Форумџика на годината

Тој има девојка, а јас се смував со него

Дискусија во 'Сингл' започната од eloves, 15 март 2014.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не гледам причина да имаш грижа на совест. Се вадам од кожа кога ке речат како може некоја да се сплетка со некој во врска. Алоо тој е тој што треба да не се плетка со слободни...не обратно. И како ги жалеле тие девојки дека биле за забава, не јас ги жалам девојките што по секоја цена сакат да го задржат дечкото што ѓи вара и ѓи прават будали....и ги обвинуваат сите како им се криви.

    --------------------------
    Јас еве ке кажам пример со моја другарка. Иде со дечкото 5 години, дознава дека ја вара со некоја девојка цела година...му раскинува. Секој ден кука како не може без него, изгубена е, зависна и се омаловажува дека нема да најде друг. По месец дена као ќе му дала шанса,, типот ја убедува дека згрешил и нема веќе. Искачат вечерта на помирување....некаде кај 2 саат ноќта него пак му ѕвони типката со која се гледа цела година....и глупата пак му се смири. Е сега му даде шанса пак да си е сигурен дека ќе има кај да се враќа кога ќе сака а со другава пошто му кажала дека неќе врска и сака да ужива само кога ќе сакаат.ке си уживат. И после зашто мажите ѓи варале жените...ете затоа што сакаш да го задржиш по секоја цена. Додека има овци ќе има и волна. А девојката и пиша на другарка ми...мене не ми смета да сте заедно и така јас не го сакам за стално....
     
    Последна измена од модератор: 4 септември 2017
    На Trxmx, Alisa22, Jane.Birkin и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Иронично е што се нема на светов знаеш? Значи тебе те болело кога те изневерувале и не ти било океј, ама кога ти си причината за неверство во нечија врска тогаш е во ред и не си ти крива што тој сакал да ја изневери?
    Види душо, еве и да кажеме дека им било монотоно и не ја сака и бла бла зарем не би било во ред според тебе да си побарала прво да прекине па после да се гледате? Ако вашето е навистина љубов тогаш тоа не би требало да биде проблем како што не ти било ни тебе зарем не? Јас да сум на твое место еве кога би дошла во таква ситуација тоа би го направила. Ама ај, биднало веќе. Еве дури и сега, доколку се обиде да те контактира би можела да му кажеш да се одлучи што сака и со која сака да биде, а не и со двете да се гледа. Па според тоа ќе увидиш до кого му е дојдено и дали навистина тоа е тоа.
     
    На Victorian и Benjamins им се допаѓа ова.
  3. Benjamins

    Benjamins Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Иронично е да, освен кога си со мисли како моите и размислуваш од сите можни аспекти.

    Да, тешко ми било, и да, никогаш не сум ја обвинувала девојката со која што ме варал дечкото, туку него...и на крајот, по некое време и преболување, сум ги оправдувала и нив, затоа што премногу размислувам, преемпатична сум, и знам да се ставам во туѓи чевли, и јасно ми е дека можеби во тој период од мој личен развиток во животот, можеби сум правела работи или сум имала страни што на некој начин не му се допаѓале на партнерот, можеби не сум била доволно зрела, можеби сум била пренесигурна во себе, можеби сум била мн љубоморна и сум правела притисок...

    Ете вака се расте и се учи од грешки и се оформува карактер..
    Јас секого можам да оправдам, затоа до ден денес не постои човек ни дечко ни другарка со која што с вртам глава... со сите сум ок. пошто никаде не сум оставилапростор за да не бидам.


    И да, јасно ми е каде е мојата грешка, јасно ми е дека си го искомлицирав и сопствениот и неговиот живот што дозволив ете да се смуваме додека сеуште сме во врска..но на некој начин можеби подсвесно сакав да си докажам себеси каква сум..дали го можам тоа, како ќе се сносам, и дали воопшто толку многу го посакувам тоа.

    Ете се случи,после тоа уште 3,4 кратки средби што повеке се сведуваа на нашите разговори во врска со ова, и конечно нормално сега пресеков и секаков контакт, со оглед на тоа што не ми е целта да го уценам да раскине врска за да биде со мене, туку да размисли што сака, и ако сака да останува таму, да не меконтактира мене за да не продлабочуваме емоции, а ако решил дека едноставно оладен е и сака да заврши со таа врска, секако има време да го напраи тоа.
     
