Тој е разочаран од предходната врска ако ептен, ама ептеееееееееен е нешто посебно почекај ,ако не не вреди зошто од такви комплексирани личности не очекувај многу среќа, зошто секогаш дел од него ќе биде резервиран поради лошото искуство ......... и ме интересира колку години имаш ти и тој?
Тој е разочаран од предходната врска Имам искуство на оваа област. И стварно е тешко со таков човек воопшто да се зближиш, камоли нешто повеќе. А ако си бараш љубов, тешко дека ќе ја добиеш од ваква личност. Сепак машките функционираат поинаку од нас, потешко забораваат, им остануваат трајни "лузни". Како што ми викаше тој "скршено ми е срцето" Во смисла дека ќе има некоја понатака и ќе ја сака, али не на тој начин како што ја сакал таа пред да биде повреден од неа. Од една страна мислам дека малку претеруваат таквите, али сепак, секој различно реагира, ни тие не сакаат така ама ете, чувства се чувства. Можеби би се "излечил" ако стварно сака. И не е предходна туку претходна.
Тој е разочаран од предходната врска i jas i on 21 imame se nadevam nekad ke bide nesto,samo dokolku raskine so ovaa so mu e novava
На темава имам цели романи да пишувам Бев другарка со дотичната особа повеќе од година дена, период во кој тој беше заглавен во долга, мачна врска од која виде повеќе мака отколку лезет. Кога врската конечно пукна, тој имаше силни убедувања дека сите женски се исти, дека љубовта не постои, дека никогаш повеќе нема да се впушти во долга врска бидејќи секако ќе излезе повреден. Со оглед на тоа што со истата особа сум цела година во прекрасна, хармонична и среќна врска, би рекла дека и покрај неговото разочарување, доколку се пристапи правилно, со разбирање за сите негови проблеми, работата сепак може да успее Затоа, еден совет до сите кои се нашле во ваква ситуација: на дечкото што ви се свиѓа, а е сеуште разочаран од претходната врска, нема подобар начин да му се приближите отколку да го сослушате, да бидете тука за него и да му понудите искрен другарски совет и прегратка Со самото тоа што сте му помогнале во таков тежок момент ќе станете повредни во неговите очи, со што шансите ви се се поголеми
Мислам дека многу влијае карактерот на дечкото, но ако сепак е доволно загреан и се двоуми само докажи му и убеди го дека си му добра опција. Само, не биди нападна, биди ти..
Јас сум моментално во некоја таква ситуација. Типот е повреден од девојката со која одел долго. Сега не ни комуницираат. Јас и он на таа тема (за бивши) еднаш зборевме, кога ми се довери, и толку. Сега сме блиски пријатели, другари, што чат-пат се муваат. Несакам да сме повеќе од тоа. Нека му помине време. Он знае дека стално може да рачуна на мене, исто и јас можам да се потпрам на него. Ми се допаѓа детето, сеуште не сум го засакала. До душа, чекајте искрена да сум, сакам да сме нешто повеќе, зошто е добро дете и би сакала да стануваме се поблиски и да се роди убава врска и љубов меѓу нас. Но полекааа....сега за сега ок е вака. Нека поминува повеќе време. (инаку, прв пат кога се запознавме, мислел дека сум многу поинаква, зошто бев провокативна, прилично самоуверена и така мислел дека може да ’’ме среди’’ за 1-2 вечери мување...ама се заеба. останавме на дружење неколку месеци после првото запознавање, па тек после се деси бакнеж кон кој јас прва пристапив) Се знаеме 4-5 месеци. Абре другар ми е. Нека ми е другар. Толку. Отом-потом нешто плус. Конфузна сум.