Во ред тогаш, затоа што беше во склоп на муабетите од синоќешната дискусија (а и нетагирањето е тренд nowadays па... ), помислив дека можеби се однесува на тоа и затоа пишав така и се дообјаснив во случај да не сум била сфатена погрешно. Како и да е, мојот став е тој кој го изнесов. Неверство би бил еден од најголемите dealbrakers за мене.
Не знам, зошто толку многу комплицирање, па овој бил крив па оној бил крив. Си во врска, нешто не е како што треба во врската, се овидуваш да поправиш, а тоа се одтварува или со дела или пак со отворено зблрување со партнерот /партнерката, пробуваш да поправиш односно заедно пробувате да поправите се што можете во врската два месе или повеќе не успева и раскинувате едноставно и нема потреба од дополнителни компликации со цел да се избегне потрагата по виновникот отпосле. Секој оној што ќе каже не е така едноставно, греши едноставно е ние самите ги комплицираме работите повеќе од потребното.
Не сме ние криви.Машкото знае дека има женска.Он нас не смувува не ние него, ако можеш да се тргнеш океј ако не... Мене еден така ми направи.Ден пред да се лапаме се фатил со една и наредните 2 дена ја вараше со мене.Јас не ни знаев дека постои типката.Случајно се запознавме и уз муабет дозна дека сме се лапале коа иделе..Кринџи ама тоа е.Јас и се извинив надаље беше хаос.
Сакам да поставам прашање на темава но не знам како ќе бидам сфатена бидејќи гледам е баш "опасен терен".. Еден дечко ми се пушта веќе со години, кога ми понуди прв пат да излезам со него немаше девојка беше сингл но јас го одбив тогаш поради тоа што излегував со друг и бев баш зацапана во него не гледав од носот подалеку. Откако го одбив тој си фати девојка и одат веќе 2 години но во тој период и понатаму продолжи да ми пишува и општо да ми дава до знаење дека сака нешто со мене, и еве и понатаму инсистира.. Е сега пошто јас не се гледам со никој дали ќе е во ред ако излезам со него и покрај тоа што има девојка со која патем не ми изгледа како да е којзнае колку силна врска.. Мислам јас ете за него постоев и пред девојката не осеќам дека нешто им расипувам.. Стварно е малце комплицирана ситуација а јас воопшто не оправдувам нити сакам неверства но дечкото почна да ми се допаѓа во погрешно време
Ти никого не изневеруваш, слободно излези, пробај, види, почувствувај, за да не ти биде криво...ако не те бендиса, удри му корпа
Мислам дека не е во ред да искочиш со него колку и да не е силна врската таа сепак трае 2 години како што викаш, сигурно девојката му значи нешто. Нема што да се мешаш и да му враќаш на пораки, можда ќе раскинат во скоро време ако работите меѓу вас стануваат поинтензивни па тогаш прави како што ти одговара.
Па да откако виде дека една не може да ја чува ко капка вода,та и 2 години дури интересен ти е. Јас таквите ги блокирам, а не пак да искачам. Ти како сакаш.
Можеби ти не осеќаш дека нешто расипуваш и си слободна девојка, но факт е дека тој е во врска. Тебе ти се допаѓа но дали сакаш да бидеш на второ место? Размисли си убаво. На крајот некој ќе биде повреден.
Jas mislam deka i tebe taka kje ti napravi. Mene licno ako devojkite taka mk piwuvaat a imaat deckovci, respektot kon niv mi e namalen, ne deka deluvam kako da imam pomala samodovrrbs tuku samo sum realen. Sto sum jas povekje iki pomalce od nego i golemi se sansite i mene taka da.mi napravi.
Што ако ти си сама, кога во неговиот живот има друга и тоа 2 години и како ти процени каква е нивната врска. Да сигурно не е силна врската штом не му седи мирен газот па тебе те бара. Како што ја третира нејзе и тебе така ќе те третира. А и ако толку те сака нека раскине прво со нејзе, па после да почнете средби, а вака не поддржувам. Седи си мирна.
Не си му единствена изневерувачка сигурно.. Еднаш во диско видов еден што сакаше да ме часте пијачка ама ја несакам такви работи и отиде кај други и се излапа за рок од пола саат со две така да уживај ни си му прва ни последна.
Не сфаќај лично, ама јас на твое место ќе се осеќав ептен глупаво да му придавам значение на некој што пред мои очи си игра со туѓи чувства. Самиот тој дел од неговиот карактер би ме спречил да излезам со него. Не знам дали навистина врската им е јака или девојката му значи на него, ама јас мислам да не се мешаш.
Тој покрај тоа што пишува со тебе си пишува и со други па со која се може си зачинува 2год. врска. Многу ги има вакви машки и што е најалармантно повеќето долгогодишни девојки претежно знаат каков им е дечкото. Ако сакаш да си зачин излези слободно. Но ако сакаш нит да пикаш нос кај што не му е место конкретно во нечија врска па и нека била не толку добра 2годишна врска како што велиш ти дека ти делува нивната врска, и ако сакаш да бидеш почитувана и правилно вреднувана почекај нека раскинат па види дали тој откако ќе раскинат ќе биде се уште заинтересиран за тебе.
Јас вака би направила: Ќе му кажам ако толку сака да ме гледа и настојува да имаме нешто, да ѝ раскине на женска му бар.Да не биде кретен и да го вара девојчето.Бидејќи е многу гадна работа тоа.Очигледно е дека на дечкото му значиш.Тебе те сака она му е од корист.Зашто би ти пишувал ако не две години по ред?Сигурно не од ќеф.Разговарај со него, а ти види дали сакаш да имаш нешто со него колку да го искористиш тоа што те бара или бидејќи стварно сакаш да имаш нешто со него. Најискрено ти кажувам не ме сфаќај ништо погрешно.
на крај ќе бидеш изманипулирана. Убаво ќе си поминете и тој ќе се врати кај неа а ти ќе велиш оф леле што си сторив. Ако не сакаш така да се осеќаш немаш потреба да излагаш и да си ставаш здрава нога во трн.
Не се доизјаснив, иначе.. јас не сакам ништо сериозно со него од типот врска, не се гледам едноставно со таков човек во иднина, само физички ме привлекува тоа е тоа.. Можеби ќе беше нешто од почеток со нас уште кога беше сингл и ме бараше но како што реков тогаш се гледав со друг и бев затрескана