    На soffce, Someday, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Грешка си, вината е во двете страни, без разлика дали станува збор за мажи или за жени.
    Има секакви девојки и секакви мажи, а има и такви напорни и нападни на кои чиниш животно достигнување им е да се сплеткаат со некоја таква или таков.

    А исто енигма ми е зошто при здрав памет некоја знаејќи дека типот е зафатен, упорно би продолжила со пецкање и упикавање.
    И нормално, ако станува збор за лабилен дечко, без пардон ќе оди со некоја. Да не е будала да пропушти "само месо дома дошло" прилика.
    Одамна помина времето кога девојките беа светици, има и такви кои намерно се плеткаат со зафатени, дури и од банални, детски причини. Неизживеаност.

    Според мене, не постои оправдување и за двете страни, без разлика каков бил случајот двете подеднакво носат вина.

    Има и некои такви фрикови кои лажат дека се сингл, а не се. Сепак мислам дека треба да си ептен без контакти за да не можеш да "провалиш" некој таков пациент со помош на неколку кликови или телефонски броеви.
     
    На TheGirl23, Victorian, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Мишела кога некој искрено и вистински сака нема шанса да вара .
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Виновен е исто толку колку што е и онаа која "си ја пробала среќата".
    Зошто свесно да се впуштам во врска со некој кој веќе има врска?
    Ми потребал таков. Мене тоа ми е апсурдно и не можам да заземам нечија страна за да оправдувам нечии постапки.
     
    На TheGirl23, cresa-jagoda, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Можеби она не сака да си ја проба среката туку само забава и зезање .... Тој што го дозволил тој е крив .
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам таа потреба за таква "забава", па дури и со зафатени, мислам...забава може да си тераат и со слободни девојки или момци. Пак не можам да најдам оправдување за ниту една од засегнатите страни. :)
    Не мора да се согласиш со мене, едноставно не гледам поента во таквото свесно впуштање во ќорсокак.
     
    На cresa-jagoda, carangigia, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Во ред , те разбирам што сакаш да кажеш , но еве на пр : Јас идам во Скопје ( провинцијалка) искачам во кафик , ме части некој дечко ми се свига , ми зема број и почнуваме да излегуваме , и после неколку мувања , драпања , сексање и итн. се открива дека типот има женска , долгогодишна врска ... И ? Кој е крив ,? Тој што вара .
    Според некои статистики машките повеке се склони кон изневерување , него жените ....
    И мене Мишела не ми се допага ова , ама секакви има .
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Јустиција, во ваква ера на социјални мрежи и безброј контакти, за рекордно време можеш да дознаеш таква информација, па макар типот се криел и зад седум планини и мориња и бил од не знам каде во земјава.
    Не знам еве, јас никогаш не би си дозволила да легнам со некој кој не го познавам доволно и никогаш не сум си дозволила да останам во "информативен мрак" за типот со кој имам намера да излезам. Јас лично ќе се обвинам и себе си исто така ако потфрлам во тоа (не затоа што сум "расипала" нешто што одамна е расипано, туку затоа што не сум изиграла помудро) затоа што ќе биде моја грешка што сум си дозволила да ми се прошалта низ прсти некој ваков лажливец и да ме врти ко недоветена.
    Типот секако е крив со неговите задни намери, ама и јас за жал имам вина (иако во таков случај спомнав и претходно во минатите постови дека тука вината е од друг аспект), што не сум се распрашала. Пред се за себе и за свое добро.
     
    Последна измена: 4 септември 2017
    На cresa-jagoda и biGirl им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Секогаш туѓото е послатко :angel:

    Виновни се двете страни.
    Може малку повеќе тој/таа што изневерува, ама и другиот што свесно се плетка помеѓу нечија врска е виновен.
    И мене не ми е јасно каква забава е таа, кога знаеш дека човекот е зафатен? :wasntme:
    Сигурно за возбуда и адреналин го прават тоа, друго објаснување нема.

    Има мнооогу слободни луѓе што не сакаат врска, туку само забава, и стварно ми е несфатливо кога некој свесно решава да биде втор.

    Толку многу сакате да бидете резерва на некој?

    Тие што изневеруваат се најголеми кукавици, а изговорот дека им е монотоно во врската е најбедно нешто што можеш да слушнеш.
    Раскини врска, па крши глава со кого сакаш.

