извонреден пејач.Едноставно не може со зборови да се опише тагата што ја чувствував тој ден а и до денес не е ништо променето.Кога и да слушнам некоја балада од него се расплакувам. Не сакам овие зборови да звучат како клише но иако го нема тој никогаш нема да биде заборавен.Иако не е повеќе со нас,преку песните и понатаму ќе живее во нашите срца.
Пред два дена, кога ги гледав на телевизија луѓето што трчаат во негова чест се расплакав. Мајка ми ме праша "Како е можно некој кој не го знаеш лично, не си ни прозборел со него, толку да ти недостига, да плачеш, да го сакаш едноставно???" Да знаев ќе и одговорев, меѓутоа кога и да има емисија за него или случајно кога ќе прочепкам по програмите да го даваат него, заприметувам дека ама баш на никој од моето семејство не им е сеедно за неговото одсуство. Секој воздивнува, гледам.....Излишни се зборови, зошто би зборувала дека беше голем човек кога тоа е факт, сите го знаат тоа. Посебен беше, само тоа ќе кажам...Многу посебен....
Ми текнува на истиов ден пред 4 години, како да беше вчера. Само што ми се насолзија очиве. Човеку ти заслужуваш повеќе од почит, повеќе од љубов, повеќе од се! Ни остави премногу песни, насмевки, хуманитарни концерти и што уште не. А ние сме должни да направиме се, за да останеш засекогаш меѓу нас. Неможам да напишам ни збор повеќе.. Легендите живеат засекогаш, а ти си еден од нив и засекогаш ќе живееш во нашите срца. http://www.youtube.com/watch?v=zV0fP4CF ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ejsBwdvb ... re=related
Исто се чувствував и јас, кога дознав дека загинал, не ја слушав многу неговата музика, но, имав слушнато неколку негови песни.Дента кога загина, кога дознав, срце ми слупа, а посебно кога ја гледав емисијата за него, така се расплакав, наплив на емоции,солзи, не можев да издржам криво ми е што така се случи.Ретко има човек како него, душа, ангел, да ги сака другите, да сака да се среќни, да е хуман...И јас не го познавав лично, но сосем разбирам добро, имал премногу голема енергија - љубов, за да се почувствува кај другите и која направила и ден денес да не биде заборавен, да ги сплоти во едно луѓето, да заборават барем од малку на своите проблеми, да бидат свесни за убавите нешта во животот.Сепак и да успее таа љубов да ја пробуди во срцата на другите, со тоа да остави трага која не верувам дека би исчезнала.Покрај тоа, човек на кој му беше важно како другите се чувствуваат.Токму поради тоа е и запамтен, неговиот лик и дело да не бидат заборавени.Мило ми е што неговата музика се слуша и ден денес
Вечер, недела 21 часот на РТС ќе се емитува специјална емисија снимена со балканските ѕвезди во чест на Тоше и тоа со Аки Рахимовски, Kалиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Четковиќ, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак, Мари Мари... Јас само ќе кажам дека и после 4 години ништо не е како порано. Него го нема, песните се слушаат исто како порано, сеедно што излегуваат нови песни кога го немаат тој ефект на позитивна енергија како порано. Господ ги зима за себе најдобрите, така беше и овој пат, ни го зема најдоброто од музичката сцена најдобриот глас во моментот, не беше тоа фер, но животот никогаш не бил ни ќе биде ферски. Најбитно да не го заборавиме него и каков човек беше тој. Да не заборавиме на неговите добри дела и истите и ние да ги применуваме. Тоа е многу побитно, не беше музиката се од Тоше, за мене тој како човек беше комплетен, а тоа тешко дека ќе го имаме од некој во блиска иднина.
Признавам. Ги запоставив твоите песни во последно време. Ама на оваа дата, секоја година од мојот живот, ќе се сетам на тебе. На твоите песни кои ме следеа во многу битни моменти од животот. Малечка беше песната на мојот прв бакнеж , а воедно и на еден мој јавен настап кој многу ми значеше. Излажи ме е песната на која сите се веселиме и пееме во еден глас и ден денес во омилениот кафич. Усни на усни е песната на мојот прв танц со тогашниот таен симпатија, а денес по некое чудо - мој дечко. Игри без граници е идеалната песна за гитара со друштвото. Македонија навива за вас ја слушав во оној важен период за нашиот народ каде кошаркарите ја возвишнаа нашата државичка. Ќе ја слушам и на секој понатамошен натпревар. Во чест на тебе, пријателе. Сепак, не сум ги запоставила твоите песни. Ме следат и ќе продолжат да ме следат. А јас? Јас никогаш нема да те заборавам. Нема да го заборавам тој нежен, а толку моќен глас. Почивај во мир, пријателе.
