Тој е разочаран од претходната врска

Дискусија во 'Сингл' започната од Snegul4e, 8 ноември 2010.

  1. Snegul4e

    Snegul4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Многу ми се допаѓа едно момче кое знам дека е разочарано од претходната долга врска и кој јасно кажува дека не е спремен за повторни обврски и нервози. Како да се стигне до неговото срце? Помагајте. :inlove:
     
  2. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Kako da se osvoi masko koe e razocarano od posledn. vrska?

    Единствено би те спасило трпението. Мораш да му докажеш дека тоа што му се случило нема да се повтори и со тебе. Нормално нема секој ден ова да му го повторуваш, туку ќе оставиш времето да му покаже каква личност си ти. Ако е разочаран ништо нема да може да го натера да направи нешто што не сака. Тебе ти останува да чекаш и добро да те послужи трпението :)
     
    На Snegul4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Kako da se osvoi masko koe e razocarano od posledn. vrska?

    Остај му време тоа е најбитно а уште побитно не го напнувај, збилижи се што можеш подобро, биди другарка, нека те запознае вистински, нека ги увиди твоите добри страни, а потоа објасни му дека ти имаш чуства кон него.
    И секако не го замарај воопшто за неговата бивша девојка и врска. Не спомнувај за тоа. Немој да мислиш дека истакнувајки ги негативностите на девојката и на врската ќе имаш успех покажувајки колку си паметна. Само негативни поени ќе имаш ако спомнуваш нешто што боли.
     
    На Anggie и Snegul4e им се допаѓа ова.
  4. Snegul4e

    Snegul4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Kako da se osvoi masko koe e razocarano od posledn. vrska?

    :) blagodaram na sovetot....no problemot e sto skoro i ne se gledame za da mozam da mu dokazam....prijateli sme, a mozebi ne ni znae deka imam simpatii.......
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Тој е разочаран од предходната врска

    Уште поубаво ако сте пријатели, биди похрабра и прави ги првите чекори. Да не биде наметливо, покани го на кафе муабет, на прошетка.За почеток не мора да сте сами, нека има некој со вас, комуницирајте и никако муабет за бившата, ако ти се допаѓа навистина многу, можеш да се потрудиш да дознаеш што му се допаѓа, што би го израдувало и мислам дека со малку трпение успехот нема да изостане. Ти посакувам многу среќа :*
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    389
    Тој е разочаран од предходната врска

    Неможе тој вечно да биде разочаран,ќе го држи некое време и ќе му помине.Но штом сте пријатели тогаш ова време биди покрај него,одете на кафе,дружете се ,разговарајте.Ќе дознаеш многу повеќе за него и тоа можеш да го искористеш во своја полза.Нормално дека ќе му биде време да се опорави малку,но никој несака да биде сам.Се надевам дека ќе успееш да го фатиш поздрав :*
     
    На Snegul4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Тој е разочаран од предходната врска

    Пријателски почни , не му се пуштај одма . Малку да здивне од претходната врска . Биди своја само и имај трпение . :)
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.794
    Тој е разочаран од предходната врска

    Размисли си дали ти треба некој толку разочаран. Моја другарка се фати со еден разочаран од претходната девојка (тој лично ја фатил со друг, го изневерувала со месеци) и после душа и вадеше на другарка ми де „каде си“, „ве знам јас вас женските“... Ужас. Еднаш ми вика таа (пред него) „Ај јави се, ќе се договориме ќе одиме заедно до град“, а тој вика „А-ха, ќе одиш, ќе одиш, надевај се“... Мислам, зошто некоја друга да трпи за тоа што го направила претходната? Сега демек ти треба да го тешиш, да го убедуваш? Кога на машко му се свиѓа девојка, веднаш му поминува и разочарување и се. Најди си некој да ти биде убаво, да уживаш, не да тешиш некој |( . Кога ќе му помине, нека ти се јави :)
     
    На NoNames му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    34
    Тој е разочаран од предходната врска

    Ke ти биде малку потешко да бидеш во врска со него, значи како што рече Лионесс ке биде љубомората на прво место. Штом таа предходната му го правела тоа прво што ке му падне на памет е дека и ти може да бидеш таква па ти ке бидеш жртвата и нонстоп ке те контролира :) ... Прво почни пријателски сонего остави го да те запознае убаво, доколку некогаш стане муабет за неговата бивша давај му убави совети дека го чека подобра инднина и дека кога тогаш ке запознае нова и подобра од таа :). Па после ке дојде време и тој тебе да ти дади совет па ти ке се жалиш и така си иде тоа :) само нема да си дозволиш да знае се за твоето минато (двоен товар занего) значи какво и дае да не ме сватиш погрешто затоа што еден ден ке бидете во врска и ке ти наговара за тоа :) ....
     