    п.с. Доколку некој крие дека е во врска, тогаш другиот не е крив пошто не знае и е излажан (ма да ретки се такви случаи), ама за тие што знаат дека се зафатени и сепак одат со нив нема оправдување.
     
    На TheGirl23, cresa-jagoda, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Точно дека двајцата се криви. Ама ај објасни ми тогаш зашто некоја девојка која знае дека дечкото ја вара не му раскинува. Во случајот таа е втора а не она со која се забавува надвор. Или пак гледа во него инвестиција за подобар живот и по цена и да ја вара е со него ? Не ми е целта никого да одбранам ни па навредам....секако дека е најубаво двајца да се во врска без варање....но реалноста за жал е многу поинаква. И реално многу малце се замарат дали некој некого повредил.
     
    На Nicki_N, Justicija, Momichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    Да, и јас сметам дека девојката која знае дека дечко и ја вара, и не превзема ништо, со него е од навика, од некоја корист или само занес :^).
    Како можеш да сакаш некого, целосно да го прифатиш и да не ти смета дека те вара? Освен ако немаш проблем и со двете во исто време да спие?
    Не зборувам за едно смувување, ама за паралелна врска.
    Пример ако јас го изневерувам долгорочно/последеователно мојот партнер која би била причината дека тој би останал со мене? :| Сигурно не е дека ме сака! Ако ме сака треба да ме прифати таква како што сум и да ги прифати моите чуства на начин на кој му ги сервирам.
    Малку се чудни луѓето ама нивен проблем што сами избираат да бидат лажно среќни, т.е. несреќни.|(
     
    На Justicija и natemila им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    40.682
    Добро бе, до кога ќе се тешите дека ако дечко ви ве вара, курвата е крива?!

    Па ако реално размислите, ако не е она, тогаш друга ќе биде, или трета, или сите три заедно, затоа што ПАРТНЕРОТ ВАШ решил да ја погази сета ваша доверба, заедништво и љубов.
    Ако има карактер и ако ве почитува и 2 посто, и гола да му дојде некоја да му се трља, има да ја стави на место. Ако можат другите, па и вие, зашто не и он?!

    Али добро, мора да се лажете сами себе и да се тешите, за полесно да заспивате покрај него навечер, и да не се гадите додека ве бацува со истата уста со која до вчера ја бацувал неа( а па да правиме муабет за секс ! ), затоа што од денес ете пак ве ,, сака ,, , па ќе му ,, простите ,,.

    А во темине кога некоја феминка го вара партнерот, одма ороспија, ваква - таква, а со тој што варала не се ни спомнува, а и да се спомне он не е ни битен, затоа што он само си правел Бајрам на долниот, и ја користел само за секс. Што е он крив што она лесно му се дала.

    Малце многу двојни аршини.
    Затоа и ве вараат, зато што знаат дека не се криви и дека ако некој ја окрка, тоа ќе биде швалерката, која не е ни битно дали она прва му се пуштила, или па дали уопште знаела дека е швалерка.
    А вие да го изварате него, може бокс или па и куршум да си попиете, и плус и он вас истовремено да ве изневерува...

    Битно, жената е увек крива.:clap:
     
    На Nigredo Odor, sweet-cherry, Trxmx и 10 други им се допаѓа ова.
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    @Mishela bravoo za odgovorite vo temava totalno se soglasuvam so tebe.
    Devojko Alexandra ti i tipov si se zasluzuvate iskreno :)
     
    На Mishela и carangigia им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    20.036
    Не ја потценувајте моќта на љубовта!

    Да, знам колку лигаво звучи ова што го напишав ама порано и јас мислев дека изневерената девојка останува поради корист ама после неколку ептен блиски примери ми стана јасно дека љубовта (или опсесијата) е највиновна за останување во лоша врска. За неа, неспоредливо подобро е да биде со него отколку да биде без него. Ќе ја изневери, она ќе вришти, ќе плаче, ќе му се лути, он ќе ја моли, ќе ја криви “дрољетината“, ќе и ветува дека тоа ќе биде последен пат... Се до наредниот.

    *****
    Конкретно на темава. Паметам дека непосредно по моето зачленување тука имам пишувано дека мажот е крив, дека тој е оној кој ја погазил лојалноста кон својата партнерка додека девојката е слободна да прави што сака. Е ама во меѓувреме дознав што значи огромна, силна љубов каква што мислев дека не постои и повеќе не можам така искулирано да гледам кон оние кои свесно се плеткаат со момци што се во врска. Има еден грд збор кој почнува на к кој ич не го сакам ама се повеќе ми е на врв на јазик да го употребам за тој вид на девојки.
     
