Сакам да кажам... Ахх.. Не е дека само денеска ни текнува на него и дека само денеска слушаме песни негови, ама, цел ден по телевизијава има тоа, на вести тоа се збори, разни емисии пуштаат. Одма ми се враќа чувството од пред 4 години тажно е..
Се изморив, се растажив од слушање по програмите на тв..се’ за Тошка се зборува, на фб сите поредиле негови слики, ставаат негови песни и се пуштив тука за да прочитам нешто да се расположам и тап...и тука тема за него во Нови мислења ми излезе. Многу ми е жал и не можам да се помирам уште со фактот дека го нема. Како што кажа Џамбазов на една златна бубамара Тоше почина без да умре, а ние кога ја слушнавме веста умревме без да починеме. Поживај во мир, ангелу
„Да можам бар да се разбудам во свет на љубовта без стари долгови , тие сеништа во чекор што ме демнеат. Да можам бар да те прегрнам да не се сеќавам на студој есенски..“ 1981 - бесконечност. Некогаш треба да изгубиме нешто за да сфатиме колку ни вредело. Што и да кажам нема да те врати. Беше и ќе останеш нешто највредно за нас. Имавме среќа да си тука меѓу нас, да не научиш како да бидеме луѓе. Ќе останеш еден од најубавите делови од моето детство.. никој не може да те замени. Почивај во мир. Те сакам. http://www.youtube.com/watch?v=sb8ujYGQIhs
Легендите никогаш не умираат,тие живеат вечно. Макар и во нашите срце! Те сакаме Тоше!! Почивај во мир ангелче! Не заспивам и за тебе се молам,радиото е мојот пријател,а вестите сè повеќе ме болат се прашувам зар мора да е вака?! http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=zN6mHnuwcaQ
Барем да се јавеше,збогум да кажеше,последен бакнеж за крај,нешто што ќе трае,долго да ни остане или да ми кажеш зошто отиде. Вечна ти слава, ангелу. http://www.youtube.com/watch?v=7lHbz3WkhTw
Ангелу наш , засекогаш ќе остаеш во нашите срца. Почивај во мир ! http://www.youtube.com/watch?v=IU82AWUY9hQ http://www.youtube.com/watch?v=lYbVIY72NuE http://www.youtube.com/watch?v=zSpNuMi_ ... re=related
Почивај во мир Ангелу, а во нашите срца секогаш ќе живееш. http://www.youtube.com/watch?v=lNOZx8LblMI
Сакам да кажам... Не сите луѓе што ја сфатиле вредноста на Тоше откако замина од овој свет, се fake. Вистина не го почитував нешто многу порано, а тоа што ми недостига сега, не значи дека одеднаш ми се допаднале неговите песни. Затоа што на поголемиот дел денес, Тоше не им недостига како пејач, туку како човек со вистински вредности. Причината зошто се освестивме откако го нема е затоа што повеќе се дозна за неговите хуманитарни дела, кои тој сакал да останат тајност. Имаше многу малку емисии кои го опишуваа како личност. Никој од нас не беше свесен каква личност имаме меѓу нас. И затоа не сум fake што повеќе го сакам и ми недостига сега. Не ми недостигаат неговите гласовни способности кои беше несомнено дека ги поседува, ми недостига хуманитарецот, човекот со добра душа, скромност, човечност, добродушност...
Сакам да кажам... ниеден збор не би бил доволен за тебе, анѓелу мој небесен.. зборовите кои ти ни ги кажуваше беа искрени, а погледите кои ни ги упатуваше вечни, незаборавни и полни со жар.. својот живот го даде за она најмилото, за децата.. на кои еве сега не им е јасно зошто те нема на твоите концерти, не знаат не можат да си објаснат и да сфатат но сепак знам дека те чувствуваат околу нив, но се еден дел кој недостасува.. ТВОЕТО ПРИСУСТВО. знам дека не сакаше да плачеме и несакаше да видиш ниту една солза во нашите очи, но верувај не можеме... сите несакано ја чувствуваме твојата загуба и не можеме да се справиме со тие тажни и болни чувства. Зошто никој ништо не кажа и не те пофали додека беше со нас, некои не знаеја дека постоиш, зарем е потребно ова за да дознаеме и видиме што се случувало.. би сакала да се вратам и да направам се за твоето име да го кажуваме со гордост, бидејќи ти засекогаш ќе бидеш нашиот Анѓел Чувар. И еве не сега овде со мислите кај тебе и срца исполнети со неостварлива желба за повторно да си со нас, но ништо не можеме .. дојде тој ден и свесен дека е прерано Оној кој ти секогаш го носеше со тебе те зеде кај него и тогаш ние дознавме се ... се она што те направи најголем. Тоше Те Сакам Најмногу.. Незаборавен Мој Анѓелу ! ♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥ ♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥ ♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥
http://www.youtube.com/watch?v=BAAkvwmFK84 ех да може да се појави од некаде и да каже Жив сум Се сеќавам на неговиот концерт во Штип,таа година бев матурантка. Колку ли многу бев возбудена,се дотерував,се секавам дека се облеков во фустанот што го носев на матурска ама сакав да бидам најдотерана и најубава,да ме забележи. Имаше неколку моменти кога пееше и гледаше во публиката,јас мислев дека гледа баш во мене,леле кои чувства ги имаше во мене,се чувствував некако посебно,си викав на мене ми се смее,на мене ми пее...(смешно,нели,којзнае во која од многуте девојчиња околу мене гледал,можеби тоа сум била и јас),ама самата помисла...ахх никогаш нема да го заборавам тој концерт. Тоше,премногу ни фалиш и премногу те сакаме,ти си нашиот ангел
Читам и сега на форумов а и за сиве овие години изминати без него секакви размислувања за нашиот ТОШЕ и за неговото постоење, како личност и како музичар... но НИКАКО не можам да сфатам и неприфатливо ми е како постојат луѓе кои : - додека бил жив Тоше не ја сфатиле неговата вредност а сега откако го нема конечно се освестиле што всушност ние сме изгубиле -класичен идиотизам бре.. Деновите после неговата загуба се огласи Ферид Мухиќ со едно објаснување за феноменот Тоше кое е најблиску до вистината за неговото постоење.. одеше вака некако : - Ние не треба да патиме што го изгубивме нашиот Ангел, туку напротив треба да сме благословени што тој со неговиот ГЛАС воопшто се појави и постоеше мегу нас. И, да апсолутно се согласувам со Игор Џамбазов кога кажа : Тоше почина без да умре..... а ние кога ја слушнавме лошата вест умревме без да починеме....