Сакам да кажам... Браво за србиве, кога ние не знаеме ни една обична емисија да направиме, ни концерт да пуштиме, ни мини документарец за нашиот Тоше да направиме на овој ден, тогаш србиве направија и тоа емисија со најголемите балкански земји, со интервјуа од неговите пријатели, со снимки од неговото минато. Секоја им чест што му оддаваат почит на нашиот Тоше. А ние и понатаму можеме да трубиме какви биле србиве и првиот поим за српска музика да ни е турбо фолкот и гранд продукција, додека они ни ја слават нашата забавна музика со наши и нивни поп пејачи. Срам да ни е!
Сакам да кажам... ^^^ И на МТВ денес даваа снимки од Тоше, на Балканика бугарската цел ден ги даваа неговите концерти од Скопје, на ДМ Сат го пуштаа цел ден, еве сега и на РТС.. Сите телевизии го пуштаат денес, не само Србите. Бугарите најпријатно ме изненадија, од сабајле не се знае колку пати го пуштија песна по песна.. Сликава заменува илјада зборови, две срца со неизмерна човечка големина..
Сакам да кажам... Не е важно која телевизија пуштала или не пуштала снимки од Тоше. Важно е ние да го славеме, сакаме, слушаме и почитуваме.
Сакам да кажам... Пушти на РТЦ ако ја имаш српска програма е ќе видиш што напраја србиве а ние не концерт има различни пеачи ги пеат песните од Тоше итн...
Сакам да кажам... Музиката на Тоше не ми е за да ја слушам во друштво. Неговата музика ми е за кога си сам, да си ја пуштиш на слушалки, да легнеш на кревет и да заминеш во некоја нова димензија. Успеваше нешто толку комплексно како љубовта да ја преточи во строфи, да ја претстави со таква леснотија, да ги отпее така што колку и да ти е камено срцето ќе ти се пушти, да направи атмосфера каде што секој сакаше да се гушне со секого. И многу ми е мака кога гледам дека има многу мрчатори, велејќи дека неговата музика е на ова ниво затоа што тој нажалост не е меѓу живите. Против судбината не се може, основно правило е дека додека нешто не изгубиш не можеш да знаеш колку вреди. Многумина кои не ги слушнале неговите песни, ги слушнаа и видоа што изгуби светот. Ретки се луѓето кои откако ќе ги прочитаат текстовите, даваат негативна критика. Но битно е да си хардкор нели и да одиш против масата и да си кул. И навистина е лошо што ваков ден не го користиме за да се запише во историјата. Спомените никој не ги брише, вистина, но кога ние веќе нема да бидеме тука, нашите потомци мора да знаат која привилегија е да си живеел во времето на Тоше. Тешко, ако не и невозможно е да издвоиш најдобро од него, но... http://www.youtube.com/watch?v=sb8ujYGQIhs
Ма, приказнава со Тоше е повторување на историјата. Факт е дека не знаеме да си го цениме нашето. После Гоце Делчев бил Бугарин, Александар Велики Грк, оној Србин, овој Албанец.... Ајварот е словенски Ајвер, ракијата е грчко Узо, македонската плетка е на тие.... Среќа во несреќа е што не можат барем Тоше да ни го земат. Тоа ради бирократија, во денешно време има докази и документи кој на кого бил. А не за друго. Да го немаше тоа, мислите дека ќе го знаеја Тоше идните генерации како Македонец ?? Пффф. Почивај во мир голем човеку. Не сакам да полемизирам понатаму, голем човек си останува голем, само уште да знаевме да ги цениме големите, малку повеќе. И намерно не ставам никаква песна од него, ни овде ни на фејсбук. Се знае дека кога цениш некого, го цениш цело време. А не на денот кога те напуштил.
Секоја чест за србите и за Сергеј. Леле луѓе како ја испеа Тајно моја, немам коментар.. А македонциве џабе се расфрлаат со муабети од типот македонче-е-Тоше кога денес ни грам почит не покажаа. Три часовна емисија посветена од србите.. а нашиве вкупно во цел ден дали еден час одвоиле? Срамота. И исто така во врска со скулптурата. Можеа на Аце суратот да го направат оригинал ист како низ страниците на книгиве, интернет страниците.. Можеа мудата на коњот исти да бидат, нели.. Да плеснат незнам ти таму колку милиони за да му бидат златни, позлатени.. Додека на Тоше скулптурата е намутрена, разголена, никаква! Навистина залуден ми е секој кажан збор, само ќе се дадам екстра причина да бидам нервозна и ништо повеќе. Почивај во мир, ангелу наш! Те сакаме
Секоја чест на РТС, секоја чест на генералниот директор кој одвоил два саата време ... секоја чест за сите пејачи кои придонесоа за оваа убава и достојна емисија! Додека гледав и ги слушав песните, очите се трудев да ги зачувам суви, ноо ... срцето ми прерипуваше многу, а какви морници на моменти ми поминуваа низ телово не можам да опишам ...
