'Деколте на изволте' не е неморално, ама да се плеснеш со 'убавите чевли' е морално? И што е всушност 'морално'?
Ти не изневеруваш бидејќи претпоставувам партнерот твој знае. А тоа со женати, јас не би можела, совеста не ми дозволува ако некој е во врска или женет. Тој би ја имал најголемата вина но јас не би сакала да сум дел од тоа.
Нема шо да му ја мислам за тој шо изневерува. У младоста го праев тоа. Ми се пуштаа типци шо имаа девојки. Ако ми беше досадно вечерта, ќе се смував со таквиот, нормално ако ми паднеше на око. Нема шо ја да се секирам што он ја вара девојка му. Ќе се секирам ако мене ме вараат. Јбг карма из а бич, ама ќе се секира таа некоја за мене ако дечко ми ме вара? -Не. Епа ни ја! И онака сум знаела дека само на мување и ќе останеме, не сум очекувала од такви за жена да ме бараат, јер што на мене тоа и на други, а не ''ејј ја вара за да биде со мене, па може ќе ја остави па ќе бидеме заедно''. НЕ!
Не беше тоа кажано во врска со случајов на @MayDiamonds туку во врска со коментарот на @Feminka22 кон @Stark А во овој случај тој дечкото кој има девојка и е 2 години со неа, на кого не му седи мирен газот и сака да изневерува комотно можам да го наречам машка курва, без разлика колку и да е тежок тој збор, некој би го нарекле фраер, ама најголем противник сум на неверства и ми се гади од личностите кои не си ги ценат партнерите со кои се во врска и ги изневеруваат.
си разговарала отворено со некој/а кој/а изневерува? Ти се отворил/а некој/а да ти каже зошто го прави тоа?
Не постои ни една разумна и оправдана причина за неверство. Ако нешто не им чини во врската/бракот нека раскинат/се разведат, а не забивање нож во грб. Со такви личности кои изневеруваат нема што јас да зборувам, да им ги слушам нивните гадости. Да не случајно и треба да ги сожалувам за нешто тие што изневеруваат?
Да беа сите како тебе светов ќе беше многу убаво место за живеење. И јас сум против неверство иако имам изневерено ама не беше ништо озбилно, па затоа си дозволив. А иначе имам испаднато со еден тип што имаше девојка но јас не знаев за тоа, после кога дознав одма го отерав у п.м.
Немам одвишок време во животот да им ги слушам нивните кутри приказни да не случајно нешто паметно слушнам Еве ти прераскажи ми некоја таква приказна, еве ќе одвојам време да ја прочитам.
Ги имам раскажувано на други теми во Брак.. најди ги... Посебно има 2 поста километарски.. Со доста детали..
Жена на жена си е волк, толку! При очи, слепи се прајте! Не туку се пикајте по туѓи врски и бракови. Не е тешко и толку е едноставно.
Негов проблем! Не мора таа да му биде издувен вентил и после дс дојде девојчето и да плаче зошто истиот овај мангуп ја варал неа. Ако таа девојка со која бил две године не му значи ништо, на оваа капа ли ќе и крои? Нека отвораат очи посовреме, после плачки, епа ...
А дали тебе ти има раскажано лично искуство некој/а што бил изневерен/а и како се чувствувал/а? Кога одбиваш да бидеш со човек кој е во врска/брак за емпатија станува збор. Емпатија од едно кон друго човечко битие.
Ами и мене ми е срц, ама да се распашам ко чуек, не да мислам дали ми дошол качен од неа или дали ако ме дознае женска му или жена му, ќе ме соскубе. Добра пара трошам на косава, ниеден к*р не ми е вреден тога