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Тој е разочаран од предходната врска

    Драга според мене све зависи колку долго е разочаран од претходната врска и како тоа влиае на него.Се разбира секој разделбата не ја поднесува исто, на некој му треба повеке време да се прибере и да продолжи понатаму, а некој полесно преболува све.Но верувај ако тоа трае предолго и ако неможе да ја преболи бившата подобро би ти било да си продолжиш и ти со потрага на друг дечко бидејки овој би ти донел само главоболка.Среќно!!
     
    На Snegul4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    Тој е разочаран од предходната врска

    јас бев во слична ситуација. дечко ми пред да се фатиме бил во врска со една девојка од друга држава, па после некое време го фатив како си пишуваат со неа и тоа го сфатив како он со мене цело време си ги лечел раните а не му било гајле за мене, после месеци мољакање и плачење од негова страна му опростив затоа што сфатил дека ме сака, али сакам да ти кажам да не те изненади дека ако он е уште заљубен у неа може после некое време да се предомисли и да и прости...јбг такви се машкиве што да им прајме, кога сакаат искрено што и да е простуваат, али сепак зависи од човекот :)
    муабетот ми е-биди спремна на се ;)
     
  12. Snegul4e

    Snegul4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Тој е разочаран од предходната врска

    eve dA pretpostavime deka donekade e oporaven i deka pocnuva da si bara novi zenski za da go zaboravi minatoto....kako da stignam do srceto negovo bez da deluvam napadno ili ocajno..??? prijateli sme, no se gledame samo za vikendi vo kafic kratko, taka da nemame mn moznost za da se zapzonavame.........kazete mi sovet, od vakva distanca, kako na masko mu se vleguva pod koza?????

    ;) :inlove: :$

    [mod-kirilica:3j6gzqj6][/mod-kirilica:3j6gzqj6]
     
  13. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Тој е разочаран од предходната врска

    Snegul4e а од кога има тој раскинато со девојката, дали сеуште контактира со неа, колку долго биле заедно ?
    Зошто јас кога раскинав со дечкото, ми се пушташе цело време еден друг кој сакаше да ја искористи целата моја избезумена ситуација, но сето тоа заврши многу брзо, мислам дека имаше 3-4 средби и крај. А после тоа ми требаше добра забава и релаксација со женско друштво. Сето ова ти го пишав зошто ако дечкото има раскинато сега брзо, а викаш дека идел долго со претходната, можеби ќе му треба период да се излуфтира, а серазбира ти несакаш да бидеш таа со која ќе биде тој период, туку сакаш да бидеш подолго со него.

    поздравче
     
    На Snegul4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    46.673
    Пол:
    Женски
    Тој е разочаран од предходната врска

    бегајте од вакви, од лично искуство кажувам, што подалеку.... најлошо на некој да му бидеш утеха, или по ново rebound girl
     
    На miss.ella и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Женски
    Тој е разочаран од предходната врска

    ако е разочаран нека фати нека си ги излечи прво раните нека си дај време и нека се преиспита самиот а не да си ги лечи раните со мене секој е човечко суштество и според мене никој не заслужува да биде искористен на таков начин јас така би се почуствувала а потоа одмазадата нема да биде неизбежна од моја страна :D секој има право повторно да се заљуби и да почне нова врска но не на цена некој друг да повреди...
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Тој е разочаран од предходната врска

    Па кога ќе видиш сите сме биле на некој разочарани од некоја врска,од некоја љубов но не значи тоа дека треба да се затвориме и да го прекинеме животот.Секој човек различно реагира на нештата,на некој му треба подолго да се справи со поразот,на некој не.

    Јас сум сигурна дека можеби му треба малку време но ако му пристапиш со отворено срце,искрено дека тоа ќе даде ефект.Не значи дека ќе успееш да го освоиш,и да не е разочаран можеби нема да му се допаднеш но пак ќе кажам со искрен пристап ќе откриеш колку има место за тебе во неговото срце.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Тој е разочаран од предходната врска

    Не гледам The Hills страшно дебилни се, ама имаше една реченица која ја запамтив:
    секоја девојка сака да е таа посебната, која ќе го смени машкото, ќе му отвори очи и срце и ќе му покаже еден поинаков свет...