Во кафичот кај што излегов вечерва имаше Тоше night. Прекрасно е чувството цела вечер да го слушаш неговиот глас и да ги гледаш сите млади како се забавуваат и пејат од срце, навистина сите си го сакаме, се осеќа тоа. Ако нашиве телевизии не го испочитувале доволно денес, не значи дека Македонија не го испочитувала. Секој од нас тука што пишува за него на форумот, се сеќава на него и го носи во срцето. Јас цел ден си слушав песни од него дома, а потоа вечерта продолжив на Тоше night. Секој негов фан, го слуша не само денес, туку секојдневно. Важно е секој сам во своето срце да се сети на него и да му оддаде почит, а медиумите се друга приказна.. Сурово е да се каже дека Македонија не го испочитува Тоше, затоа што Македонија не ја сочинуваат само медиумите, Македонија сум јас, ти, и секој еден поединец што живее овде и се чувствува македонец. Се додека ние самите се сеќаваме на него секој ден и сме му благодарни за сите убави песни што ни ги има подарено, Македонија ќе го сака Тоше и никогаш нема да го заборави.. а медуимите за жал секогаш ќе бидат повеќе зафатени со политика, отколку со музика.
Спојлер Искрено секоја им чест на србите... Колку го почитуваат...и го сакаат. А не на нашите ТВ програми нема ништо да им стане пропуштат една епизода на тоа турските и индиски серии.. Барем реприза да дадеа од некој концерт или емисија...
Вчера, во црквата Св. Сава во Белград се одржа миса за помен на Тоше. Жал ми е што не бев во можност да ја гледам емисијата за него, но сигурна сум дека е прекрасна. Во име на проклетиот 16ти... Песнава и изведбава, убиваат! http://www.youtube.com/watch?v=HfsfGWQb ... re=related
Спојлер Поминаа 4 годиниоткако Тоше си замина од овој свет. Сеуште е болно кога ќе се сетиме на тоа, сеуште се чуствува тага во воздухот и сите ние имаме во себе имаме по едно скриено делче за приказната на Тоше: Како вчера да беше се сеќавам на сончевиот мајски ден во Битола. Јас бев само едно девојче а тој беше соседот на братучед ми во интернат и дете што 2 пати сум го видела на телевизија...Прв пат го видов во живо и го запознав, беше посебен дури и тогаш... Секогаш кога ќе те видев сонце ја огреваше просторијата во која се наоѓав. Знаев да ги слушам најгласно твоите песни, без да трепнам да го следам секое твое интервју, искрено да се радувам на секој твој успах, да сум горда од секој твој концерт знаев дека кога ќе те видам ќе се насмеам од срце и некое прекрасно чуство ќе ме обземе додека те слушам како пееш. Но, не знаев дека ќе ме натераш да почуствувам бескрајна празнина, тага и да плачам како дете на истите песни на кои им се радував. Во очиве ми навираат солзи, во душава ме озбема некое неопишливо чуство од празнина и тага, возвишеност сила и гордост. Ги слушам твоите песни и плачам, за мене, за тебе за сите неправди на овој свет. Плачам па добивам сила да направам нешто, за да ми биде подобро, за да му биде подобро на некој. Најдраг наш ангелу, често како и сите што те сакаат и јас се прашувам Зошто?. Не знам дали и уште колку ќе ми биде потребно да најдам оговор кој ќе ми ја смири душава, но едно знам, дека на крајот од денот ќе заспијам со ветување кон Бога дека ќе бидам подобар човек. Ја разбрав твојата порака и само јас си знам колкава ми е душава и што имам во срцево, јас и Господ Бог кој има свои патишта и само тој знае, кој, како, зошто, кога... http://www.youtube.com/watch?v=8Qj9BZC1vQs http://www.youtube.com/watch?v=c0usovjL ... re=related
Се извинувам за погрешното сфаќање Оваа реченица од Кире Костов, од емисијата вчера, ми остана во памет. "Тоше беше голем хуманитарец. Тој ги сакаше сите. Тој таков се роди, било кој друг да биде хуманитарен, нема никогаш да биде Тоше. За него хуманитарноста беше исто што и животот." Навистина, тој беше посебен. Ние можеме многу да научиме од него, но тој се родил со таков карактер, тоа не се учи. Гордост ми е што човек со такви квалитети беше Македонец. Всушност, тој не беше човек, туку многу повеќе над тоа.
Браво за спомен куќата. Мило ми е што и покрај тоа што Тоше не е меѓу нас, допринесува за тоа луѓето низ светот да разберат која е Македонија. Како што викаше тој Еден ден светот ќе чуе за Македонија! Така и ќе биде, почнувајќи од кошаркарите, спомен куќата на Тоше и така натаму. Браво