    На Someday, Mishela, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Во врска, не брак, во која нема вплетено деца (и заеднички кредити :D) е поедноставно и никој нема ексклузивно право врз другиот. Па и во брак нема ама кога ќе се спомнат мали невини душички (и кредитите) кои ќе страдаат заради изборите на своите родители, не е сеедно. Во врска имаш двајца возрасни кои имаат право да бираат со кого и како ќе го минат животот (или следниот период) и последиците сами ќе си ги сносат. Ништо страшно, емотивна болка, солзи, депресија некој период...ќе се преживее. Life goes on. Период пред брак треба да е за пробување, тестирање, малку драма, малку разочарување, се' е тоа за луѓе, како инаку би го избрале правиот? Така да, никој не (ви) е крив. Пуштете ги и изневерувачот и швалерката на раат, гледајте си за себе и бидете среќни што сте дознале на време и што се случило тоа што се случило а можеш да го завршиш со едно -крај е и не сакам повеќе да те видам. Без судови, без селења со куфери во ноќта, без -кај да одам сега со две деца, без -што со кредитиве и како ќе се делиме?
    Во ваква тема да се напаѓа "швалерката" на дечко ви е знак на вашата слабост, ништо повеќе.
     
    На Dadusicka, Waka-waka, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    @Gosh не извитоперувајте зборови. Јас никаде не реков дека само жената која се пикнала во туѓа врска или брак секогаш е тотален кривец за се. Туку дека вината ја гледам речиси еднакво и во двајцата кои се засегнати.

    Мислам дека одамна помина времето кога ноншалантно и слободно се влегуваше во врска, па секоја би требало пред се заради самата себе да не си дозволи да биде мета на вакви манипулации како што ги спомна Јустиција во хипотетичкиот пример и да внимава со какви луѓе си отвара работа.

    А и доколку некои свесно си се впуштаат во вакви ќорсокаци, тогаш никако не можам да ги гледам како херои и да им честитам за прекрасното дело, без разлика каква е ситуацијата помеѓу оние кои се во врска.
    Не знам, мене тој статус на врска или брак секогаш ми претставувал ментална бариера и воопшто не ме интересира што им се случува во таа врска или квази врска подетално.
    @Momichka и мене не ми се јасни таквите фолиранти, најверојатно е така затоа што не функционирам(е) како нив.
    Храброст е да излезеш од нефункционална врска и штета што за сигурен секс повеќето луѓе би поминале преку сешто.
    Мене таквите ситуации ми се одвратни.
     
    На cresa-jagoda, Momichka, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    На оваа тема не знам од кај да почнам. Имам искуства со пишаното погоре.
    Доколку некоја девојка почне нешто со некое машко, овој лаже дека е сингл, тогаш вината е во машкото. Сум имала ситуација во која тој додека ме возеше во неговото такси ме излапа и кажа дека нема девојка. После имаше лапање уште еднаш додека не го дознав неговиот друг профил и 100 слики со девојка му. Само престанав да му пишувам. Девојка му после разбрала и почна да ме додава на сите социјални мрежи. Дали јас сум виновна во оваа ситуација? НЕ! Само ми беше жал за неа затоа што којзнае со колку и направил како што направи со мене. Како и да е, кармата е кучка, заврши во затвор(facepalm)

    Виновникот е тој и кога слушнам дека некоја му опростила неверство по 100ти пат, не знам дали да плачам или да се смеам:doh: Тој ако има почит спрема девојка му, како што кажа една членка погоре, гола жена да му дојде ќе ја одбие. Сегашниов дечко ја одби бивша му иако таа му понуди дирекно секс. Ако е било се како што треба нема да раскинеле, немало да излегува со мене :)

    Истото се однесува и за жените. Ако дошло до тој степен таа да го лаже и да ја мрда опашката на друга страна значи нешто не штима во врската. Зошто продолжува со врската тогаш ако друго бара кај друг?
     
    На sweet-cherry, marchi-cool, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    40.682
    @Mishela

    Не знам каде виде извртување на зборови, кога никаде не те спомнав тебе и твоето мислење. Само си пишав општо мислење за изневерувањето и кој е крив според мене.:|
     
    На Jane.Birkin и natemila им се допаѓа ова.