    Е сакаме, ама нема.
    Биди подготвена на фактот дека машките после вакви врски и разочарувања тотално одлепуваат, на памет им е само да надоместат за изгубеното време од врската - мување, кежуал секс, пијанчење, глупирање, и негрижа за нечии чувства.
    Внимавај ти да не си го окркаш, со твоето трпение, грижа и посветеност да бидеш жртвено јагне за неговото издувавање народски кажано.
    Јас не би, не знам зошто.
    Можеби затоа што сум пробала со некој таков истрауматизиран на времето да си играм Бог, и да мислам дека ќе го спасам и сменам, а испадна он мене да ме истрауматизира до трт.

    Најди си сингл дечко, минус ваква фрустрација од претходна врска, кој ќе те цени. ;)
     
    На Lacrimosa, TeddyGrey и julie77 им се допаѓа ова.
  18. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.081
    Тој е разочаран од предходната врска

    Па вака од лично искуство ке ти кажам немој ни да пробуваш зашто и јас идев со дечко кој беше разочаран од претходната и тоа не од една туку две значи идел со првата го заебала па потоа и другата па потоа демек со мене ќе биде подруго ми правеше некои филмчина но срце да ти кажам додека не му помине тоа разочарување немој зашто ти ќе бидеш таа која е повредена. Јас само му послужив за лек додека му помина тоаа потоа си најде друга која не му ги знае тие проблеми и сега со неа си има сериозна врска па дури и слушнав дека и се вериле. А додека беше со мене беше болесно љубоморен значи како да беше опседнат со тоа дека јас ќе го преварам. Значи јас не викам дека и он тебе ке те остави , но доколку си спремна на тоаа дека нема да биде како нормална врска и дека нема да ја има тааа доверба тогаш пробај, но после разочарување мислат дека сите сме исти.....
     
  19. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Тој е разочаран од предходната врска

    јас мислам дека со такво момче ке биде тешко да си во врска е сега нез од што е разочаран ако го изневерила претходната тој ке нема доврба понатаму во тебе и ке биде многу тешко за пак да поцне да верува на женско ,а можеби е уште вљубен во претходната и само ке му служиш за утеха и заборав незнам ама испитај терен прво па после почни нешто за да на крај не испаднеш ти повредена
     
  20. diamonds

    diamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Тој е разочаран од предходната врска

    Se imam najdeno vo potpolno ista situacija i mn se imam zeznato,sto posle ova veke nikogas nema da se posvetam na nekoj koj imal loso minato vo koj bil povreden premnogu od bivsata a za toa jas na kraj da go naplatam mn loso :(,se muvav so eden tip tri pati,ali kontaktiravme mn cesto sekoj den se slusavme si pisuvavme non stop me vikase kaj nego,bukvalno kako da idevme.no vo nasite muabeti se ima spomnato za negovata bivsa devojka koga premnogu go povredila i se gledase deka seuste ja nema preboleno iako odbegnuval kontakti i red dr raboti,se ok se bese na pocetokot se dodeka ne pocna da se vadi deka drugar mu me svigal pa ne idelo da go zeznel ova ona,bukvalno se vadese so nepotrebni stvari iako toj taka narecen drugar ne mu ni bese poveke drugar,poveke bea samo poznanici i nisto poveke,mn pati me zezna se dogovaravme da se vidime i se ama sekogas se vadese so nesto ili voopsto ne krevase telefon,bukvalno me odbegnuvase,potoa celo leto me barase da sme pravele muabet ke dosol u ohrid za mene da sme praele muabet sum mu falela i mn drugi stvari kazani ama kako ne so nekoe mislenje,od koga se vrativ od odmor trebase da pravime muabet ama pak zezna rabota begase bukvalno,mi zborese deka ako bil so mene frki ke mi napravel ne znam ti sto,i posle nekolku meseci on si fati zenska :( ednostavno se sto zborel bilo laga i ne sum mu znacela totalno nisto a toa so bivsata moze mu bilo samo eden moment,bitno sega ima nova zenska i ne se ni grizi dali napravil nesto loso ili ne... zatoa najubavo e voopsto i da ne se zamarate za vakvi maski koi imale dolgi vrski i ednostavno ne znaat sto so sebe,plus i so e najtragicno gledase i po horoskop deka i dvete lavovive sme bile i rabotava isti sme,iako i on e ali ednostavno se fakase za nebitni stvari... se nadevam ke mi dadete eden dobar sovet iako veke prodolziv ponatamu ali seuste sakam da bidam so nego :( ako mi se pruza sansa

    [mod-kirilica:2brp99tg][/mod-kirilica:2brp99tg]