ТЕ САКАМЕ И НИЕ ТЕБЕ! НАЈМНОГУ! Болката е иста како и пред 4 години и никогаш нема да помине... http://www.youtube.com/watch?v=1YyXzK0B2Y0 И ај не заплачи кога го слушаш...
Многу добро во сеќавањето ми е врежан овој кобен ден пред четири години. Се сеќавам бевме на училиште и втори час требаше да имаме физичко, кога професорот влезе во училницата и мртов озбилен ни рече - 'Деца, нема да имаме час! Дали слушнавте? Тоше загина?'. И наеднаш штама!Молк! Никој ништо не вели, само со некој чудни погледи се погледнавме меѓусебе цели во прашалници. 'Не лажете !Мора да се зафркавате со нас како и секогаш! Нема шанси Тоше да е мртов.'- ги упати некој овие зборови до професорот, а и тој цел збунет ја напушти просторијата. Не верувавме во неговите зборови! Изгледаше толку нереално! Една од моите тогашни соученички се досети дека на секој мобилен телефон има опција да испратиш порака и да ти го кажат вицот на денот, денешниот хороскоп, мудроста на денот, а воедно и денешните вести. Само го зеде телефонот, ги претисна оние неколку копчиња, а сите ние соберени во крукче цели во неизвесност чекаме да видиме што ќе се случи. Стигна повратна порака, а таа чита на глас 'Toше Проевски утрово загина кај Нова Градишка!' Хаос - со тој збор ги опишам сите тие погледи, лица, измешани чуства кои беа присутни во мојата училница, во моето школо, во мојот град, во целата држава па дури и пошироко! Целиот клас отидовме во спортската сала каде што требаше да биде одржан часот и плачевме. Буквално се осеќав ко да сум изгубила некој кој ми бил близок и сум го познавала. Не секој може да предизвика вакво нешто. Не за секој цела Македонија би тажела и ден денес ! Тоше беше голем! Беше човек, нешто што денес ептен ретко се наоѓа. 'Ве сакам сите!' ни кажа тој и навистина тоа и го мислеше и докажуваше преку дела. Тој беше оној поради кој кубев коси со братучетка ми расправајќи се чиј маж ќе биде кога ќе пораснеме. Еден и единствен! И концерти, и емисии во негово име малку се во споредба со она што тој го направи за нас. Почивај во мир! Те сакаме !
Тоа утро баба и нејзината пријателка ги затекнав расплакани како деца од 5 години. Не можеа ни да ми кажат зошто плачат, само со прст ми посочија кон телевизорот. Не знаев како да реагирам. Не знаев. Тоа утро не доручкував, тој ден отидов на училиште без зборови, празна. Тој ден гореа илјадници свеќи на плоштадите ширум Македонија.... Веќе наредниот бев на пат, накај север. И автобусот беше излепен со твоите слики и само ние што бевме внатре знаевме зошто. И не сакавме никој да не‘ прашува. Тоа патување беше обележано само со твоите песни, твоите цд-а постојано се вртеа и никој ниту еднаш не се побуна. 4 години. Втора бев тогаш. Втора сум и сега. А ти секогаш ќе бидеш не прв, туку еден и единствен. Ангел.
Сакам да кажам... 16 Октомври ... Се сеќава некој на минатиот или предминатиот ? Се чувствува промена и тоа поприлично голема . Чудно е ... Чудно е како сваќаме кој колку вредел кога него ќе го нема . Тоа се случи и со Тоше сега сите го цениме и сите го сакаме . Зарем времето ги лечи раните ? 16 октомври не е тоа што беше , несомнено . Јас се сеќавам на поинаква атмосфера , се сеќавам на многу прашина на овој ден во пресрет на овој ден . Се сеќавам на постојано вртење на неговите песни и спотови. Мене ми е поинаку , не е ова ништо друго туку во мене се буди некоја паника некој страв дека се ПРЕбрзо ќе се заборави ... Не е почит да постираш негови песни и да се лигавиш со статуси . Почит е да го почитуваш 365 дена 24/7 додека дишиш . Заслужил зар не ?! Дали ова е показател дека за многу кратко време 16 октомври ќе биде само датум ? . Не не преувеличувам не очекувам постојано да е тема , не му бев лојален фан , не купував негови плочи , не паѓав во несвест кога ќе го видев . Ама ова ? Еднаш реков и не погрешив , Тешко на тој што си оди ...